Кетеринг услуги

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Кетеринг услуги

Post by Peperutka » 12 Nov 2010, 13:56

Што мислите за нив и дали би ангажирале?
Познавам многу луѓе што за слави,свадби,веридби и сл.,ангажираат фирма која се ќе им спреми,зготви и намести.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Кетеринг услуги

Post by Debora » 12 Nov 2010, 14:59

Не сум правела и тешко дека ќе правам толкави собири, ама немам ништо против некој да се погрижи околу тие работи. Баш напротив, тоа многу би ми се допаднало. (smile)

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Кетеринг услуги

Post by Lady D » 12 Nov 2010, 20:23

Мене ми се допаѓа убаво декорирана храна и трпеза, но мене многу ме бидува за такви работи, така да секогаш сама си декорирам, со помош на мајка ми, таа е експертот од неа учам :) Инаку немам ништо против за кетеринг услуги.

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Кетеринг услуги

Post by Ana.I » 12 Nov 2010, 21:40

jas bi angazirala koga bi imala moznost,doagaat,ti nosat se,serviraat prekrasno,dekoracii-boli glava,prekrasno.
I sami so majka mi i svekrvami znaeme da dekorirame i namestime ubavo,no sepak potrebno e i vreme i volja

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Кетеринг услуги

Post by Kjara » 13 Nov 2010, 01:01

Јас за свадбата имав кетеринг дома. Дојдоа од Ресторан Галеб и сум презадоволна. Значи имаше буквално се. Си дојдоа , донесоа чаршави, чаши,пепелници, салфетки па дури и лед :grin: Си наместија се , дојдоа гостите а они дојдоа др ден ( така се договоривме , можеше и истиот ако сакавме) собраа нечисти тањири , чаши и си отидоа. Стварно е супер.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Кетеринг услуги

Post by Peperutka » 13 Nov 2010, 09:50

Ако стиош добро финансиски можеш да си дозволиш кетеринг услуга,зошто да не.Особено за свадба!Една моја пријателка за свадбата имаше кетеринг услуга,спремањето и декорирањето на храната е нивно а и декорацијата на домот леле таа беше посебна-незаборавна!Целата церемонија беше на светско ниво,едноставно прекрасна!

Одговори

Return to “Разно за домот”