ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Moderator: Модератори

Одговори
Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Milly » 08 May 2011, 14:09

ХПВ - Хуман папилома вирус
Терминот ХПВ се однесува на група вируси т.н. папилома вируси. Досега се идентификувани околу 100 различни типови на ХПВ вируси, а околу 30 од нив се пренесуваат со сексуален однос. Овие вируси се напрекуваат папилома вируси, бидејќи одреден број од нив предизвикуваат брадавици по телото на човекот или медицински наречени папиломи. Хуман папилома вирусите (ХПВ) предизвикуваат инфекција која ги зафаќа кожата и слузниците по телото.
Оние типови кои се пренесуваат преку гениталиите се нарекуваат генитални ХПВ.

Хуман папилома вирус- ХПВ

Дури 50 % од сексуално активните лица ќе развијат инфекција со ХПВ во одреден момент од својот живот.
Главните знаци на ХПВ се брадавици на местото на сексуалниот однос (вагината, анусот, устата или пенисот). Од оваа инфекција може да се развие тумор на матката кај жената.
ХПВ се разликува од гениталниот херпес, кој исто така претставува вирус што се пренесува со сексуален однос (сексуално пренослива болест). Сепак, гениталниот херпес предизвикува појава на мали меурчиња или ситни ранички на гениталната слузокожа, како и чешање, печење и црвенило, додека ХПВ предизвикува појава на израстоци наречени брадавици, медицински познати како condylomata acuminatum.

Одредени типови на ХПВ можат меѓутоа да предизвикаат појава на цервикална дисплазија- променета слузница на вратот на матката со потенцијал да се трансформира во вистински рак на грлото на матката. Во обата случаи, жената може воопшто да не осеќа никакви тегоби. Не постои лек за ниту една од овие болести, но во најголем број од случаите на инфекција со ХПВ, имуниот систем на организмот успешно се бори со вирусот и на крај успева целосно да го отсрани вирусот од себе. За разлика од ХПВ, гениталниот херпес вирус има тенденција да се скрие и долго да мирува во организмот (најчесто во нервните клетки) и чека погоден момент кога повторно ќе се активира.

Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.
ХПВ се класифицира во група на високоризични генотипови (HPV 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (HPV 6 i 11).
ХПВ 16 предизвикува околу 50%, а HPV 16 и 18, околу 70% од сите цервикални карциноми. Помеѓу 18 и 24 годишна возраст, со високоризичните HPV типови се инфицирани 8-12% од жените, а по 35 годишна возрат, 2-5%.
ХПВ инфекцијата на цервиксот на матката, која се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата.

Од инфекцијата со ХПВ вирусот до развој на карцином на грлото на матката може да поминат 7 до 10 години, што остава доволно време за превенција. Превенцијата се спроведува со:
ПАПА тест: секои 3 години, доколку е наодот уреден,
Тестови за идентификација на ХПВ, ако ПАПА тестот уреден,
Колпоскопија, ако е наодот од ПАПA тестот нејасен.
Неколку испитувања покажаа дека ХПВ инфекциите играат улога и во настанување рак на анусот, вагиналните усни и пенисот, како и на одредени облици рак на устата и голтникот.

При породување, ХПВ се пренесува од мајката на бебето и ако не се лекува, може да предизвика брадавици во грлото на бебето.
Гениталниот херпес исто така се пренесува при породување од мајката на бебето и ако не се лекува, кај бебето може да се појави осип од херпесни ранички по кожата, инфекција на мозокот и белите дробови.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Debora » 08 May 2011, 14:34

Мили фала многу за информациите. За жал ХПВ инфекциите стануваат се почести.
Цервикалниот канцер е втора причина за смртност од рак во светот. Дури ни кондомите не нудат сигурна заштита, затоа што се пренесува со допир на деловите кои не се заштитени со кондомот, а последиците можат да бидат трагични.
Вакцините за ХПВ мислам дека штитеа од само 2 вида на високоризичните типови, а си имаат нуспојави.
Еве едно интересно видео што објаснува како ХПВ вирусот прави промени во гените на инфицираната личност.

GbsLeuCA3LQ

Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Milly » 08 May 2011, 15:19

Како и да е Дебора, најдобра превентива е заштитен сексуален однос, и редовна посета на гинеколог.
Инаку, баш интересно видео, до сега го немам ѕирнато, доста е едукативно и добро е објаснето.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Debora » 20 May 2011, 13:07

Дали знаете како точно може да се дијагностицира ХПВ?
Дали ПАП-от ќе покаже присуство на вирусот? Или ако е нешто сомнително се прави типизација?

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Marina » 20 May 2011, 13:40

pap-ot pokazuva prisustvo ,a tipizacija se pravi posle toa,da se vidi vo koj stadium e stignat i kakva terapija da se dade. a mene ednas mi pokaza prisustvo na pap,pa na tipizacija nemase nisto (confus) i trebase na kontrola da odam dva pato godishno,vekje 3 godini sum clean (tongue)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Debora » 20 May 2011, 14:00

Може лажна тревога било тоа со ПАП-от, штом на типизацијата го немало? (confus)
Значи ПАП ќе покаже дека го има. Фала. (smile)
На една пријателка и рекоа да направи типизација, бидејки ПАП-от покажа ЦИН2 - сега не знаеме дали цинот мора да значи ХПВ. (confus) И рекле да прави колпоскопија и некаква цервикална киретажа - дали со тоа се прави типизација не знам. (confus)
Малку е уплашена.

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Marina » 20 May 2011, 15:55

cin2 e hpv,i toa vo poodminata faza mislam,na edna drugarka i go tretiraa laserski, ne znam dali e toa istoto sto i tvojata prijatelka treba da go pravi.prvo mora da i pravat tipizacija,toa e isto kako bris zemanje,pa posle koga ke gi dobijat rezultatite treba da kazat dali stvarno i treba kiretaza.ama mislam deka dobro zazdravuva i posle toa, neka ne se sekira (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Debora » 20 May 2011, 16:03

Фала за одговорот (a2) , ќе и кажам да не се секира.
Не знам зошто одма и рекле киретажа - штом типизација се прави со земање брис. (confus) Јас не би правела ништо што не мора да се прави. Може има брзопотезен лекар. (unsure)

s.86
Нов член
Нов член
Мислења: 33
Придружен: 10 Aug 2011, 21:43
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 10 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by s.86 » 23 Nov 2011, 16:37

zdr clenovi jas nekna pravev pap test i se pojavi HPV virus koj se pricinite za ovoj virus i kolkava e negovata opasnost.vo petok ke odam da mi zemat virus da go ispitaat.pozdrav (ner)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ХПВ (генитални брадавици) и Генитален херпес

Post by Debora » 23 Nov 2011, 17:14

Ризичноста на ХПВ се утврдува по извршената типизација, значи ќе мора да ги почекаш резултатите од петок. Имаше неколку соја кои беа високо ризични, се надевам дека нема да се појави некој од нив. Во секој случај смири се и не се нервирај предвреме, пиши што ќе направиш. (a2)

Одговори

Return to “Сексуално преносливи болести”