Салати

Moderator: Модератори

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 25 Jun 2012, 16:33

Овој вториов прелив Марина исто е за зелена салата? Нјам нјам колку вкусно звучи, може да го пробам, многу сакам кромитче, а и лукче, ама не користам (и за жал не јадам) заради мм, не го поднесува (rolll)
Ај напишете уште некоја лесна салата за во лето ако знаете рецепт (smile) Маринелче, имаш нешто?

pepelaska
Нов член
Нов член
Мислења: 49
Придружен: 06 May 2012, 14:59
Им се допаднал: 1 time

Re: Салати

Post by pepelaska » 25 Jun 2012, 17:49

еве една и од мене јас редовно си ја правам за слави родендени па и за секој ден,
краставици свежи сецкани на ситни коцки,салама посебна може и по желба ама со неа највкусно ми излегува и таа сецкана,потоа се додава урда,2 павлаки зависи од количината на салатата и 1 до2 лажици мајонез се ова се меша и се јаде (smile) сол по потреба а лукче по желба.

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 25 Jun 2012, 18:25

Лејла баш потсети сега на една салатка така свежа како за лето.
Кисели краставички сецкани на коцкици, пченка од конзерва, копар, павлака, малку мајонез и сол. Незнам точна количина како иде ама мислам и дека не е мн важно, може по осет што како сакаш. Мн е вкусна и свежичка.
Имам и една мнооогуу вкусна, нешто беше со цвекло. Не ја знам како беше сега ама ќе ја прашам сестра ми и ќе ви ја пишам. Сигурно мн ќе ви се допадне.Ќе ви пишаш попосле (rad)
Прави домакинки сме значи, нема што (laugh1) (kup)

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Салати

Post by Nespretna » 25 Jun 2012, 19:38

Сега ми текна на една салата што зиме лете ја правев, ама сум ја заборавила, сега ми текна...
Гостите ја обожаваат, посебно е убава за оние што не јадат мајонез.
Количините се отприлика :)

Рендана краставица, рендана шунка (може некоја поевтина), рендано сирење и павлака.
Краставицата оставете ја малку за да ја пушти водата. Зимоска ја правам и со кисели краставички, супер е. По желба може да се додаде лук, а по вкус сол и други зачини.

Многу брза и вкусна салата, со кифличи за слави и родендени како оди само да знаете... мммм

Добар апетит!

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 25 Jun 2012, 19:52

Неспретна па ова нели е фракцуска???На мајка ми оваа и е главна салата за секоја прослава (smile) , неможам да замислам некоја пригода без неа хахаха!!!Како ли не ми текна на неа доо сега!!!Јас секогаш ја правам со свежа краставичка и ги сецкам шунката и краставичката на коцкички. во зимо е поскапа ама.....Салатичево е закон!!!!Свежа лепота!!!
мојава што ви ја кажував со цвекло содржи пилешко месо ( рецептот е со бело ама мн е повкусно и посочно да биде и од друг дел од пиле, батаци или било што), цвекло до тегла, павлака и малку мајонез, и сол.Мевцето се вари и се ситни со раце.
Дозата пак не ја знам, ама може мислам по вкус да се додава. Мн е вкусна ама е малку потешка за праење. За разлика од фракцускава што е мн брза. Добри речепти пишавме, ќе се најдат!!! (smile)

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Салати

Post by Nespretna » 25 Jun 2012, 23:49

Руска, француска, веќе крајот не им го знам :) Како и да е, сепак вреди да се проба (кој ја нема пробано)

А за зимоска, пишав јас, ставам кисели краставички, кои обично сите ги имаме во изобилство, па и така не излегува многу скапа. Ама со свежа краставица го има вистинскиот шмек.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 26 Jun 2012, 09:58

Денес ќе пробам некоја од салатите што ги наведовте, само се мислам која, дали француската или таа со пченката на Маринела...уште сега сум гладна (smile)

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Салати

Post by marinela999 » 26 Jun 2012, 10:43

Неспретна и тоа што викаш, кој како си ја вика (rad) !!!Лејла ..па која сакаш ама јас прво би ја пробала оваа што мене ми е француска....и таа другата е супер...како осакаш незнам и јас сум гладнааа и се ми се јаде хахаха!!!Море јас оваа редената калоричната како ми се јаде....јас денеска може таа да ја сплескам (rolll)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 26 Jun 2012, 13:45

Француската салата со свежа краставица е закон (rad) (rad) (rad) фала ви девојки (rad) (rad) (rad) Тоа ќе си ручаме во комбинација со пржени тиквички и јајце на око. Одам да јадам (drool)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Салати

Post by Lejla7 » 26 Jun 2012, 14:19

Ептен некалорична излезе ова мојава комбинација (rolll) (rolll) (rolll) туку за среќа изедов само две лажици салата, неколку пржени тиквички, едно јајце, домат (да не кажам френка) и 1/2 тенко парче леб. Многу вкусно. Утре може да се проба и другата салата, ако не ме мрзи (smile)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”