Детска соба

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Детска соба

Post by Peperutka » 19 Dec 2010, 16:05

Како е уредена собата на Вашето дете и како ја одржувате?

aneta
Нов член
Нов член
Мислења: 61
Придружен: 06 Nov 2010, 14:47
Им се допаднал: 1 time

Re: Детска соба

Post by aneta » 21 Dec 2010, 10:15

Моето детенце се уште нема детска соба, јас уште го сметам за мало, а и не сакам сега да го двојам бидејќи чекаме уште едно бебе па ќе помисли го избркавме.Ќе поспие уште една година со нас во соба па ќе се преместиме односно ќе му направам детска соба.Сега ја бара многу,но само зза да си има свој простор за игра, а не сака само да спие (love5)
Инаку планираме да му ја уредиме скромно, мислам просторот најмногу ни пречи, бидејќи ќе биде мал, но му ветивме дека се ќе биде ново, нов кревет, биро има ново, си одбра и тепих по негова желба! Ептен е по ентериерот ...на мајка му (thumbsup)

Anabanana
Нов член
Нов член
Мислења: 44
Придружен: 30 Mar 2011, 14:12
Им се допаднал: 2 пати

Re: Детска соба

Post by Anabanana » 31 Mar 2011, 16:08

Детската соба на Марко ќе се средува месецов. До сега спиеше со нас на спална, но мислиме дека е веќе доволно голем за да си има свој простор. Сега за сега таа собаси ја користи за играње, зошто му ги ставивме сите играчки таму. Инаку сам си го бираше мебелот, сака кревет како формула, па гледавме разни кревети за да може тоа некако да се изведе.( нешто слично на онаа во Чилек, само што таа е 450 евра и со многу помал душек од стандардниот). Се надевам дека добро ќе прифати спиење сам во соба. Маж ми многу не му се секира, ама јас ќе спијам на штрек изгледа. (laugh1)

Одговори

Return to “Уредување на дом и градина”