Кломифен

Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Strelce
Член
Член
Мислења: 169
Придружен: 18 Mar 2014, 00:20
Му се допанале: 19 пати
Им се допаднал: 39 пати

Re: Кломифен

Post by Strelce » 11 Jun 2015, 12:39

Јас веќе завршив со кломифен,вчера бев на фолимулометрија и имав три фолекули од по 16 мм,ендометриум 7,2 мм-трослоен :grin: Гинекологот сакаше да испитам и Естрадиол и LH за да го види соодносот за да знае кога да ја примам Прегнил,и ја примив вчера вечер во 9 така да вечер треба да бидеме вредни со мажето (ttc) .Ми даде да пијам естрофем а од недела да почнам и со утрогестан.Сега останува се на Господ (racinja)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Кломифен

Post by Lena_nela » 11 Jun 2015, 15:11

Ајде Стрелче имаш супер фолекули и ендометриумот ри е супер,очекувам овој месец bfp bfp bfm

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Кломифен

Post by borjana » 29 Sep 2015, 23:56

Многу се надевам и крстам на кломифен, посебно со постовите на лела нела и многу други, утре секако одам за да ми препишат метформин ќе молам и колам за кломифен, е сега јас сум со полицистични јајници да не не се препорачливи? Минатиот пат на 10 ден примив прегнил само една фоликула од 18мм и не бидна ништо, сакам да ве прасам дали и овој месец ако земам кломифен ке ми треба прегнил, зашо докторов малку ми е неажурен а неќам да мењам он ми ја знае сета историја со предходниот мисед итн + уште едно прашање имам може не е тука место се извинувам дали со една неуспешна бременост и точно цела година обиди за друга се смета за неплодност?

tina
Член
Член
Мислења: 110
Придружен: 07 Feb 2011, 17:53
Му се допанале: 32 пати
Им се допаднал: 12 пати

Re: Кломифен

Post by tina » 30 Sep 2015, 09:04

Секaкo декa не се сметa зa неплoднoст Бoрјaнa,јaс пoсле две неуспешни бременoсти две гoдини oбиди имaв третa успешнa бременoст.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Кломифен

Post by Debora » 30 Sep 2015, 09:42

Борјана кломифенот кај жени со полицистични јајници има поголеми шанси да предизвика хиперстимулација, но тоа не е правило. Би требало почесто да одиш на ултразвучни контроли и да се следи ситуацијта. Баш многу жени со ПЦОС имаат бебиња со помош на кломифен.
Прегнилот се дава за да се осигура дека ќе прснат веќе постоечките фоликули или да се тајмира нивниото прскање - нпр ако се прави инсеминација или пункција за ин витро. Дали ќе ти дадат прегнил по кломифенот зависи од лекарот.

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Кломифен

Post by borjana » 30 Sep 2015, 11:20

dance многу ви благодарам девојчиња

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Кломифен

Post by Lena_nela » 30 Sep 2015, 21:22

Borjana кломифенот може да заврши работа,но ете убаво ти кажа Дебора само ке мора да те прати д-р на УЗ, јас првиот пат не примив инекција,вториот пат примив.Но немој да се разочараш ако ти даде да пиеш кломифен само еден месец или два,тој си има дејство и после неговото пиење,така беше кај мене пиев во ноември и декември,а фолекули убави и многу имав до март кога и останав бремена (thumbsup) Ти посакувам голема среќа и уште овој месец да си ги видиш bfp

sakambebe
Член
Член
Мислења: 122
Придружен: 09 Feb 2014, 22:37
Му се допанале: 57 пати
Им се допаднал: 26 пати

Re: Кломифен

Post by sakambebe » 12 Nov 2015, 23:45

Zdravo zenski kako ste??sakam da ve prasam bev na folikulometrija na 10den od ciklus i doktorot mi rece deka ne rastat folikulite deka do 10mm se samo od sto mozi da ne rastat i sto treba da se napravi za da se dojdi do pogolemi folikuli inace piev klomifen 2x1 od vtori den

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Кломифен

Post by Радост » 13 Nov 2015, 00:13

 ! Message from:
На форумот се пишува на кирилица, ве молиме почитувајте го правилото!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Кломифен

Post by Debora » 13 Nov 2015, 14:22

Сакамбебе можеби ти треба поголема доза кломифен или пак треба да ти ја сменат терапијата. Некои жени не реагираат на кломифен, ама резултат се постигнува со други хормони. Нема потреба од секирации во секој случај. Ќе ти каже лекарот што понатаму. Ти закажа ли повторно контрола? Можеби ќе почнат да растат. (smile)

Одговори

Return to “Медикаменти”