Теста
Moderator: Модератори
-
- Редовен член
- Мислења: 264
- Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
- Му се допанале: 107 пати
- Им се допаднал: 22 пати
Re: Теста
Post by Herra » 12 Dec 2011, 14:06
Проја со сирење
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 грама Сирење
250 грама Пченкарно брашно
1 кесичка Прашак за печиво
200 милилитри Млеко
200 милилитри Масло
200 милилитри Газирана вода
250 грама Брашно
4 Јајца
ПОДГОТОВКА:
Јајцата се матат и се соединуваат со сирењето. Се додава зејтин, млеко, кисела вода, прашак за печење и брашно. Ако е потребно се посолува и се замесува тесто. Ако смесата е ретка се додава малку пченкарно брашно.
Се пече во загреана рерна, на повисока температура. Кога ќе порумени, се вади од рерна и се служи топла.

Post by Herra » 12 Dec 2011, 15:56
КИФЛИЧКИ (cl) Време за подготовка: 25 мин. Време за готвење: 15 мин.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажичка Шеќер
1 лажица Сол
500 мл Млеко
50 гр Маргарин
1 Квасец
1 кг Брашно
1 Јајце
ПОДГОТОВКА:
Квасецот издробете го во шолја, додајте шеќер и 200 мл. млако млеко. Измешајте и оставете да стасува.
Брашното истурете го во поголем сад, направете вдлабнатина па додајте сол, маргарин, јајце и стасаниот квасец па со млакото млеко замесете меко и мазно тесто. Обликувајте и оставете половина час да стасува, тестото да го удвои волуменот. Поделете го на два дела. Еден дел од тестото расукајте го на работната површина наросена со брашно, намачкајте со масло и исечете триаголници. Секој триаголник завиткајте го го да добиете кифличка. Истото направете го и со вториот дел од тестото.
Кифличките наредете ги на намрсена тава, секоја намачкајте ја со изматено јајце (по желба може да наросите сусам) и ставете во рерна загреана на 200 степени. Печете 15 минути.
Кифличките можете да ги полните со солен и сладок фил.

- Домашен член
- Мислења: 612
- Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
- Му се допанале: 18 пати
- Им се допаднал: 33 пати
Re: Теста
Post by Bela » 11 Feb 2012, 00:28
КИФЛИЧКИ СО ЈОГУРТ
Потребни состојки
250 гр. јогурт
1 квасец( да стаса во топла вода и 1 лажица шеќер)
2 жолчки
2 белки
1 лажица сол
1 филџан масло
2-3 пакетчиња сусам
Се замесува тесто и се остава да порасне дупло, а потоа се прават топчиња и се потопуваат во белките кои претходно ги матиме со рачна маталка, а потоа топчињата се валаат во сусам.
А може и вака се сучи кора во дебелина од еден прст и се сечат форми какви што сакате( јас ги сечам со мала чаша) и потоа исто како што напишав прво во белка само од едната страна и потоа во сусам.
Се печат во загреана рерна на 200 степени 15 мин.
Многу се вкусни (rad)

- Мислења: 759
- Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
- Му се допанале: 83 пати
- Им се допаднал: 169 пати
Re: Теста
Post by happy cumulus » 11 Feb 2012, 05:20
Бела, фала многу за рецептата. Ама уште да ми кажеше колку брашно да ставам, па утре може и да замесам кифлички (smile).
-
- Домашен член
- Мислења: 612
- Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
- Му се допанале: 18 пати
- Им се допаднал: 33 пати
Re: Теста
Post by Bela » 11 Feb 2012, 16:39
Ете гледаш како сум заборавила за најбитното да напишам (rolll) , фала Хапукумулус што ме потсети, бидејќи во рецептата не пишува колку брашно па и затоа сум заборавила да напишам, инаку брашно се става по потреба за да се измеси убаво тестото а да не биде јако, готово е кога нема да ти се лепи тестото на рацете.
-
- Домашен член
- Мислења: 630
- Придружен: 17 May 2011, 21:34
- Location: USA
- Му се допанале: 5 пати
- Им се допаднал: 42 пати
Re: Теста
Post by Happy_Mommy » 13 Mar 2012, 21:10
Пица ролат
1 Шекер лажичка/ки
10 грама Сусам
1 лажица/ци Сол
100 грама Сирење
300 милилитри Млеко
50 милилитри Масло
100 грама Кулен
100 грама Кисела павлака
1 мала лажица ким
100 грама Кечап
10 Квасец
500 грама Брашно
1 Јајца/це
Во млакото млеко додадете го шеќерот и квасецот, добро измешајте и оставете квасецот убаво да се надигне.
Потоа, замесете тесто од брашното, солта, подготвениот кавсец, маслото и јајцата.
Добро замесете и оставете да отсоти околу 1 час.
Потоа, тестото премесете го на работната површина.
Поделете го на два дела.
И двата дела расукајте ги, премачкајте ги со разматена павлака и кечап, одозгора наредете ги парчињата кулен, а потоа сирењето.
Ивиците малку преклопете ги, па заролајте ролати.
Со остар нож засечете ги ролатите и ставете ги во плех за печење.
Премачкајте ги со изматено јајце, посипете со сусам или ким и ставете ги во загреана рерна да се печат на 200 степени, додека убаво не поруменат.
Почекајте да се оладат, исечете ги на парчиња, па послужете.
Odlicen e (drool) (drool) Dobar apetit!!!

Post by happy cumulus » 23 Mar 2012, 04:14
Солен Куглоф
Потребни продукти:
1 филџан вода
1/3 филџан масло
1/3 филџан маслиново масло
3 јајца
1 прашок за пециво
2 филџани рендан кашкавал
2 моркови средна големина (здробени)
1 тиквица (излупена, здробена)
1-2 пиперки по вкус (здробени)
Аспарагус (опција, а не мора) (smile)
1 3/4 филџани царевично брашно
1/4 пченкарно брашно
1 Куглоф подмачкан со путер или со зејтин! (smile) (тоа е тој садот со дупка на средина!)
Начин на припрема:
Вклучи рерната да се загрева на 200 степени Ц.
Подзапржи ги прво сите зеленчуци заедно, дур не се омекнати. Стави малку сол, црн пипер, ореган, сув босилек.
Размати јајцата, стави вода, зејтини, царевичното брашно, пченичното брашно, прашокот за пециво и измешај се убаво. Смесата не треба да е многу густа. Откако убаво е измешано, додај кашкавалот и зеленчуците. Измешај пак се заедно и стави смесата во кугловот. Стави во претходно загреаната рерна и печи околу 50ина минути.
Бон Апетит!
Кој си е мераклија на сувомесно, може да си додаде и нешто такво. Или други 1000 модификации се оправдани:)

- Мислења: 643
- Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
- Location: Giessen,Germany
- Му се допанале: 2 пати
- Им се допаднал: 20 пати
Re: Теста
Post by Marina » 30 Mar 2012, 22:38
Пита со солена риба
3 големи главици кромид
1 кгр патлиџан
1 китка магдонос
200 гр. солена риба (сардели) исецкана на мали парчиња – 1-2 цм
сол , бибер
Зајре : Се пржи убаво кромидот , се додава патлиџанот излупен и исецкан, и на крај магдоносот. За време на пржењето се додава маслиново масло. Убаво се пржи да испари течноста . Се остава да се олади.
Тесто : 1 кгр брашно , 1/3 квасец ,2 лажички сол , млака вода (околу 500 мл, да не биде многу суво) Се меси тесто и се остава 20 мин . Се прават 15 топчиња се расукуваат колку тацна се мачкаат со растопен маргарин - 8 (за долната кора ) и 7 (за горната кора). Врз секое се мачка маргарин освен на последното. Се ставаат околу 10 мин во фрижидер. Се расукува прво долната кора се става на подмачкан плех, се реди зајрето и после од солената риба рамномерно се нанесува врз зајрето. Се сука втората кора поголема и се реди внимателно и се гужва врз зајрето . Се пече околу 40 мин на 200 степени.
Бидејќи многу мразам да лупав патлиџан следниот пат ќе земам готови пасирани патлиџани,па ќе кажам дали и така функционира (thumbup) Сарделите се продаваат мислам во тегли,ако има коски да се исчистат и исечат на мали парчиња. И рибата се пропржува малку,колку да се исуши,да не биде многу влажна,инаку нема да искочи убаво питата

Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива