Нега и одгледување на зајак - миленик

Кучиња, мачиња, риби..., совети и се што е поврзано со нашите миленици.

Moderator: Модератори

Одговори
Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Нега и одгледување на зајак - миленик

Post by Herra » 01 Oct 2012, 12:26

Ние Бела ја чуваме во многу голем кафез, затоа што им треба простор и секојдневно обавезно по минимум 5-6 саати ги поминува надвор од него. Препорачливо е да се чуваат пуштени, доколку уште од мали ги навикнете да не грицкаат кабли и намештај (smile) , меѓутоа сепак мора да има кафез купен или направен каде што зајчето ќе има своја приватност и ќе може да си се повлече кога ќе сака да спие или јаде, оди во вц и сл. Инаку со малку труд може да се научат на ред буквално како куче или мачка, ние со Бела немаме проблем со одењето во вц, има свое специјално вц за глодари кое и го менуваме еднаш или два пати во денот и каде си врши нужда. Во принцип зајчињата се многу чисти животни, некои велат дека се почисти и од мачките, така да со вршењето нужда нема да имате никаков проблем, тоа ќе си одреди едно место и тоа ќе си биде нејзино вц доколку вие самите на почетокот не ја научите каде треба да биде тоа. Е сега, Бела е купена во Белград како и целата опрема за неа, кафезот, куќичката внатре, вц-то и се останато, што е малку проблем за луѓето кои чуваат зајче овде поради недостигот на добро опремени пет шопови за малечки животинчиња, ние еве откако сме тука имаме проблем со храната, никако неможеме да најдеме од онаа храна која Бела навикна да ја јаде во Белград па некако овде со тешки маки се навикнуваме на храната за хрчаци и морски прасиња, што и до негде е слична, меѓутоа кога имате една пребирлва дама како Бела, тоа е проблем (smile) Друго во исхраната обавезно секојдневно им се дава сено, кое не е проблем да се најде по нашите пет шопови, свежо овошје и зеленчук и витамини специјални за нив кои се дополнување во нивната исхрана со кои исто имаме мака да ги набавиме (sad1) Обавезно се препорачува четкање на крзното минимум еднаш во денот затоа што и тие како и кучињата и мачките се митарат и поради тоа што постојано се средуваат и чистат, го лижат крзното да не дојде до голтање на поголема количина на влакна кои можат да им направат проблеми со варењето на храната и да предизвикаат затвор, надувување на стомачињата, грчеви и сл. Редовно им се прегледуваат забите дали се во нормална големина, верувајте ако не се ќе го приметите тоа и треба да се носат на ветеринар да се истругаат затоа што доколку нарастат премногу им предизвикуваат тешкотии при јадењето и полека ќе почнат да одбиваат храна. Но, затоа им се дава некое дрвце кое си го грицкаат и така си ги трошат запчињата и мноооогу ретко доаѓа до проблем со преголеми заби и потреба од ветеринар. Ноктите исто така се сечат за и тие да не прераснат премногу затоа што и тие би им претставувале проблем, би дошло до искривување на шепичките, ранички и сл. Ноктите им се сечат со ночички кои се наменети за мачки или малечки кученца, што мислам дека овде не е проблем да се набават. Е сега, најголемиот проблем што се ствара е кастрацијата. Секое зајче кое планираме да го чуваме дома препорачливо е да се кастрира/стерилизира затоа што тие се животинчиња зависни од (dve) и кога не би биле кастрирани би имале наплив на хормони и може да бидат малку и повеќе досадни, нервозни, во инат да мочкаат на местото каде што вие седите или да ги грицкаат каблите само затоа што вие сте го забраниле тоа (smile) итн... Реков погоре проблем затоа што кај нас ретко постојат ветеринари кои се занимаваат со малечки животинчиња и ретко кој би се нафатил да ја изврши таа операција, среќа па ние го завршивме сето тоа во Белград и од тогаш можам да кажам дека Бела е многу посмирена, не ја интересираат толку многу каблите по дома (smile) По ова мислам дека ќе заклучите дека не е така лесно да се чува зајче, меѓутоа ако успеете да ги набавите од негде потребните работи верувајте, во вашиот дом постојано ќе имате пријателче кое потскокнува и секогаш е расположено за игра, кое нема никаков мирис ниту пак испушта било каков звук, кое е многу тврдоглаво и честопати ќе имате желба да го гњавите како плишано мече кога ќе го погледнете како спие (smile) Животниот век им е негде околу 10 години и конкретно на расата како нашето големината му е како на мачка.
Еве слика од Бела 3-4 дена после стерилизацијата, ги нема сите елементи во кафезот поради тоа што не сакаве да скока поради операцијата и доле наместо дрвените пелети има струганици да и биде помеко кога ќе лежи
http://imageshack.us/a/img213/5527/p6170308.jpg

http://imageshack.us/a/img43/3773/p6170311.jpg

Извинете на долгиот пост, се потрудив да ви објаснам колку што можев подетално (kup)
Last edited by Debora on 01 Oct 2012, 14:02, edited 1 time in total.
Reason: Овака опширно објаснување заслужува своја тема :)

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Слики од нашите миленици

Post by Mamino_srce » 01 Oct 2012, 12:45

Фала Хера за детално објаснување, и е невообичаено да се имаат зајчиња како миленици тука, ама најмногу ми се допаѓа што кажаа дека немат мирис и не испуштаат звуци (laugh1)
Убаво милениче за поголемо дете, во секој случај. (thumbsup) Да ли размуслуваше што ќе правите со него кога ќе дојде бебе, и како веќе кога ќе малку одрасне бебето како ќе се однесува со зајчето?
Јас многу прашања ти поставив ама ете баш ме заинтересира тоа животно. Многу е слатко, како плишана играчка што викаш. А еден ден (сигурно ќе дојде тој ден) кога детето ми ќе побара да има милениче, па ете да се распитам за најбезболни опции (smile)

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Слики од нашите миленици

Post by Herra » 01 Oct 2012, 13:12

Аххх мамино срце, тоа ни е сега баш најпоставуваното прашање на мене и мм, што со Бела кога ќе дојде бебушко... Моите предложуваат да ја земат они додека да потпорасне малку, бар до годинка но некако не ни се дава, многу сме навикнати на неа но не ја исклучуваме и таа опција. Многу не ме загрижува тоа како ќе се однесува зајчето кон бебето, затоа што не се некои животни кои би можеле да го повредат бебето, да го каснат и слично а и нема никако да ја пуштаме тогаш во близина на бебето се додека не порасне малку, но мене грижа ми е сега со влакната, да не дојде до проголтување на влакно па да настане некоја компликација но за тоа дополнително ќе се консултирам со лекар дали е можно да дојде до некој проблем и ако е потребно, секако би го дале на моите додека бебушко не потпорасне малку. Со мм се зезаме, вели, аууу кога ќе дојде детенце какви брканици ќе имаме по куќа (tongue) Инаку заборавив да напоменам дека покрај Бела имаме и морксо прасенце, верувам сите сте запознаени со тоа како се чуваат, помал кафез имаме за него, храната е иста како и за Бела, ама за разлика од неа тоа е каде каде помирно, и постојано испушта звуци (smile) циу циу на секое звонење на врата или телефон, на секој погласен разговор дома, на секое шушкање со кесичка (мисли храна за него вадиме) и така, доста весело ни е по дома (tongue) Исто така може да се чуваат пуштени, не ги интересираат толку кабли и намештај како зајчињата но сепак не треба да се оставаат пуштени без надзор, затоа што сепак се животинки. Не е навикнато како Бела да оди во вц, но си одбира само едно ќоше од кафезот каде што си врши нужда и не е некој проблем за чување, нешто слично како цувањето на хрчак само што морските прасиња се доста поголеми од хрчаците, не се активни 24/7 и испуштаат звуци (smile) Негата и хигиената е скоро иста како и кај зајчињата, редовно четкање, сечење на нокти и обавезно некоја дрвена занимација на која ќе си ги трошат забите (tongue)

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Нега и одгледување на зајак - миленик

Post by Herra » 01 Oct 2012, 14:11

Еве и една страна на која се убаво пишува за негата и одгледувањето на домашните питоми зајчиња-куничи, или патуљасти зајчиња, многу корисни совети за тие кои веќе имаат или се заинтересирани за чување на овие мали срцушки, само сто е на српски (unsure)
http://mojkunic.com/

Одговори

Return to “Миленици”