Каде летово на одмор

Moderator: Модератори

Beba1
Член
Член
Мислења: 243
Придружен: 22 Apr 2014, 21:57
Му се допанале: 21 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Beba1 » 24 Apr 2015, 12:39

Devojki, pls help veke prasav no nikoj ne mi odgovori :) Iskustvo Leptokarija Furka sto e podobro ... thnk (big-hug)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Радост » 24 Apr 2015, 13:00

Фурка.
Лептокарија плажата е со каменчиња и водата многу често е загадена и има алги. Слично како у Олимпик Бич.

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Fiona » 24 Apr 2015, 15:26

Фурка дефинитивно. Водата е бистра солза, зашто е на кракот од страна на отворено море. И Сивири ти е убаво.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Peperutka » 30 Jun 2015, 13:27

Дали го испланиравте годишниот одмор?
Препораки за одмор во Мк и во Грција,Црна Гора,Албанија?
Имаме уште една ваква тема,Дебора ќе се погрижи за тоа,веќе во два постови ставам линк од таа тема
topic842.html

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Maceto » 30 Jun 2015, 16:46

Peperutka ние во Албанија бевме во Саранда а на плажа одевме во Ксамил, преубаво место, многу убав одмор имавме, бевме со друштво, премногу евтино беше, а плажите и морето во Ксамил се незаменливи, на Јонско море е, а има и многу убави места околу Саранда да се прошетаат, ние бевме со група и не водеа со брод и со коли да ги посетиме. Многу сум задоволна од Албанија.

Во Црна Гора сум била на многу места, бидејќи Јадранот ми е слаба точка, мене искрено многу ме бендиса Херцег Нови и Будва. Будва ти е повеќе за турбо живот, има многу дискотеки, кафичи и преубаво е. Херцег Нови е поевтин многу за разлика од Будва, ама и таму плажите се како во Будва, повеќе каменчиња и бетон. Ама мене Јадран ми е незаменлив за сите мориња, се тоа е до вкус. Сум била и во Петровец, Тиват, Улцин, ама овие две места најмногу ми се свиѓаат.

Грција мене сите места ми се слични. Сум била и на првиот и вториот крак на неколку места, Ханиоти,Пефкохори, Сарти, а сум била и Аспровалта, таму плажите се со сите песок, ама тоа се мали местиња и со деца се супер, е сега во Калитеа ми беше забавно оти имаше кафичи и дискотеки, а ние одевме секогаш си друштва и си баравме такви места, јас секогаш сакав такви одмори. Е сега со дечиња се други желбите и потребите, па од догодина ќе кажувате совет кај да одиме (rad) (rad)

Лани бев во Хрватска и дефинитивно според мене е најубавата држава за одмор...Се беше совршено, дури и воздухот беше различен (laugh1) (laugh1)

Се извинувам за долгиот пост ептен се распишував (rolll) (rolll)

aneance
Домашен член
Домашен член
Мислења: 602
Придружен: 08 Apr 2014, 23:21
Му се допанале: 55 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by aneance » 30 Jun 2015, 18:35

Ние бевме пред две години во калитеа убаво место, има кај да шеташ и кафичи и дискотеки ама нема журки или пак ние не сме го погодиле шпицот или не идат по дискотеки. И крај на септември бевме и близу ханиоти и мене повеќе таму ми се свиѓа, има и пар и зеленило ако би бирала би одбрала ханиоти
И во аспревалта сум била ама пред 15год и тогаш мала сум била ама памтам дека имаше огромни плажи и долги и широки и песочни
А годинава на тасос бевме местото се вика скала потамиа ама ич не ми се свиѓаше, само таверни имаше, ни кафичи ни дискотеки, незнам какви се другите места ама ваму беше досадно
Мене турција ми е најубава, да бирам би бирала турција

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by kit-kat » 30 Jun 2015, 21:16

Еве во една тема се.
Вака ќе гледаме повеќегодишни искуства.
Ние крајот на август Грција ќе одиме.Ако продолжи вака (cold) ќе размислиме (laugh1)

marijaz
Член
Член
Мислења: 117
Придружен: 16 Nov 2014, 21:58
Им се допаднал: 19 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by marijaz » 02 Jul 2015, 01:08

Beba,furka nikako.bevme prehlani mn stari familii mestoto e tapa nema kade da prosetas tri prodavnici I fliperi za saati so zetoni toa e furka.sepak vas izbor ..Albanija Ksamil prekrasno

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by ripcence » 25 Sep 2015, 11:29

Да го пишам моето искуство за ова летување. Бевме Црна Гора, Рафаиловичи, и покрај тоа што имав читано доста негативни искуства за местото сепак се сместивме таму. Сместувањето не беше скапо 40е апартман со дневна, кујна, купатило и две спални комплетно опремено се,убава и широка тераса на приземје и блиску до плажа, но не добиваш она за што си се договорил, најстрашно е што дознаваш откако ќе се сместиш. Интернет има ама од соседната кафана значи среќен е оној кој ќе фати, паркинг има ама горе на магистрала во катна гаража каде нема осветлување, по само една вечер таму нашата кола беше со пукната шофершајбна и кога некако си најдовме место за паркирање на некого му сметало па сакал да вика пајак (карање до бескрај), гостопримливост = 0 , контењери за ѓубре има ама не се за туристи ќе си го носите ѓубрето горе на магистрала дури и се караа, кафаната од карши работи до 00ч ама локалните шерифи редовно се запиваа и тоа траеше до скоро утро и кога ќе ги опоменеа дека луѓе спијат "ПА НЕКА СПИЈАТ, СЕ Е ПОЛНО, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО ДО СЕПТЕМВРИ, ДА ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ СИ ОДИ КОЈ НЕМА ДА ДОЈДЕ"
Навистина плажи преубави, чисти и пространи(одевме на Каменово), ама се е џабе кога услужливоста им е катастрофа, а башка што во продавниците им е се поскапо *3 за разлика од маркетите Воли или Макси.
Таму веќе никогаш.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Каде летово на одмор

Post by Peperutka » 07 Jun 2016, 00:40

Пријателки,искуства од Лептокарија,лани ако некоја била?

Одговори

Return to “Патувања, празници, одмори...”