Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Moderator: Модератори

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Annabel » 01 Apr 2010, 23:55

Не знаев дали тука да ја ставам темава (во Семејство) или во Опуштено...(можете слободно да ја преместите ако треба).

Ни иде прекрасен празник...најголемиот во христијанството...воскресението Христово е смислата на нашата вера.

Воедно, ова е семеен празник, кога сите заедно треба да го прославиме.

Дали сеподготвувате за празников...дали го украсувате домот, дали фарбате јајца?

Ние ќе фарбаме јајца во сабота, оваа година решивме со црвена боја, некако најавентични ми се.

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Велигден

Post by Kjara » 02 Apr 2010, 00:01

Јас како што напишав претходно , си купив јајца ама и сабајле исфарбав 3 црвени. Мислев денес попладне да продожам со фарбање ама уморна бев. И јас во сабота ке фарбам јајца ама јас ги сакам во сите бои. Најубави ми се со кристали :grin:

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Велигден

Post by Annabel » 02 Apr 2010, 00:03

Леле, ако не ти е тешко да ми пишеш како ги правиш. Не мора вечерва, касно е.... (smile)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Велигден

Post by Kjara » 02 Apr 2010, 00:16

Не ми се спие , до сега спиев :grin: Иначе ги купувам у пакет со шприцови. Се варат обично како и сите. Од кога ќе се сварат се посипуваат со кристали и влажни се бојат со шприцовите.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Debora » 02 Apr 2010, 02:20

Анабел одлична тема, ова е најголемиот Христијански празник. Јас ќе се придружам покасно во дискусијата... ме фати неспремна. (smile)
Најубавиот празник (bu)

Milan-baby
Нов член
Нов член
Мислења: 42
Придружен: 09 Nov 2009, 21:46

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Milan-baby » 02 Apr 2010, 08:15

decki jas gi srediv jajcata, najednostavno samo crveni i iskreno ne se zamarav mnogu ovaa godina posto se spremame da kidneme nadvor od skopjevo. sakam da vi posakam na site srekni praznici da ste mi zivi, zdravi, nasmeani i ubavi!!!

taci83
Член
Член
Мислења: 239
Придружен: 14 Nov 2009, 00:57

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by taci83 » 02 Apr 2010, 15:23

Jas gi farbav jajcata vo cetvrtokot rano sabalje ofarbav 3 jajca a popladne site so tri boi crvena,sina i violetova

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Debora » 03 Apr 2010, 21:42

Како што напиша Анабел суштината на Христијанската вера се состои во Христовата смрт и воскресение. Ние сите сме грешни и како такви одвоени од Бога. Бог самиот дојде во тело и ја плати казната за нашиот грев, за да повторно не врати во единство со Себе. Исус плати и беше казнет за нашите престапи, за само ако искрено побараме прошка и го примиме во срцето да ни биде простен секој грев.
Бидејки во Него немаше грев, смртта немаше сила да го задржи. Како што воскресна Тој, така при Неговото повторно доаѓање ќе воскреснат и оние кои поверувале во Него со цело срце и им биле простени гревоовите.

Ова е напишано во Библијата (во Исаија) за Исус, 7-8 века пред Неговото раѓање:

Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.

А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.

За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.

Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.

Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.

Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт.

Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.

Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.

Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.

Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.


Еве дел од Евангелието по Јован:
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.

Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.


Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.

Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;

а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.



Сите ние знаеме дека сме грешеле и грешиме, Бог ни нуди прошка преку покајание. Кога прв пат слушнав дека Исус умрел за моите гревови и дека преку вера во Него можат да ми бидат простени, толку едноставно ми звучеше тоа што реков дека сама ќе се погрижам за моите гревови. Ама сите знаеме дека не сме во состојба сами да прекинеме со гревот, токму затоа Исус плати за нас и ни нуди бесплатна прошка и сила. Да го поканиме да дојде во нашите срца, да не измие од гревовите и да ни помогне да одиме во обновен живот преку силата на Светиот Дух.

Знам дека многу од нас ја читаат Библијата, оние кои ја немаат од срце им препорачувам да почнат да ја читаат. За почетокот не мора да ја имате цела Библија, почнете со читање на Новиот Завет, ќе ви го смени животот од корен на подобро.
Велигден не е само уште еден празник, Христос воскресна и е жив за да ја услиша нашата молитва и да ни помогне во секоја потреба.
Уште еднаш ќе ја цитирам Библијата:
ПОД НЕБОТО НЕМА ДАДЕНО НИТУ ЕДНО ДРУГО ИМЕ ПРЕКУ КОЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ.
СЛАВА НА ИСУС!!!

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Annabel » 03 Apr 2010, 23:49

Амин!!!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Debora » 04 Apr 2010, 10:34

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!!!!!!

Одговори

Return to “Патувања, празници, одмори...”