Подготовка на меса

Moderator: Модератори

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Подготовка на меса

Post by sunshine_2012 » 12 Dec 2012, 23:45

Sashka wrote:Еве и од мене еден рецепт за селско месо,ги има еден куп рецепти,ама мене овоа ми е некако најубаво и не толку комплицирано (smile)

Селско месо

800 грама свински бифтек (не мора да е бифтек а и количината не мора да е таа нели (smile) )
4 главици кромид (поголемки)
1 кутија свежи шампињони
4-5 пиперки (може и повеќе)
50 мл бело вино
2-3 лажици кисела павлака
1 мала лажичка сенф
80 гр брашно
малку путер, кашкавал, говедска супа или вода, масло, вегета, сол

Месото се сече на коцки и се динста во вода со масло и сол, во покриено тенџерче,па кога месото ќе

биде омекнато, се трга капакот и се остава водата да изврие,т.е. месото малку да се пропржи.
Шампињоните се чистат,сецкаат и се пржат со вегета (јас при крај обавезно им додавам бибер).
Се пржат исецканиот кромид и пиперките,убаво да омекнат.Им се додава месото и печурките.Се промешува и се трга од оган. Ова се става во земјена тава.Во тавата се додава сенфот, павлаката,виното,се меша и се прелива со сос приготвен на следниот начин: на 40-тина грама масло се пропржува 80 гр брашно, па се надолива со вода или говедска супа. Да не ве зачуди изгледот,ако е мн густо,додадете од супата. Откога ке се прелие со сосот,се става малку путер и се пече во незагреана рерна(заради земјената тава нели (smile) ). Кога ќе биде готово(значи да нема премногу течност а ќе си фати убава боја) се вади од рерна и се ренда кашкавал.
Sashka fala za receptot, eve bas sega go pravev i vo rerna e mislam deka ke bide mnogu vkusno :), da gi pocastam amerikancive so dobra i vkusna hrana :)
pozdravce

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by belomorka » 28 Jul 2013, 12:03

не е баш брз рецептов ама ке го напишам:
Свински мускул.
обично купувам некаде околу 800-900 грама свински мускул, ама им викам во веро да ми го ицчистат и да ми го исецкаат на отприлика прачиња од 4-5 сантима - коцки.
во тава ( со поклопец прозирен, ставам сецкан кромид на покрупно, морков и некогаш и печурки а и немора. сето тоа го запржувам и го додавам месото и тоа го запржувам, откако ке се запрзи малку немора ни боја да добие ставам, ловоров лист и две чаши вода го ставам шпоретот на 5 и го оставам да се динста или вари се исто. отприлика го оставам еден саат , потоа го зачинувам со сол вегета и бибер и го претурам во земјена тава му ставам уште вода да се покрие месото скроз и го покривам со фолија, во рерна го уклучувам на 200 и го оставам едно саат време потоа го проверувам, обично месото се распаѓа ако сметате дека не е доволно меко може уште малку да го вратите назат. откако ке омекне скроз бидејки софтот е многу течен во едно шолјиче ставам една лаќица сенф и мало лажиче брашно со малку вода го промешувам и го истурам во тавата, ке ја промешам увабо и ја оставам во рерна но ја исклучувам.
многу е вкусно. добар апетит.

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by sunshine_2012 » 28 Jul 2013, 15:11

Belomorka ke go probam opvoj recept, veruvam deka e vkusno (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Праз со месо

Post by Debora » 23 Jan 2016, 15:40

Радост wrote: Месото се пржи ( може и ребра може и чиста кртина), само со сол и бибер. Се трга настрана во тањир.
Празот се пржи во зејтинот од месото постојано мешајќи, додека не добие потемна златна боја. Се посолува му се става бибер и пола филџан вода. Се става капак и суви надробени пиперки, па се остава на скроз тивок оган додека не испари водата.
Се става месото внатре и се меша додека не добиеш густина по твоја желба.
Од Радост рецептот да не ни се загуби. (smile)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”