Баш вчера прочитав дека за да се спречи ова, може да се носи шише со вода и кога кучето ќе фати нешто од земја да се испрска, ама "тајно" - да се крие шишето, за кучето да не сфати дека ние го прскаме, во спротивно ќе си го прави тоа пак кога ќе види дека не го гледаме.ELIANA wrote: Значи никаков проблем не прави, никаков, само тоа надвор да бара коски и остана, и ни ќотек ни ништо не помага. Таа си има одлучено и ќотек ќе јадам, ама и коски од надвор (scared) Мене најмногу ми е за неа, оти мене не ми прави ништо тоа, ама ми е страв за неа. Ама не, и на место каде што нема коски таа ќе најде (smile). Тоа е..
Не сум пробала уште. Денес прв пат ја пуштив во паркче, сама да трча без каифче, и кога ќе и свикав, го оставаше обично тоа што ќе го земеше во уста - ама не беше храна, туку некои ѓубренца, не знам колку би била спремна да остави коска на пример. (laugh1)
Инаку и мене многу ми е страв од отров. (scared)
Ова со прскањето може да се користи и како средство за корекција и во други случаи, само да не почне да се плаши од вода, па да нема бањање. (laugh1) И сега после шетање кога ја носам во купатило за да ги миеме шепите не е воодушевена, само нема избор. (smile)