Хималајски Ламби

Moderator: Модератори

Одговори
Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Хималајски Ламби

Post by Herra » 19 Dec 2011, 19:23

Дали сте слушнале за Хималајските Ламби? Дали можеби имате во вашиот дом и какво е вашето искуство? Велат делуваат позитивно на расположението, направени од потполно природни минерали кои се стари 250 милиони години. Кристалите од овие ламби константно зрачат негативни поларизирани јони и познати се по нивните позитивни дејства како што се:

-смируваат главоболки и стрес
-го зајакнуваат имунитетот
-го зголемуваат капацитетот на плуќата
-помагаат при отежнато дишење
-позитивно делуваат кај луѓето со пореметен сон и концентрација, астма, алергија...

Ова се само неколку од нивните позитивни дејства, за кои велат дека ги имаат овие ламби.

Јас и мм прв пат слушнавме и ги видовме на новогодишниот саем во Белград и размислуваме да земеме две, една за во дневната соба и друга за во спалната кај нас па да видиме дали навистина помагаат (smile)
Еве ви и еден сајт на кој што ќе можете поопширно да прочитате за моќта на Хималајските Ламби, но е на српски, не успеав да најдам на македонски, па можете да погледнете и да го споделите вашето мислење за овие ламби и воедно да ми помогнете во размислувањето дали да го купиме ова мало чудо кое изгледа прекрасно (tongue)

http://www.himalajskelampe.info/

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Debora » 19 Sep 2012, 23:24

Херра купивте ли од хималајските лампи? Некое искуство?

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Petra » 20 Nov 2012, 10:44

Херра јас имам хималајска лампа, ја добив поклон за роденден. Изгледот и е супер, мене добро ми се вклопува во собата. Има праска боја и дава топлина. А дали навистина ги има тие својства можам да кажам дека, поподолго време кога е уклучена чувствувам некоја леснотија, опуштеност. Се имам запрашано дали е до психата, или пак навистина испушта негативни јони. Мислам дека работи. (smile)

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Matea27 » 20 Nov 2012, 11:17

многу се убави,а кај нас каде може да се најдат,и како светат,природно или на струја???ај пишете ми

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Herra » 20 Nov 2012, 11:51

Матеа кај нас незнам каде ги има, јас одамна ја отворив темава, уште кога бев во Белград и таму на саемот имаше презентација на овие ламби па се мислев дали да купам или не, да не се некои глупости и пак да фрлам пари на нешто што ниту ќе ми користи а само место ќе ми зафаќа како многу работи што сум се излажала да ги купам па ене стојат по подруми (smile) Инаку и мене ме интересира каде ги има во Скопје, која цена се, па ако некој знае нека сподели со нас (smile) И да доплонам, светат на струја, си се приклучуваат како најобична ламба, ги има во различни форми и димензии и колку што се сеќавам почетната цена во Белград им беше околу 2500 динари што кај нас би било околу 1300-1400 за најмалите ламби. Тоа беше некоја промотивна цена, а и земајќи го фактот дека кај нас се е поскапо отколку во Србија сигурна сум дека не би биле овде под 2000 ден (smile)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Petra » 20 Nov 2012, 12:28

Мојата лампа е од Нутри вита
http://nutrivita.mk/kontakt
http://nutrivita.mk/himalajski-lampi

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Matea27 » 20 Nov 2012, 13:14

фала ти петра е баш кога ке одам за скопје на контрола ке отидам до таму....поззз

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Хималајски Ламби

Post by Petra » 20 Nov 2012, 13:59

(a2)

Одговори

Return to “Разно за домот”