Салати

Moderator: Модератори

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Салати

Post by Nespretna » 23 Jun 2012, 17:24

Лејла јас оваа салата ја знам како жетварска... Ама навистина многу освежива во жештините...

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 24 Jun 2012, 09:43

Да, да, сум чула и така да ја викаат.
Многу ме бендиса салатата со младо кромитче погоре, мора да ја пробам, ама ќе остане за другата пролет (smile)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 24 Jun 2012, 09:53

Редена салата

Состојки:
4-5 варени јајца
3-4 печени (варени) компири
морков
кисели краставички
сирење
мајонез (по желба)
сол, црн пипер, зејтин, оцет

Се ренда еден ред печен (варен) компир, па еден ред рендано јајце, потоа рендан морков (ако го имате, ако не може и без него). Потоа се зачинува со сол, црн пипер, зејтин и оцет (ставајте повеќе зејтин инаку ќе остане сува салатата). Потоа пак се ренда по истиот редослед и се зачинува на истиот начин, се додека не се потрошат состојките.На крај се рендаат киселите краставички (може и да се исецкаат, полесно е).Јас практикувам да го завршам редењето со ред рендан компир, да зачинам пак како погоре, а потоа да го нарендам и сирењето. На крај може да се премачка со мајонез, но во овие жештини подобро е без него. Мајонезот е добра опција во зима.

Може да помине рецептот и без кисели каставички и морков, вкусна е салатата и само со компир и јајца. Често ја правам како оброк, за вечера

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 25 Jun 2012, 10:56

Hahah Лејла супер е рецептата. Баш ќе ја пробам да видам...Мн вкусни салати имате пишано, инаку оваа реденава ептеннн ја сакам само во мојата рецепта нема морковче, а зошто па да не баш фино и со него.И нема оцет. Јас наместо компири почнав да ставам некои мали макарончиња, бидејќи како што знам компирот после некој период пуштал отрови, а обично од оваа салата правам поголема количина (да ИМА (laugh1) ) и да не стои со компири. Пробајте и вака одлично е!!Ммммм како ми се пријаде сега од салатава кој не направи денеска.... (thumbsup)

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 25 Jun 2012, 11:00

И нема во мојата зејтин, ама јас на секој ред ставам мајонез по малку и е сочна (unsure) !!Имам ред макарончиња,па мајонез па јајце, па сиренце кисели краставички и саламка.(рендани). Мислам дека тоа е во мојот рецепт и меѓу секој ред или секој втор мајонез. Знам дека не е убаво мајонез ама јас го обожавам ................што да правам :ymblushing:

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 25 Jun 2012, 14:32

Море и јас сакам мајонез ама летно време го избегнувам, па нели сакам да ослабам, де... А инаку ја правам салатава само за еднаш, не стои, па така нема опасност од отрови од компирот. И сигурно е вкусно со мајонез на секој ред, ама пустиот многу е калоричен, и баш пробај ја сега со зејтин да видиш дали ќе ти се допадне. А оцет според мојов рецепт се става многу малку, чисто за вкус се попрскува, да не е многу кисело.
Ќе пробам со макарони, убаво звучи

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Салати

Post by Marina » 25 Jun 2012, 15:10

Мхмхм ми се пријаде,па салатава е уствари руска салата само состојките што се редени не мешани,од кај една другарка ја знам ваква стварно е многу вкусна (drool) (drool) (drool)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 25 Jun 2012, 15:38

Не е иста, во руската има и шунка и кашкавал плус, така барем јас ја знам, и плус состојките се насецкани на коцкички, а овде се рендаат - и оваа редената ја бидува и само со јајца и компири, така е и најлесна за правење (smile)

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Салати

Post by Marina » 25 Jun 2012, 16:22

Даа заборавив скроз на тие две многу важни состојки (laugh1) а се си рендам,полесно ми е така,а моите сецкаат на многу ситни коцкички ,и така е вкусно ама многу напорно (ако сам сечкаш (tumbdown) )

А еве еден многу лесен сос за зелена салата ако ви е здосадено само од зејтин и оцет: се мешаат павлака,зејтин,сол,бибер и сецкан лук(може и сушен) и малку магдонос,смесата да биде не толку густа,зависи колку салата имате,и пред сервирање се става салатата па се меша,така убаво ќе се распореди сосот,превкусно е вака (drool)

Ај и уште еден сега што ми текна,ситно сецкан кромид,зејтин,оцет,пола лажичка сенф,една лажичка шеќер,по вкус се пробува што да се додаде,слатко-кисел вкус треба да има,кај ми текна сега лјелјеее,мора утре да се направи

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 25 Jun 2012, 16:22

Епа Лејла така и најдобро да си ја правиш и одма да се јаде. Ама јас дека ја сакам и си правам да си имам за повеќе денови (laugh1) еа оди па ослаби хахаха!!!
Баш ќе пробам со оцет, мн ме бендисуваат киселки работи и секогаш салатаа-која и да е ја правам доста кисела- сигурно ќе ми се допаѓа (smile)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”