ХИВ/СИДА

Moderator: Модератори

Одговори
Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

ХИВ/СИДА

Post by Milly » 08 May 2011, 13:49

ХИВ- (хуман имунодефициентен вирус) е вирус кој го напаѓа имуниот систем на човекот. Кога одбранбениот систем (имунитетот) е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори од најразлични болести и инфекции. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА.
ХИВ спаѓа во категоријата на лентовируси (подкатегорија на ретровируси). Карактеристично за лентовирусите е што се бавни вируси, па така од моментот на ингицирање со ХИВ може да поминат и до 10 години пред личноста да развие СИДА. Во тој период личноста носител на вирусот може да изгледа и да се чувствува сосема здраво, И покрај тоа што носителот на ХИВ не пројавува никакви симптоми на болест тој може да го пренесува вирусот. Денес и покрај големите напори на современата медицина сеуште непостои лек за ХИВ/СИДА, меѓутоа со помош на достапната антиретровирусна терапија ХИВ-позитивните личности може да останат и да се чувствуваат релативно здраво подолг период пред да настане последниот стадиум СИДА.
Кратенката СИДА пак, означува стекнат синдорм на имонодефициенција (француски- Syndrome d'immunodeficiencie Acquise- SIDA; англиски- Aquired Immunodeficiency Syndrome- AIDS). Сида-та претставува последен и најтежок стадиум на заразеноста со ХИВ. Основна карактеристика на СИДА-та е тешко оштетување на имунолошкиот систем, односно онеспособување на имунитетот да го брани човечкиот организам од најразлични болести. На тој начин организамот е изложен на разни опортунистички инфекции и тумори. И покрај тоа што со помош на антиретровирусната терапија се забавува развојот на ХИВ- инфекцијата, крајниот исход на СИДА-та е смрт.

Како делува ХИВ во организамот?
Хив го напаѓа имунолошкиот систем, чија улога е борба против ингекции и спречување на растот на повеќето тумори, односно се што е туѓо за организамот. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот ситем, во организмот настанува битка меѓу имунитетот и ХИВ, која може да трае повеќе години. ВО тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имунолошкиот систем и тој веќе не може да функцонира ака доброкако претходно (не може ефикасно да хо брани човечкиот систем од инфекции, и инфекциите стануваат се потешки- на пример, наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пневмонија.)
Во стадиумот на СИДА, организмот станува и цел на нападите на т.н. опортунистички инфекции предизвикани од бактерии и вируси кои вообичаено живеат во човечкото тело, но бидејќи во овој стадиум имунитетот е крајно оштетен тој не може да се бори со нив и може да се развијат многу сериозни болести и тумори.

Начини на пренос на вирусот
Хив се шири преку инфицирани телесни течности, доколку тие стигнат во крвта кај друг човек. Вирусот го има во доволни концентрации за тој да може да се пренесе во следниве течности:
-крв
-сперма
-предсемена течност
-вагинален секрет
-мајчино млеко.
Вирусот го нема во доволна концентрација во следниве телесни течности:
-пот
-солзи
-плунка
-урина
-фецес (измет)
и преку истите не може да се пренесе.

Како се пренесува вирусот?
Инфекцијата може да се пренесе преку заразена крв и крвни продукти со употреба на заеднички игли, жилети и сличен прибор на кој може да се наоѓаат клетки кои го содржат вирусот (истите не се видливи за човечкото око).
ХИВ може да се пренесе со сексуален однос (анален, орален или вагинален) ако притоа не се преземат мерки за заштита. Инфицирана сперма, предсемена течност, вагинални секрети вклучувајќи ја и менструалната крв, може да навлезат преку мали гребнатинки во организмот на партнерот.
Жени кои се ХИВ позитивни може да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек на бременоста, породувањето, или во тек на доењето. Овој начин на пренос уште се нарекува и вертикален начин- од мајка на дете.
Во минатото ХИВ можел да се пренесе и преку трансфузии. Од 1985, целокупната донирана крв и органи во нашата земја ( и во други земји) се тестира на ХИВ и веќе не е можен преносот на ХИВ на тој начин. Банките на спрема исто така се тестираат на ХИВ.

Како не се пренесува вирусот?
ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута надвор од организамот, ризикот за да се инфицирате од ХИВ е многу мал, речиси никаков. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода, обични дезинфициенси или со сушење. Па така, ХИВ не може да се пренесе преку:
-Ракување, допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица;
-Преку убод на комарец или инсекти;
-Ако го делите домот со ХИВ позитивно лице;
-Ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно;
-Ако донирате крв;
-Преку тоалетната школка, рачки на вратите или преку шољи за кафе;
-Преку кашлање, кивање, и зборување во близина;
-Ако пливате во ист базен со ХИВ позитивно лице.

ХИВ тестирање
Постоењето на ХИВ во организмот се утврдува преку специјални тестови на крвта. Со ХИВ тестот се бара присуство на специфични антитела. По инфекцијата со вирусот, на организмот му се потребни три до шест месеци за да создаде мерлива количина антитела кои можат да се утврдат со тестот. Овој период се нарекува период на прозорец. Можно е лицето да е инфицирано (да го има вирусот во организамот) пред испитувањето на крвта да го покаже тоа. Затоа тестовите се вршат по три месеци од ризичното однесување. Доколку тестовите покажат присуство на бараните антитела во крвта, тогаш лицето е ХИВ позитивно (ХИВ+). Доколку тестот покаже негативен резултат тоа значи дека лицето не е заразено со ХИВ, односно лицето е ХИВ негативно (ХИВ-), меѓутоа се препорачува повторно тестирање по три месеци, односно шест месеци од ризичното однесување, со цел резултатот сигурно да се потврди.
При теститањето многу е значајно да се применува принципот ДДСТ- Доброволно, доверливо советување и тестирање.

Каде може да се направи тест за ХИВ?
Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Републички завод за здравствена заштита и здравствените заводи за заштита низ земјава. Тестовите кои што се прават на овие клиники се доверливи и бесплатни, односно за изветување на тестот не е потребен упат од матичен лекар.

Превенција од ХИВ
При секој сексуален однос (орален, анален, вагинален) користете соодветен кондом кој е соодветно наместен. Кондомот е единствено средство кое може да превенира пренесување на вирусот преку сексуален однос.
Никогаш немојте да делите игли или прибор за инјектирање со други.
Треба да се внимава со интервенцијата при различни несреќи (на пример, ако некој крвари, или пак со манипулацијата со медицинскиот отпад-игли)

Секој новооткриен случај на ХИВ позитивно лице задолжително се регистрира во Републичкиот завод за здравствена заштита, притоа не откривајќи го идентитетот на лицето.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: ХИВ/СИДА

Post by Peperutka » 25 Aug 2011, 20:04

Досега,за правење спермограм,ХИВ тест сме правеле во поликлиниката Битпазар во Скопје но добив информација дека веќе на прават таму (sad1) Каде на друго место можеме да направиме ХИВ тест?

Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: ХИВ/СИДА

Post by Milly » 26 Aug 2011, 17:59

Ова се местата каде што може да се направи ХИВ тест во Македонија:
1.Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
2.Републички завод за здравствена заштита-Скопје
3.Завод за Здравствена заштита во Битола и Прилеп
4.Медицински центри во Кочани и Прилеп
5.Завод за нефрологија-Струга

поздравче (bu)

Одговори

Return to “Сексуално преносливи болести”