Екстремни спортови

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Екстремни спортови

Post by Peperutka » 09 Nov 2010, 14:44

Што мислите за екстремние спортови? Дали ги сакате и дали вие практикувате некој екстремен спорт? (scared) (scared) (scared)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Debora » 09 Nov 2010, 15:22

Не сакам да се плашам. (rolll)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Kjara » 10 Nov 2010, 16:54

Едно време бев цврсто решена да летам со параглајдер (smile) (smile) Желбата сеуште ја имам ама малку паузира . . . можеби сеуште собирам храброст :grin:

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Lady D » 17 Apr 2011, 01:31

И јас не сакам, се плашам (laugh1)
Единствено екстремно што сум го направила беше на апсолвентската екскурзија, во Дизниленд се возев на ролеркостер...не дека е тоа спорт, ама беше екстремно (laugh1) Леле едвај издржав, пискав цело време и солзи ми потекоа дури (laugh1) Мнооогу беше страшно :ymblushing:

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Hera » 19 Apr 2011, 23:03

Сум се качувала на вештачка карпа во сала и карпите на Матка ама на лесни, почетнички делови. Јас не сум спортски тип и немам баш таква упорност, ама пробувам затоа што знам дека сум во сигурни раце на сопругот. За него можам да кажам дека алпинизмот му е начин на живот и јас сум помирена со тоа. Некако индиректно неговата љубов за овој спорт ми е пренесена на мене, само што јас не ја практикувам, ама сум огромен подржувач. Учам и јас со него, ја познавам опремата што им е потребна, се интересирам за техниката. Во лето ми е убаво кога ме носат со нив кога одат на лесни вежби, ама во зима кога се качуваат по мраз и спијат со шатори на снег и -20, убаво ми е да си седам сама дома. (smile)
Сакам да ви кажам само дека луѓето што се занимаваат со овој спорт се многу смирени и стабилни, поврзани со природата, имаат огромна логика покрај физичката способност и поминуваат голема обука за тоа. Многу често пријателите кога гледаат негови слики знаат да ме прашаат како го пушташ или нели ти е страв. Им одговарам дека не ми е и дека не ни мислам на страв и паника, едноставно му верувам на способноста и умот. Тоа е неговата медитација.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Debora » 19 Apr 2011, 23:39

Јас сакам планинарење, онака опуштено. А тек колку ли е убаво кога некој се занимава со алпинизам. (bu) Баш убаво што понекогаш му се придружуваш на тм. (love5)

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Hera » 20 Apr 2011, 10:51

Е барем за шетањето сум му многу благодарна. Нема место и убавина во нашава земја што ги немаме видено. Шатор и вреќи имаме, палнинарски домови има секаде, не мора се да биде скапо ако се има желба. (smile) Две саботи во месецот ми се слободни и тогаш обавезно одиме некаде во природа.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Petra » 20 Apr 2011, 15:33

Па не ги сакам и не ги практикувам. (smile) Не сакам брзини, височини, не сакам да правам нешто со кое би си го довела животот во опасност. Инаку сакака планинарење, уживам во природа, а сакам и други спортови.

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Екстремни спортови

Post by Nespretna » 17 Jul 2012, 17:38

Сакам да пробам! Многу сакам да скокнам банџи, и еднаш имав и прилика, ама мм не ми даде! (rolll) Многу ме сакал, не можел без мене.

Инаку, водени паркови, забавни паркови, за мене се гола вода!

Одговори

Return to “Хоби, спорт и рекреација”