Utrogestan

Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Utrogestan

Post by Miki » 04 Jun 2012, 15:16

Девојки, неможев да најдам соодветна тема, па решив да отворам нова.
По инсеминацијата, ми дадоа терапија Utrogestan, 200mg, вагинално пред спиење.
Ве молам споделете искуства. Највеќе ме интересира дали од вагиналното примање на хормонов треба да очекувам симптоми слични на бременост? Да не се залетам јас (rolll) па да помислам свашта. И веројатно треба да ми касни секако, додека ги примам, нема да добијам, така?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Utrogestan

Post by Lejla7 » 04 Jun 2012, 15:22

За симптомите Мики не би требало да бидат поинакви од нормален ПМС (барем кај мене такви се, само градите од Утрогестан повеќе ме болат), а за каснењето да ти кажам - ако треба да добиеш ни Утрогестан ни ништо не може тоа да го спречи, јас примав три пати по 200 мг по ин витрото и три дена пред контролата добив и тоа онака добро крварење не само кафеав исцедок. Е ама пред неколку години кога користев Утрогестан во лутеална фаза ми каснеше скоро 10 дена, ама 5 дена имав кафеав исцедок. Кога го прекинав, добив нормално. Не знам што да кажам. Веројатно е различно од случај до случај и од жена до жена (гледаш и кај иста жена може различни симптоми да има)
Ај не мисли сега на симптоми, мисли дека ќе биде bfp Држам среќа

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Utrogestan

Post by Debora » 04 Jun 2012, 15:25

Мики јас не се сеќавам на симптомите од утрогестанот, ама се сеќавам дека кога се разбудив следното утро почувствував како нешто ми истече и се преплашив од што може да биде, после разбрав дека вагиналетата се топи и имаш чувство дека имаш поплава во гаќите, па ставав улошка. (smile)
Мене ми идеше и покрај утрогестанот, по 2-3 дена доцнење. Значи не ми го запираше циклусот, само го одложуваше за 2-3 дена.

TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Utrogestan

Post by TinaV » 04 Jun 2012, 18:58

Јас го примав Утрогестанот (вагиналети едни како топченца) на првите 3 инвитра во различни количини еднаш дури и 600 мг. како што пиша Лејла и навистина како што пиша Дебора истекуваат па мораш да си ставаш влошка. Но при последното инвитро наместо Утрогестан ми дадода CRINONE (15 парчиња во едно паковање, а цената нешто околу 2000 и нешто денари), скапина вистина, ама да ви кажам многу полесни за користење и мислам дека целиот гел, којшто се вбризува вагинално преку апликатор, всушност ќе се искористи. Е сега и тоа да кажам во врска со користење на овие медикаменти, дали Утрогестан или CRINON, јас во секое инвитро на 14-ти ден од ЕТ правев тест преку мокраќа и секогаш ми беше негативен (sad1) , па ќе се јавев кај лекарот и ќе ми речеа да не ја прекинувам терапијата и по 2-3 дена пак да направам тест и потоа за непендек тој пак негативен (sad1) и тогаш лекарите ми велеа дефинитивно да ја прекинам терапијата, така да после 2-3 дена откако ќе ја прекинев си добивав за мерак мензис, а од bfp да ви кажам ни трага ни глас кај мене.
Да му се плукнам, тоа е тоа.Туку се засекирав за таа биохемиска бременост читам доста пишувате, значи како може да се зезне човек, ќе си ги види двете цртички, ама ако е биохемиска бременост, демек пу, пу не важи. Ај ве молам малку пообјаснете ми за таа биохемиска бременост. Извинете може ја утнав темава, ако треба префрлете ми го одговорот на соодветна тема.
Поздравче.

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Utrogestan

Post by belomorka » 04 Jun 2012, 23:36

лелеле ама се расприкажав а сакав да напишам само дека и јас примав вагинално утрогестан 3х200 и имав страшен свраб ама не ми дозволија да го прекинам

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Utrogestan

Post by Hera » 05 Jun 2012, 11:41

Утрогестан ми препишуваа после сите 3 инсеминации, а ги ставав и откако дознав дека сум бремена до 13 недела. Секогаш дозата ми беше по две апчиња на ден со тоа што оставаа на мене да изберам како ќе ги внесувам. Стварно се лигават и не можев без дневна влошка. Ај тоа апче што се става навечер, си се раствара цела ноќ па помалку тече, ама за тоа од сабајле морав да си најдам тактика. Станував пола саат порано само за да го ставам, па да полежам уште пола саат со него за да се раствори без да ми истече.
Е сега двапати ми се случи да го испијам апчето, памтам тогаш бев на терапија со ГоналФ инакеции и тебаше плус да имаме односи во плодните денови, па да не пречи апчето, нели може и да се пие. Е двапати јас се онесвестував ... затоа внимавајте како и кога го пиете ако се решите за таа опција, никако на гладно од сабајле.
Знам само дека со првата инсеминација градите толку многу ме болеа уште од 15-16 ден и сепак си добив. Со втората па ич не ме болеа и многу се радував затоа што мислев дека нешто различно ќе се случи и пак немаше ништо. Еднаш ми каснеше бааги, наредниот пат си добив и додека уште ги ставав. Затоа најубаво е да не се замарате со пресметки иако знам колку е мачно сето тоа.
Ти поскаувам мнооогу среќа Мики и многу сакам да ги видиме твоите bfp месецов. (a2)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Utrogestan

Post by Miki » 05 Jun 2012, 13:13

belomorka wrote:лелеле ама се расприкажав а сакав да напишам само дека и јас примав вагинално утрогестан 3х200 и имав страшен свраб ама не ми дозволија да го прекинам
Еееее баш тоа ќе прашав. Еве после 4 вечери вагинално користење, почнав да осеќам чешање (sad1) Како кандида да сум закачила. Се случува ли ова? Да се загрижувам ли? Да превземам нешто?

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Utrogestan

Post by Bela » 09 Jun 2012, 23:24

Јас ставам од утрогестанот 3 дена и сеуште немам чешање, ама па ептен ми тече како целото да се враќа назад, а девојката во аптека ми рече дека не треба да тече (ner) , што мислите вие дали е нормално да тече. Само првото кога го ставив не истече ништо, а од другите кога повеќе кога помалку, ама си тече.

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Utrogestan

Post by imambebe » 09 Jun 2012, 23:32

Jas stavav utrogestan 200 po prvata insem. tri pati dnevno a nekogas i 2 pati radi rabotata i mene mi tecese posle apliciranjeto i posle mi kasnese, pravev test za bremenost preku krv i nemase nisto pa maticniot mi rece da go prekinam utrogestanot i da cekam 1 nedela da vidime dali ke dobijam- dobiv po 2 dena, mi kasnelo od nego, a za 2 insemin. na klinika ne mi rekoa da stavam nisto, ama jas si se konsultirav so sestrata tamu i ona mi rece aj stavaj si kako prviot pat, pa jas stavav utrogestan ama pomalku od prviot pat i gi prekinav na 14 den kako sto mi kaza maticniot i sledniot den dobiv i toa obilno, toa e moeto iskustvo so utrogestan vaginaletite

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Utrogestan

Post by Debora » 09 Jun 2012, 23:33

Бела мене многу ми течеше утрогестанот, пишав дека првиот пат дури се исплашив. (scared)

Одговори

Return to “Медикаменти”