Теста со квас

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Теста со квас

Post by Debora » 16 Oct 2015, 11:21

Пита со квас

1 Шол (240 мл) квас (како на времето што се месел леб кога немало квасец)
1-2 шола брашно (ставете прво 1, па по потреба додавајте од вториот). Количината ќе зависи од конзистенцијата на квасот. Тестото треба да може да се сука.
3 лажици зејтин
2 кафени лажичиња пециво
1/2 кафено лажиче сол
1/2 кафено лажиче сода бикарбона.

Се замесува тестото и се дели на 2 дела. Го расукувате првиот дел и го ставате во плиток сад со дијаметар од отприлика 20-25 см. Се става полнењето (по ваш избор), се расукува втората кора и се става врз полнењето. Се пече на 180 степени, додека не добие златно-кафена боја.
Еднаш пробав полнење со јаболка, малку шеќер и цимет. Вториот пат со блитва, сирење и јајце. Понатаму планирам да експериментирам. (smile)

Зошто квас? Бидејки процесот на ферментација е многу подолг отколку кога се замесува тесто со квасец и тестото е подобро обработено од микро организмите во него и полесно е сварливо, а хранливите материи полесно се апсорбираат во стомакот. Дури мислам дека се работеше за мала италијанска студија, во која луѓе со целијакија јаделе леб подготвен со квас (долго ферментиран) и немале проблем. Ова не значи дека некој со целијакија треба да почне да јаде глутен, бидејки сепак се работи за мала студија, чии резултати тек треба да се потврдат. Само го пишав како илустрација. (smile)
Јас сакав да пробам и пролетта го направив квасот од брашно и вода (некои на почетокот додаваат и малку сув квасец). Го чувам во тегла и го хранам со брашно и вода 2 пати дневно. Овој начин го најдов на google, а мислам дека бабите само оставале дел од старото тесто и го чувале во веќата со брашно до следното месење на леб. (smile)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Теста

Post by Lena_nela » 16 Oct 2015, 15:09

Ке мора да се проба,здравје од понеделник натаму,обавезно ке го правам (thumbup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Леб со квас

Post by Debora » 09 Nov 2015, 12:30

Да си го пишам омилениот леб. Процесот на подготовка е долг, ама резултатот ми е доволно мотивирачки за да го правам редовно. (smile)

Леб со квас, со интегрално брашно


Прва вечер:
Се меша:
120 грама квас
200 грама вода (ова не сум го напишала погрешно, туку и водата ја мерам на дигитална вага)
236 грама интегрално брашно
Се покрива со целофан или садот се става во кесе и се остава да стои преку ноќ на топло (на собна температура)
(на видеото состојките од првиот ден ги мерат со волуменски мерки, ама мене ми се позгодно и тој дел да го претворам во тежински мерки).

Утрото, ден втори:

Во смесата се додава:
274 грама вода
13 грама сол
85 грама ржано брашно
250 грама бело брашно
170 грама брашно од спелта

Се меси околу 10-12 минути. Повторно се става во сад намачкан со маслиново масло, се покрива со целофан и се остава да стои 24 часа во фрижидер. (јас сум го оставала и по 2-3 дена и дури и повеќе ми се допаѓаше.

Трети ден:

Се обликува тестото во округла форма и се остава на собна температура за повторно двојно да нарасне. На видеото (вториот дел) можете да видите како човекот го обликува и става во корпа. Јас немам таква корпа за леб, па користам пластична цедалка, ја прекривам со крпа, ја попрскувам со брашно, па го ставам тестото.
Кога ќе стаса најдобро е да пече прво 30 минути на 250 степени во покриен сад. (Јас од пазар купив керамичка неглазирана тава со капак) По 30 минути се допекува уште десетина минути со изваден капак, на 230 степени.

Еве го видеото: (smile)

Прв дел:

phpBB [video]


Втор дел:

phpBB [video]

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”