Трихомонијазата е една од најчестите, излечиви сексуално преносливи болести. Таа е исто така една од трите најчести вагинални инфекции кај жените.
Трихомонијазата ја предизвикува паразитот (протозоа), Trichomonas vaginalis.
Трихомонијазата е сексулано пренослива болест која ги афектира и двата пола. Најчестата локација на инфекцијата кај жената е вагината, а кај мажите е уретрата.
Како се добива и начин на пренесување
Паразитот се пренесува по сексуален пат, при контакт со инфициран сексуален партнер. Освен на овој начин многу поретко може да се пренесе преку контакт со нечисти и влажни тоалетни крпи, влажна облека, тоалетна шоља, ако гениталната област дојде до контакт со овие нечисти и влажни објекти.
Симптоми
Симптомите најчесто се појавуваат од 5-от до 28-от ден од моментот на експозиција на инфектантот.
Симптомите кај жените се:
-жолто-зеленикав или сив вагинален секрет, многу често пенлив секрет со силен непријатен мирис кој потсетува на риба,
-болка за време на уринирање и сексуалниот чин,
-генитално црвенило, печење, иритација.
-болка во нискиот дел од абдоменот што е поредок случај
Кај мажите најчесто отсуствуваат симптоми на присуство на трихомонијаза, но кај одреден број на мажи се појавува секрет од половиот орган, печење при уринирање, црвенило.
Како се лечи?
Трихомонијазата најчесто се лечи со лекот метронидазол или тинидазол кој се зема орално спрема упатствата од лекарот и фармацевтот. Локалните медикаменти се метронидазол или тинидазол во конвенционалниот пристап и неконвенционалниот пристап вагитории со 2% етерично масло од австралиско чајно дрво.
Дијагностицираната трихомонијаза мора да се лечи, дури и ако отсуствуваат симптомите, се со цел да се спречи пренесувањето на други партнери. Лицето кое е инфицирано мора да го извести партнерот или поранешниот партнер. Лицата кои се под терапија треба да избегнуваат сексуални контакти додека трае терапијата. Ако сте имале трихомонијаза еднаш, не сте стекнале имунитет, значи можете секогаш повторно да се заразите во колку дојдете во контакт со инфектот.
Трихомонијазата може да биде причина и за некои компликации по здравјето и кај жените и кај мажите. Кај жените многу често може да биде пропратена со вирусот herpes simplex tip II (HSV-2) и како такви асоцирани го зголемуваат ризикот од цервикална неопласиа. Исто така жените кои се инфектирани со трихомонијаза имаат значајно повисока зачестеност на пелвично инфламаторна болест, отколку неинфицираните жени.
Кај мажите трихомонијазата може да предизвика негонококен уретритис и хроничен простатитис. И кај двата пола, трихомонијазата е ризик фактор за ХИВ и допринесува за неплодноста.
Трихомонијазата кај бремените жени може да предизвика предвремено породување или бебиња со мала тежина.(low birth weight).
За време на првите три месеци од бременоста, најголемиот број од гинеколози се на мнение дека не смее да се третира трудницата со метронидазол, бидејќи може да го оштети плодот, но поголемиот број на гинеколози се на мнение дека после третиот месец метронидазолот може безбедно да се употребува. Затоа во првите три месеци може да се третира трудницата со неконвенционален третман (кој во американската лекарска практика веке е преминат во конвенционален начин на лекување ) со вагитории од 2% етерично масло на австралиско чајно дрво кое нема штетно дејство и е безбедна неговата употреба од самиот почеток на бременоста.
Трихомонијаза
Moderator: Модератори
Return to “Сексуално преносливи болести”
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива