Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Moderator: Модератори

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Annabel » 04 Apr 2010, 19:42

Вистина Воскресна...

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by anja » 04 Apr 2010, 23:40

vistina voskrese !

Kalince
Нов член
Нов член
Мислења: 78
Придружен: 01 Mar 2010, 12:11
Им се допаднал: 1 time

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Kalince » 07 Apr 2010, 10:28

Vistina voskresna! Cestit praznik do site vernici. (so malo zadocnuvanje)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Petra » 21 Apr 2011, 17:29

Ни претстои најголемиот Христијански празник-Велигден. Овој пост е прекрасен, во него е напишана вистината за овој празник.
Debora wrote: Христијанската вера се состои во Христовата смрт и воскресение. Ние сите сме грешни и како такви одвоени од Бога. Бог самиот дојде во тело и ја плати казната за нашиот грев, за да повторно не врати во единство со Себе. Исус плати и беше казнет за нашите престапи, за само ако искрено побараме прошка и го примиме во срцето да ни биде простен секој грев.
Бидејки во Него немаше грев, смртта немаше сила да го задржи. Како што воскресна Тој, така при Неговото повторно доаѓање ќе воскреснат и оние кои поверувале во Него со цело срце и им биле простени гревоовите.

Ова е напишано во Библијата (во Исаија) за Исус, 7-8 века пред Неговото раѓање:

Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.

А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.

За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.

Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.

Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.

Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт.

Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.

Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.

Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.

Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.


Еве дел од Евангелието по Јован:
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.

Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.


Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.

Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;

а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.



Сите ние знаеме дека сме грешеле и грешиме, Бог ни нуди прошка преку покајание. Кога прв пат слушнав дека Исус умрел за моите гревови и дека преку вера во Него можат да ми бидат простени, толку едноставно ми звучеше тоа што реков дека сама ќе се погрижам за моите гревови. Ама сите знаеме дека не сме во состојба сами да прекинеме со гревот, токму затоа Исус плати за нас и ни нуди бесплатна прошка и сила. Да го поканиме да дојде во нашите срца, да не измие од гревовите и да ни помогне да одиме во обновен живот преку силата на Светиот Дух.

Знам дека многу од нас ја читаат Библијата, оние кои ја немаат од срце им препорачувам да почнат да ја читаат. За почетокот не мора да ја имате цела Библија, почнете со читање на Новиот Завет, ќе ви го смени животот од корен на подобро.
Велигден не е само уште еден празник, Христос воскресна и е жив за да ја услиша нашата молитва и да ни помогне во секоја потреба.
Уште еднаш ќе ја цитирам Библијата:
ПОД НЕБОТО НЕМА ДАДЕНО НИТУ ЕДНО ДРУГО ИМЕ ПРЕКУ КОЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ.
СЛАВА НА ИСУС!!!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Debora » 24 Apr 2011, 00:02

Христос умре за гревовите на целиот свет, за секој што ќе поверува во Него да има живот вечен!
Ако со својата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен.
Библијата
Бидете благословени во Името на Исус!
Христос воскресна!

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Lady D » 24 Apr 2011, 01:22

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Peperutka » 24 Apr 2011, 08:55

Христос Воскресе!!!
Нека ни е честит празникот и истиот да ни донесе многу здравје и среќа! (jmp) (jmp)

Jule-Pp
Нов член
Нов член
Мислења: 31
Придружен: 23 Mar 2011, 18:30

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Jule-Pp » 24 Apr 2011, 10:34

Hristos Voskrese !!! Vi posakuvam ovoj praznik da vi gi ispolni site vashi zelbi, Gospod da vi dade radost kako mojata (mnogu bebinja, zivi,zdravi i so site nishani-kako sto velat starite) i da vi dade mnogu srekja , sloga, ljubov, mir i razbiranje. A ostanatoto samo ke si dojde...

●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●
(¯`’*♫ ♪ ♪ ♪ ♥ ♥ СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ ♥ ♥ ♪ ♪ ♪•♫♪*´¯) ●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●

detelina
Член
Член
Мислења: 239
Придружен: 03 Dec 2010, 02:09
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by detelina » 24 Apr 2011, 10:44

(bu) (bu) HRISTOS VOSKRESE (bu) (bu) mnogu sreka i zdravje i gospod da gi islusa nasite molitvi.sreken praznik srcki i ubav provod (bu)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by Petra » 25 Apr 2011, 11:35

Бог толку многу не возљуби што го даде Својот Единороден син, та кој поверува во Него да биде спасен и да има вечен живот. Исус не дојде да не осуди, туку да не спаси. Неговата крв ја пролеа да ја плати цената за нашите гревови. Во Него немаше грев и смртта немаше сила да го задржи. И кој поверува со цело срце, побара прошка од Бог и го прими во срцето ќе биде спасен.
Зошто ПОД НЕБОТО НЕМА ДАДЕНО НИТУ ЕДНО ДРУГО ИМЕ ПРЕКУ КОЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ.
Бидете благословени!
Исус навистина воскресна! Исус е жив!

Одговори

Return to “Патувања, празници, одмори...”