Совети за кујната и домаќинството

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 16:02

Тука можеме да си даваме совети за во кујната и домаќинството како би ни олеснала работата.
Еве јас ќе почнам:
* Свеж лук

Лукот не го чувајте во фрижидер. За да спречите да из'рти, разделете го на чешниња, ставете ги во стаклен сад и покријте ги со крупна сол.

* Блескава машина за миење садови

Загрејте една чаша бел оцет и ставете ја во садот за детергент, потоа вклучете ја машината на празно. Ако е потребно, по неколку дена повторете ја постапкта.

* Остри ножеви

Ножевите можете слободно да ги миете во топла вода, но не и во врела, бидејќи тогаш острилото многу побрзо ќе отапе.

* Дамки од фломастер

Парченце вата натопете во млеко и со него преминете преку дамките на маицата или на друга облека. А потоа посипете со ситна сол, нежно протријте и дамката ќе исчезне.

* Рамка од прашина

За да не остне на ѕидот неубава рамка од прашина кога ја преместувате сликата, на опачината од сликата, на сите четири агли налепете парченца плута, така што сликата да остане малку оддалечена од ѕидот.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 16:04

* Ако месото кое го приготвувате не омекнува, во сосот додадете малку сода бикарбона и веднаш ќе забележите голема разлика.

*Ако не го сакате јакиот мирис на морската риба, тогаш кога ќе ја подготвувате, отстранете ја тенката кожичка од неа и рибата од внатрешната страна протријте ја со сол и оцет или сок од лимон.

*Ако супата е премногу солена, ставете излупен жив компир и варете уште 15-тина минути.

* Ако сте гризнале многу лута пиперка не пијте вода, затоа што на тој начин само ќе го засилите дејството на лутината. Подобро е на јазикот да ставите малку сол, која ќе ја ублажи лутината.

* На сите јадења кои ги подготвувате од мелено месо додајте малку лимонов сок и ќе бидат многу повкусни.

*Ако сирењето станало тврдо и суво не мора веднаш да го фрлите. Ставете го во млеко неколку часови и повторно ќе ја врати својата свежина.

*Ако немате прашок за печиво, земете рум. 3-4 лажици рум на тестото ќе делуваат исто како прашокот.

* Ако супата ви изгледа премасна, ставете едно парче стар леб кој ќе ја собере маснотијата. Истото можете да го изведете и со ладна супена лажица, која ако ја ставите во супата ќе ја собере околу себе маснотијата.

* Ако сакате сувото грозје да не ви пропадне во долниот дел на колачот, туку да биде рамномерно распоредено, тогаш пред да го ставите извалкајте го во брашно.

* Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи, а вам ви треба цврст шлаг, тогаш пред да го вклучите миксерот, ставете малку сок од лимон. ●

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 16:05

*Плочите од електричниот шпорет секогаш треба да се чистат со средство за хромирани предмети,а може да употребите и вата натопена во оцет или чист алкохол.

*Најприродно внатрешниот дел од фрижидерот ќе го исчистите со крпа натопена во оцет.

*Чашите кои редовно ги употребувате и ако се мијат во машината за садови,на нив остануваат бели дамки поради тврдата вода.Затоа одвреме навреме чашите треба да се измијат со топла вода во која се додава малку оцет,а потоа се плакнат со ладна вода и одма се бришат.

Чашите и другите стаклени садови,кристалното стакло или керамиката која долго не сте ја употребувале,бараат повторно миење за да бидат сјајни.Најпрвин се оставаат некое време во жешка вода а потоа се мијат со топла вода во која сте додале неколку лажици сода бикарбона и вообичаената количина на детергент.Потоа се мијат и се бришат.

Чашите и стаклените садови освежете ги така што 15 минути ги оставате во ладна вода во која сте додале излупен компир исечен на плочки и неколку лажици оцет.По ова се мијат и се бришат со крпа.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 16:06

1 Белките од јајцата би требало секогаш да се на собна температура пред да ги матите.

2 Варениот ориз има три пати поголем волумен од несварениот, додека сварениот грав има 2,5 пати поголем волумен.

3 Доколку сте во можност, загејте ги малку чиниите. На тој начин, храната подолго ќе остане топла кога ќе се послужи.

4 Ако сте пржеле храна во масло за јадење, по пржењето ставете ја на салфетки за да се впие маснотијата.

5 Пилешкото месо, за да омекне, се маринира во кисела павлака, а црвеното месо во вино.

6 За да го ублажите мирисот и вкусот на лукот, најпрвин пропржете го, па додадете го на јадењето.

7 Смрзнато месо е подбро да го оставите да се одледи во фрижидер преку ноќ, отколку на работната површина полна со бактерии.

8 Додадете малку лимон во водата во која варите артичок, за да ја задржи својата природна боја.

9 Старата салата никако не ја мешајте со новата. Подобро пропржете ја со маслиново масло и лук. На тој начин ќе добиете убав прилог кон јадењето.

10 Еден начин да го сочувате вкусот на свежите зачини е да ги пропржите со путер и потоа смесата ставете ја во фрижидер. Може да ја користите со морски плодови, пилешко месо или убаво запечено лепче.

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Lady D » 17 Jan 2011, 16:30

Супер совети (thumbsup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Debora » 17 Jan 2011, 17:14

Фала (thumbsup)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 19:25

Шеќер за повкусен морков
Можеби изгледа чудно да се додаде шеќер во зеленчук, но ова е вообичаен начин на приготвување моркови во Франција. Технички терминот за ова јадење се нарекува Виши Керотс во кој се комбинираат морков, сол, бибер, шеќер и Виши вода. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, го глазира и омекнува, па резултатот е одлично приготвено јадење.
Кафе и сол
Додадете малку сол во кафето и ќе ја зголемите неговата арома. Овој трик е вообичаено практичен за сите јадења, вклучувајќи ги и слатките десерти. Само малку сол е доволно за да приготвите одлично турско кафе.
Месо и семе од анасон
Кога динстате месо, додадете семе од анасон - нема да го почувствувате семето, но тоа ќе го збогати вкусот на месото. Овој трик го користи во сите јадења со месо Хестон Блументал сопственик на Фет Дак - ресторанот кој 3 години по ред е прогласен за најдобар во светот.

Како да го искористите бајатиот леб

Честопати ни останува леб на кој не знаеме што да му правиме. А срцето не ни дава да го фрлиме. Затоа, ако веќе не сте нашле некој на кого ќе му го подарите има неколку начини како да го искористите.


ОД БАЈАТ – ТАЗЕ ЛЕБ

Го потопувате целиот леб во вода и потоа го печете на 370°С околу 12 минути. Ќе се изненадите од резултатот.

ЛЕБНИ КОЦКИ

Промешајте ги во блендер заедно со некаков зачин и чувајте ги во херметички затворен сад во фрижидер.

ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА

Пропржете коцки од стар леб во многу путер и/или маслиново масло и на крајот додадете малку пармезан. Фантастично мезе.

СУПА ОД ЛЕБ

Искористете го бајатиот леб за им дадете густина на супите, кашите или сосовите.

САЛАТА СО ЛЕБ

Коцки од леб измешани со домати, свежа зелена салата, маслиново масло и вински оцет не претставува само салата, туку може да биде и цел оброк.

АКО ИМАТЕ ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА


Кученцата и мачињата обожуваат леб натопен во млеко. Затоа и ова е еден корисен начин да го искористите бајатиот леб.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 17 Jan 2011, 19:26

Цедеата нека траат вечно
Цедето е оптички диск направен од поликарбонатна пластика и тенок слој на алуминиум. Иако се многу чувствителни на гребаници, тие најчесто го зафаќаат заштитниот пластичен дел, а не самата меморија. Со благо полирање со паста за заби, може да се поправат малите гребаници. Потоа цедето измијте го и исплакнете.

Пополнете ги дупките во ѕидот
Доколку имате дупки во ѕидот, не ви е потребен бетон ниту гипс. Едноставно истиснете забна паста во дупката, отстранете го вишокот и израмнете. Оставете да се исуши, а потоа обојте ја доколку е тоа потребно.

Убодите повеќе не болат
Ако ве касне пчела или комарец, нанесете малку забна паста на местото на убодот. По неколку минути би требале да почувствувате значително олеснување.

Alexa
Член
Член
Мислења: 152
Придружен: 17 Oct 2010, 13:06

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Alexa » 17 Jan 2011, 19:49

Еве и од мене нешто:

*Кога ќе ви се скрши јаце на подот од кујната (мене често ми се случува :) ), истурете поголема количина сол врз јајцето и многу лесно ќе го соберете.
(joy)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Совети за кујната и домаќинството

Post by Peperutka » 23 Mar 2011, 13:32

* Меленото месо никогаш не купувајте го однапред подготвено, барајте пред вас да се меле, зашто во однапред подготвеното месо брзо се размножуваат бактерии, дури и кога се во фрижидер. Секој месар кој не сака да го изгуби угледот тоа го знае и нема да ви прави проблеми околу тоа.
* Месото за паприкаш ќе биде многу повкусно и посочно ако за време на динстањето му додадете малку сок од лимон и половина лажичка шеќер.
* Месото на скара никогаш не боцкајте го со виљушка, зашто низ настанатите отвори ќе истече сокот од печеното, а тоа е токму она што при печењето на скара е највкусно. Месото вртете го со лопатка за месо. Посолете го на крај, откако ќе биде печено.
* Жилавото месо ќе омекне ако го истриете со сол и со сода бикарбона. Оставете го да отстои некое време, а потоа измијте го. Кога варите жилаво месо, во водата сипајте една чашка рум. Месото ќе омекне.
* Ако пржите нешто во загреана маст, таа нема да прска ако во неа ставите малку брашно или сол.
* Печеното пиле ќе има поубава кора ако на врвот од пилето со чепкалка ќе зацврстите парче длабоко смрзнат путер. Додека се пече пилето, путерот лесно ќе се топи и ќе го облева пилето.
* Постојат зелена и жолта, тркалезна и широка боранија. При купувањето боранија обрнете внимание да не се дрвенести и да немаат развиено семки и цврсти конци. Најчесто се употребува во облик на салати, варива...
* Варениот морков исечен на стапчиња можете да го глазирате во сок од портокал и путер.
* Варената топла боранија наједноставно можете да ја послужите како салата ако ја испрскате со свежо цеден лимонов сок или со дресинг (измешани масло, оцет и зачини) и добро ќе ја измешате.

Одговори

Return to “Разно за домот”