DABROSTON

Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

DABROSTON

Post by carina » 26 Apr 2012, 13:48

Zdravo devojki,gledam nema nikade za dobrostonot,pa aj nekoj sto se razbira poveke okolu lekov neka pise.jas go pijam,pocnav od 15-ti den zasto doktorov se somneva deka mi e kratka lutealnata faza poradi kratkite ciklusi 23-24 dena.mene me interesira dali moze da kasni menstruacija od dabroston a da nema bremenost,ova go prasuvam za da ne se nadevam premnogu ako mi kasni.pozdrav

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: DABROSTON

Post by Debora » 26 Apr 2012, 14:09

Карина јас сум пиела Дабростон, одамна беше, тоа е форма на прогестерон. Инаку може да доцни менструалниот циклус од него. Обично за да добиеш треба да прекинеш да го пиеш, па добиваш по 2-3 дена.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: DABROSTON

Post by Peperutka » 26 Apr 2012, 18:20

Дабростон се пие и за време на бременоста.Гин. штом виде на ултразвук дека сум бремена,ми препиша таблети Дабростон 2 пати на ден,со цел плодот убаво да се имплантира во матката.

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: DABROSTON

Post by Matea27 » 26 Apr 2012, 22:12

карина јас имам пиено даборстон и тоа 8 месеци,неможе да ти касни повеќе од 4-5 дена,зашто штом ја испиеш последната таблетка за два три дена ти доаѓа...па после тоа пак почнуваш да ги пиеш и се така,незнам точно од кој ден јас ги пиев ама мислам од 16 ден...не сум сигурна не ме фаќај на збор...јас немав некои нус појави од него баш добро го поднесував ама кај мене не вроди плод...8 месеци пиев и ништо,како демек ми ги дале зашто имав спонтан па во случај да останам да биде сигурно а и плус не ми е редовна менструацијата па со него точно на време ми идеше...
не е ништо страшно,пиј си ако така ти кажал докторот...
поздравчееее (joy)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: DABROSTON

Post by carina » 26 Apr 2012, 22:32

vi blagodaram na odgovorite,sum zgresila edna bukva,fala sto ste me popravile (thumbup)

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: DABROSTON

Post by Bela » 26 Apr 2012, 23:04

Карина и јас имам пиено Дабростон, првиот пат кога го имав спонтаниот и не ми помогна, а вториот пат матичниот ми го препиша да го пијам после овулацијата, за да ми помогне во случај ако дојде до оплодување да се задржел плодот ама и тогаш ништо. Инаку не се секавам дека многу ми каснеше менструацијата, милслам дека пиев 14 дена, и после 1 ден или 2 дена добив. Се надевам дека кај тебе дошло до оплодување и нема да добиеш (a2)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: DABROSTON

Post by kit-kat » 17 Oct 2014, 09:23

Едно прашање.
Поради болки во јајникот и сите симптоми на овулација,во вторникот На 9 дц бев на преглед и имав водечки фолекул од 18 мм. До вечерта имав страшни болки од таа страна кои се намалија ноќеска. Па според БТ која се крена графиконот покажува дека овулацијата ми била на 9 дц во вторникот. Јас мислам дека беше средата утрото. ( може да го видите графиконот на БТ во соодветната тема)
Др ми даде од денес 12 дц до 23 дц дабрастон таблети по една на ден. Во упатството пишува дека од 14 ден се земаат.
Има ли некој искуство со нив вака како мене при забременување да пие дабростон и кои се нус појави.
Инаку ми го даде бидејки добивам циклус 26-27 ден но имам спотинг од 23-24 ден.

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: DABROSTON

Post by saska075 » 17 Oct 2014, 11:47

Кит-кат Дабростон обично се пие после овулација, ако дојде до бременост да се подпомогне да се задржи плодот и да не дојде до крвавење. Дабростон е прогестерон и има исто дејство како Утрогестанот и Кринонот но се зема орално. Немаш никаква штета да го пиеш и колку што знам нема некои нус појави, освен може поспаност(поретко)Пишува во упатсвото после 14 ден, бидејќи отприлика нели овулација настанува околу 14 ден, но кас секого различно, ете ти на 9 ден имаше.
Со среќа нека е овој циклус и да се израдуваш со bfp

Kalince04
Нов член
Нов член
Мислења: 22
Придружен: 24 Sep 2014, 18:17
Им се допаднал: 6 пати

Re: Хистеро - салпинго - графија ХСГ

Post by Kalince04 » 17 Oct 2014, 20:17

Edna moja bratuceda nemase redovna mens i zemase Dabroston za da dobie i posle za vreme na plodni denovi pak gi zemase istite tabl. Sto vikate vie za ova, ke ima lu efekt kaj mene takvo nesto? :/

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: DABROSTON

Post by kit-kat » 17 Oct 2014, 20:35

Фала Сашка на одговорот и (kup) за вас.
Инаку денес добро поднесов( ама првото беше).
Ако не е психички мислам дека малку повеќе градиве ми се осетливи и како жешки.
И да ве прашам уште ова. До 23 ден треба да ги пијам а на 24-25 ден треба тест. Дали имаат влијание на резултатот како прегнилот на пример.
Фала ви. (kup)

Одговори

Return to “Медикаменти”