DHEA за подобрување на плодноста

Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Lejla7 » 07 Oct 2012, 00:22

Сега се вклучувам и кога видов дека си ми пишала ми олесна малку (smile)
Јас одам кај Органџиски во Штип. Многу некако скептично ми настапија во врска со ДХЕА, дури ми рекоа дека тоа било застарена терапија (а нема врска, јас читам на Интернет дека тек сега почнуваат да ја користат повеќе странски клиники и тоа токму за решавање на проблеми од типот предвремено стареење на јајници и намалена резерва на јк, за што сигнал е повишениот ФСХ). Не знам, можеби и не треба толку да читам, нормално сите информации на Интернет и не се проверени, но ете тебе ти го препорачал д-р Димитров од Ремедика, а за него овде сум читала пофални зборови.
Јас нарачав ДХЕА од Еуровитал, да. Е сега не знам дали се таблети или капсули, знам само дека е микронизиран ДХЕА, таков требало да биде за да има ефект. Во вторникот добив мејл дека нарачката е пратена, па да видиме кога ќе стигне.
Се уште сум во дилема дали да ги пијам и во која доза. Ме плашат нус појавите (јас читав и за опаѓање на коса, несоница, ризик од рак). Читав дека обавезно треба да се следат тестостеронот и ДХЕА-хормонот при примање на ДХЕА суплемент и планирам да направам испитување на тие хормони пред да почнам да ги пијам, но кому да му се обратам со резултатите? Органџиски не ми дава зелено светло за овие апчиња, а јас сама нема да знам како да си го протолкувам резултатот. Тебе ти кажа нешто д-р Димитров за ова? Ги испита веќе?
Кога ги разгледав испитувањата што ги имам правено, видов дека пред 5 години и тестостеронот и ДХЕА хормонот ми биле на долната граница, па белки нема да се покачат многу ако примам ДХЕА. Ама кој да ми помогне и објасни точно?
Мене ФСХ ми беше последниот пат 10.1. Тоа не е премногу висока вредност, но со оглед на слабата реакција на стимулациите, сепак загрижува (горната граница во лабораторијата на Органџиски е 7.90). Друг проблем немам. Ова ни е шеста година како се бориме со неплодноста и ако ова не е проблемот, не знам што друго би било. Затоа сакам да пробам, но малку ми е шубе. (ner) (ner) (ner) Што мислиш ти?

sneze
Нов член
Нов член
Мислења: 21
Придружен: 10 Feb 2012, 11:02

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by sneze » 15 Oct 2012, 17:39

Lejla i jas bev po malku so skepticizam (samo poradi nus pojavite),ama denes bev kaj uste eden doktor t.e. maticniot dr.Lozankovski mu ja objasniv mojata situacija,i po razgovorot so nego naidov na uste edno odobruvanje za apcinjata kako za terapija, za koe da priznaam malku mi olesni.Neznam koi se pricinite sto tvojot doktor se protivel,ama eve jas dobiv dva pozitivni odgovori.Da ne ne si ti do tolku vo situacija da mora da gi primas ili neznam drugo sto bi bilo? Inaku i pokraj se jas bi probala SE.Jas da ne se zarekuvam kako minatiot pat (bidejki internetov mi e katastrofa)ama sega sigurno denes gi naracuvam. Tebe ti stignaa li? I da za ona sto prasa koj da ti gi protolkuva rezultatite, pa odi kaj maticen ginekolog (ako ne ti e Organdjiski) ili kaj nego bas ako se mora.So sreka neka ni e (rad) (joy) (thumbsup).

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Lejla7 » 16 Oct 2012, 19:03

Снеже, искрено мојата ситуација е малку конфузна затоа што ФСХ е висок, но не толку да биде вон нормала, а сепак таа повишена вредност ете се покажа дека негативно влијае при стимулациите во ИВФ. Со матичниот немам што да разговарам затоа што да имаше врска од нешто до сега (ете веќе шеста година се борам со стерилитет) ќе ми предложеше некакво решение - дали испитувања (како хормони, ХСГ, хистероскопија и сл.) лечење со Кломифен, инсеминација или ИВФ. Напротив јас самата сите овие третмани и ги предлагав и на крај на сопствена иницијатива си ги направив, а таа цело време ми велеше и до ден денес ми вели „Опушти се, сето тоа е поради твојата глава“. Е па да си пукнеш од мака на ваквиот муабет и да не знаеш веќе што да направиш. Добро е што е позитивна од една страна, ама од друга страна нема јас вечно да седам со скрстени раце и да се надевам на чудо???
И што да и кажам за ДХЕА - сто посто сум сигурна дека нема слушнато за нив и дека само ќе ми се насмее в лице и ќе ми каже да не читам многу на Интернет и да не и го земам занаетот. (ner)
Таблетите се уште не ми се пристигнати, но се надевам дека ќе пристигнат во скоро време и веднаш ќе ти пишам. А дали и како ќе ги пијам останува да одлучам

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Lejla7 » 26 Oct 2012, 14:25

Снеже, еве да ти кажам дека денес КОНЕЧНО ми стигнаа ДХЕА од Еуровитал, до душа се уште не сум ги видела бидејќи пристигнаа на адресата на мајка ми.
Значи им требаа скоро 4 недели да стигнат - јас направив нарачка на 28.09., ми стигна порака дека се пратени на 2.10, па дури денес (26.10) пристигнаа. Поздрав и пиши што направи ти, ги нарача или не.
Е сега уште да решам дали да ги пијам и во колкава доза (confus) (confus) (confus)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Lejla7 » 30 Oct 2012, 19:45

Пак јас. Во оваа тема како монолог да пишувам, никој не ми одговара.
Само да известам дека веќе трети ден пијам ДХЕА по една пилула од 25 мг, страв ми е да примам повеќе иако тестостеронот ми е низок, па нема опасност од нус појави како зголемена влакнавост и продлабочување на гласот.
Нус појави за сега немам, освен што некако се чувствувам како да имам повеќе енергија и елан за работа. Не сум толку уморна како порано. Па ајде да видиме дали ќе донесе подобрување овој ДХЕА

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Debora » 30 Oct 2012, 21:51

Лејла се надевам дека ќе помогне, особено што веќе чувстуваш промени на подобро. (thumbup)

sneze
Нов член
Нов член
Мислења: 21
Придружен: 10 Feb 2012, 11:02

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by sneze » 31 Oct 2012, 11:16

Lejla7 wrote:Пак јас. Во оваа тема како монолог да пишувам, никој не ми одговара.
Само да известам дека веќе трети ден пијам ДХЕА по една пилула од 25 мг, страв ми е да примам повеќе иако тестостеронот ми е низок, па нема опасност од нус појави како зголемена влакнавост и продлабочување на гласот.
Нус појави за сега немам, освен што некако се чувствувам како да имам повеќе енергија и елан за работа. Не сум толку уморна како порано. Па ајде да видиме дали ќе донесе подобрување овој ДХЕА
Не,не немој да си мислиш дека си сама, тука сме сите ние, само јас (еве за мене да пишам) едвај да стигнам до компјутеров ама еве сум.Мене уште не ми стигнале не се секавам точно кога беше кога ги нарачав ама сигурно има поминато веке 2 недели,како и да е ке стигнат.Мене ме интересира дали на кутивчето имаше некакви дози препишано како и колку се пијат,или се советуваше со лекар, бидејки мене мојот доктор ми рече 3 пати по едно на ден (да не станам јас хипер активна dance (joy) (rp) па да се чудат по дома што ми е (ner).Инаку ФСХ малку се намали, само по себе што ме радува.Да не се одредува според висината на ФСХ или?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Lejla7 » 31 Oct 2012, 17:40

Debora wrote:Лејла се надевам дека ќе помогне, особено што веќе чувстуваш промени на подобро. (thumbup)
Фала за поддршката Дебора, убаво е да знаеш дека не си сам. Искрено со страв ги примам таблетиве, ми е страв од нус појави посебно затоа што не наидов на поддршка од лекар и немав со кого да се консултирам подетално. Но нешто од внатре ме тера да пробам, желбата за дете е посилна од се. Здравје, ќе видиме како ќе испадне, се надевам нема да имам негативни последици по здравјето

Снеже, јас прочитав на страната на Agestop (таа од каде ги нарачав ДХЕА) дека препорачана доза е 25 мг на ден + пишува да не се управува со машинерија или возило додека се примаат, а јас возам до работа па гледам да ги пијам барем 3 саати пред да треба да возам. На самото шише нема упатство за употреба, за жал. Читав и на Интернет дека препорачана доза (од која се забележани многу малку нус појави) за жени е 25мг на ден, но исто така читав и дека за жени со висок ФСХ лекарите препишуваат по 75 мг на ден. Бидејќи мојот ФСХ не е толку висок, јас самата си ја препишав оваа мала доза, кажав веќе дека не наидов на разбирање од страна на лекар. Нели и тестостеронот го испитав (бидејќи ДХЕА во телото кога ќе влезе се претвара или во естроген или во тестостерон), па излезе под нормалата, и затоа и се решив да ги пијам - нема за сега опасност да добијам „машки“ карактеристики како нус појава. Понатаму самоиницијативно планирам пак да го проверам тестостеронот, и ако не ми е повишен, ќе си ја зголемам дозата на 50 мг пред да правам ин витро. Знам дека звучам како сама да сум си лекар, но што да правам, маката на се ќе те натера
Штом тебе лекар ти кажал 75 мг, примај толку. Најверојатно така ти кажал заради повисокиот ФСХ и мислам дека е во ред. Ако сакаш ќе ти пратам некои линкови каде можеш да прочиташ нешто повеќе за ефектот на ДХЕА во лечењето на стерилитетот

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Debora » 31 Oct 2012, 17:51

Лејла, каква сама. (a2) Нема сама тука. (kup)
Јас најискрено се надевам дека ќе делуваат апчињата и не гледам ништо лошо да пробаш, кога веќе си ги испитала хормоние, а згора и чувстуваш подобрување.
А тоа дали делува дека си сама свој лекар... па мислам дека истото го минуваме скоро сите што подолго се занимаваме со овие теми. (kup)
Со среќа и само нека дојде. (b4) (a2)

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by saska075 » 11 Nov 2012, 18:33

Eve sto najdov na internet za DHEA na eden makedonski sajt: Moze da si gi poracate od Makedonija.
Eve go sajtot:http://www.apicentar.com/vitamini_i_minerali.php
Odete na VITAMINI I MINERALI
D H E A
Дехидроепиандростерон - хормон на младоста

ДХЕА е адренален прецурсор-претходник на природните хормоне кои што се ствараат во организмот: тестостероне, андростерон и естроген. Со неговото излегување предизвика револуција во однос на продолжувањето на младоста и животниот век, подобрување на општата состојба на организмот и квалитетот на животот. Исражувањата покажаа дека ДХЕА управува со маските хормони постигнувајќи добри резултати кај средновечни и постари испитаници, но и кај помлади кои што се бават со бодибилдинг и имаат за цел да ја зголемат чистата мускулна маса со природно подигање на нивото на тестостерон.
Враќањето на нивото на ДХЕА на рамништен а триесетгодисници, драстично ја подобри психичката и физичката состојба кај мажи и жени постари од 45 години, а тоа подразбира: зголемување на енергетското ниво, зацврснување на мускулатурата, намалување на телесните масти, подобрување на концентрацијата и имунитетот, подобрување на либидото, намалување на болови во коски и зглобови. Потполно е безбеден , дури и во поголеми дози. Повеќе од 50% од хормоните кои се произведуваат кај воздрасните мажи и повеќе од 75% кај жените т. е. сите 100% после менопауза, се создаваат од ДХЕА.
Затоа, ДХЕА не се препорачува само на спортисти за подобрување на мускулатурата туку и на воздрасни мажи за освежување и подмладување на телото, исто така и на жени во пред и пост-менопаузниот период.
За маски особи кој што се бават со бодибилдинг се препорачува во комбинација со Трибулус Терестрис.
Не се препорачува на особи со канцерогени состојби.

Начин на употреба: 1 капсула дневно 50мг со оброк. или препорака на стручно лице.

Одговори

Return to “Медикаменти”