Здрава храна

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Здрава храна

Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:27

Тука може да пишуваме за тоа која храна е добра за нашето здравје:

Здрава хранаЗдрава хранаЗдрава храна камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.
Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта. Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање.Често се користи како природен лек против запек.Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.
Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...
Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.
Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.

Во случај да имате проблеми со камен во бубрегот или патите од остеопороза, немојте да претерувате со внесот на цвекло, бидејќи тоа ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Здрава храна

Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:28

Големото количество на бета-каротин и ликопен ги прават кајсиите многу лековито овошје. Имено, и едниот и другиот го заштитуваат LDL холестеролот од оксидација, што може да помогне во спречување на болестите на срцето. Содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот. Токму слободните радикали може да ја оштетат очната леќа.

Кајсиите се и одличен извор на влакна, кои делуваат делотворно на системот за варење. Секоја здрава диета мора да го балансира внесувањето на влакна, а кајсијата може одлично да ја одигра таа улога.Кајсиите се особено делотворни во подобрување на работата на мозокот и при третирање на анемијата поради богатството со фолна киселина, кобалт и бакар. Маслото од кајсија одамна се користи во борба против карциномот и улкусот, како и во козметката за омекнување на кожата.

Единствено, бремените жени не би требале да консумираат големо количество кајсии, поради високата концентрација на бакар во нив.

Кога ќе купувате кајсии, треба да бидат со изразена боја и меко ткиво. Избегнувајте зеленкасти кајсии, затоа што никогаш нема да дозреат. Се чуваат два дена на собна температура, па се до 5 дена во фрижидер.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Здрава храна

Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:29

ЛЕКОВИТОСТ НА ЗАЧИНИТЕ

Голем дел од кујните во светот користат најразновидни зачини при подготвување на специјалитетите. Но, освен што ѝ даваат на храната посебен вкус, тие имаат и многу лековити и козметички својства.

БОСИЛЕК

Босилекот одамна се смета за природен антибиотик. Често се користел за смирување на рани од убоди на инсекти и змии како и за зараснување на раните. Бидејќи состојките во босилекот делуваат на смирување и освежување на кожата, тој се користи и во козметичките препарати, особено оние против сува кожа и акни. Препарати на база на босилек се користат и за релаксирање на мускулите, за смирување на стомачни грчеви и за јакнење на нервниот систем.

ЖАЛФИЈА

Има силно антисептичко делување, па поради тоа во минатото се палела во болничките соби. Делува и против габични инфекции и ги смирува воспаленијата на кожата и слузокожата. Бидејќи делува на работењето на лојните жлезди и на потењето, се користи и во козметиката. Кон тоа ќе додадеме и дека делува на полесно варење на масна и слатка храна.

КОМОРАЧ (ДИВ КОПАР)

Најчесто се користи при пореметувања кај варењето на храната како и кај проблеми со дишните патишта. Ја спречува надуеноста на стомакот и ги отстранува грчевите. Добар е и за искашлување и за лачење на слуз. Помага кај сузбивање на инфекции на мочните патишта. Особено е делотворен кај целулитот.

ЛАВАНДА


Лавандата отсекогаш се користела за нега на кожата, па ја употребувале уште старите Римјани. Таа ја чисти, смирува и освежува кожата и ја прави мека, нежна и млада. Помага и кај изгореници и при појава на егземи, псоријаза и акни. Го намалува потењето и помага во подобрување на здравјето на косата и ноктите.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Здрава храна

Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:30

Лук и кромид против кашлица user posted image Ако ви се суши устата и чувствувате гребење во грлото, најверојатно се работи за инфекција на горните дишни патишта и наскоро можете да очекувате и кашлица. Најдобар начин да ја ублажите е инхалација. Ако почнете навреме да се инхалирате, значително ќе го намалите времетраењето на болеста. Во почетниот стадиум на настинката најважно е да ја навлажните сувата и воспалена слузокожа на грлото и синусите. Во текот на денот можете да се инхалирате од седум до десет пати, дури и со етерични масла. Важно е после тоа да не излегувате надвор барем еден час. Не смеете да заборавите дека кашлицата сама по себе не е болест, туку придружник на настинката, па дури и на грипот. Затоа мора веднаш, штом ги почувствувате првите симптоми, да почнете со лечење. Пред се, јадете повеќе рен, кромид и лук, ако не ви пречи, бидејќи природните фитанциди од тие продукти помагаат да се спречи болеста. Антибиотиците се бескорисни, па дури и штетни ако кашлате, особено за децата. Тие ја сузбиваат имунолошката реакција на организмот и не влијаат на вирусите. Најголема корист болниот ќе има од плакнење на грлото со чаеви од лековити тревки, пред се од жалфија, босилек и од камилица. Сирупот за кашлица можете да го направите сами: прелијте една супена лажица листови од жалфија (или некоја друга билка) со чаша врела вода, оставете го да отстои 15 до 20 минути, исцедете го и плакнете го грлото со него четири до пет пати дневно. Корисна може да биде чаша вода на собна температура во која ќе додадете три лажички јаболков оцет и две лажички мед. Со тој раствор плакнете го грлото трипати на ден. Секогаш подготвувајте свеж раствор. Ако кашлицата е многу силна, добро е да пиете сок од ротквица, бидејќи ги смирува воспалената слузокожа и кашлицата. Една чаша сок од ротквица измешајте го со две лажици мед и земајте по една супена лажица три до четири пати на ден. Додека кашлицата е сува, се препорачуваат сирупи против сува кашлица кои се купуваат во аптека. Ги има многу и меѓу нив нема голема разлика. Само внимавајте да не ги измешате со препаратите за искашлување бидејќи тие се земаат дури по три до четири дена откако се појавил секрет. Доколку кашлицата не помине ни по две седмици, тоа значи дека преминала во хронична

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Здрава храна

Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:30

Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, бргу и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Хигроскопот ја врзува и отстранува непотребната вода од организмот. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање.

Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги.

Во зависност од нектарот од кој се добива има разни видови мед, кои се разликуваат по бојата, составот, вкусот и мирисот. Така потемниот мед е побогат со минерали од посветлиот.
Маслиново маслоuser posted image


Благотворно и тераписко делување на маслиновото масло се спомнувало уште во времето на Хипократ – таткото на медицината. Со векови жителите на медитеранот ја користеле состојката на маслиновото масло во разни видови на еликсири, козметики и што уште не. Маслиновото масло спаѓа во најстарата тајна на кујната.

Староримската филозофија на долговечноста спомнува две клучни нутритивни намирници: вино и маслиново масло. Маслиновото масло го задржува целиот свој квалитет заради начинот на кој се произведува.

Најздраво е секако она маслиново масло кое се произведува и рафинира на природен начин, односно со филтрирање на маслинки. Нутриционистички гледано, маслиновото масло произведено на овој начин е храна богата со хлорофил и картонодим кои служат како природни антиоксиданси и спречуваат настанување на наслаги. Антиоксидансното дејство на маслиновото масло е толку добро благодарение на витаминот Е, кој овде се наоѓа во најдобар облик.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Здрава храна

Post by Peperutka » 01 Feb 2011, 17:32

Смирете ги синусите

Кратко проварете една лажичка мајчина душица во 200 мл вода. Чајот оставете го да отстои 10 минути, па прецедете го. Пијте го што почесто во текот на денот како незасладен чај или засладен со малку мед.

За исфрлување на течности

Во еден литар вода потопете две лажици суви дршки од цреши, оставете ги да отстојат 15 минути, па прецедете ги и чајот пијте го незасладен повеќе пати во денот.

Понизок холестерол

Излупете три главици лук, исечете три лимони со кората, испасирајте го сето тоа и ставете го во еден литар провриена и изладена вода. Потоа варете ја смесата до пред вриење, па оставете ја да отстои 12 часа. Секое утро пред јадење пијте од смесата по 100 милилитри.

За засипнатост - слез

Кинезите го користеле црниот слез, како средство за лекување болести на дишните и на органите за варење, уште пред 5.000 години, додека кај нас чајот од него се пие кога некој ќе засипне, кашла, кога ќе има воспаление на хранопроводникот, бронхитис.
Од листовите на слезот се прават и облоги кои го смируваат воспалението на кожата.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Здрава храна

Post by Happy^_^ » 16 Aug 2013, 14:42

Јадев смокви и во моментот ми се појави ова па си викам да споделам со вас (smile)
http://ilike.mk/zivot/zdravje/subcatego ... te-smokvi/

Смоквите го зајакнуваат и одржуваат здравјето и ги отстрануваат брчките. Бидејќи моментално е сезона на смокви, прочитајте кои се седумте лековити дејства кои ги имаат тие.


БОГАТИ СЕ СО КАЛИУМ, КАЛЦИУМ, ЖЕЛЕЗО, ФОСФОР, БАКАР, ВИТАМИН Б6, Ц И БЕТА-КАРОТЕН
Смоквите содржат мала количина масти, а голема количина растителни влакна. Тоа е една од причините поради кои смоквите се препорачуваат секој ден. Пектинот е растително влакно кое се разградува и го намалува холестеролот во крвта, а триптофанот позитивно влијае на циркулацијата и несоницата.

ГОЛЕМА КОЛИЧИНА МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нервниот систем од стрес. Освен тоа, тој е многу важен за коските, имунитетот, здравјето на мозокот и нервниот систем. Позитивно влијаат на целокупното здравје и виталноста, лекуваат многу болести и го успоруваат процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум отколку свежите.

ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ПРИРОДНИ ШЕЌЕРИ
Природните шеќери придонесуваат побрза работа на мозокот и подобро примање на информации. Но, дијабетичарите треба да бидат претпазливи бидејќи сувите смокви содржат двојно повеќе шеќери отколку свежите.

ИЗВОР НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ
Сувите смокви се одличен извор на бројни хранливи материи. Освен тоа, изобилуваат со хранливи вредности кои се одлични за спортистите, особено ако се комбинираат со јаткасти плодови. Чајот од смоква лекува болести на црниот дроб, грлото, респираторниот тракт, жолката и мочниот меур.

СОДРЖАТ 80% ВОДА И 60% ПРИРОДНИ ШЕЌЕРИ
Поради високото ниво на вода и природни шеќери, смоквите се природен „чистач“ на организмот. Слаткиот вкус на смоквата и големата количина на вода одлично се согласуваат и со солен вкус, како на пример овчо или козјо сирење.

СОДРЖАТ РАСТИТЕЛНИ СТЕРОЛИ
Растителните стероли имаат корисни ефекти врз нивото на холестерол во крвта. Тие се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и со тоа ја спречуваат неговата апсорпција.

АНТИКАНЦЕРОГЕНО ДЕЈСТВО
Смоквите содржат бензалдехид и кумарин, кои успешно се користат во терапијата против рак на простата и рак на кожа.

ViktorijaPeshovski
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 13 Oct 2020, 12:33
Им се допаднал: 1 time

Re: Здрава храна

Post by ViktorijaPeshovski » 13 Oct 2020, 12:56

Peperutka wrote:
21 Jan 2011, 21:30
Лук и кромид против кашлица user posted image Ако ви се суши устата и чувствувате гребење во грлото, најверојатно се работи за инфекција на горните дишни патишта и наскоро можете да очекувате и кашлица. Најдобар начин да ја ублажите е инхалација. Ако почнете навреме да се инхалирате, значително ќе го намалите времетраењето на болеста. Во почетниот стадиум на настинката најважно е да ја навлажните сувата и воспалена слузокожа на грлото и синусите. Во текот на денот можете да се инхалирате од седум до десет пати, дури и со етерични масла. Важно е после тоа да не излегувате надвор барем еден час. Не смеете да заборавите дека кашлицата сама по себе не е болест, туку придружник на настинката, па дури и на грипот. Затоа мора веднаш, штом ги почувствувате првите симптоми, да почнете со лечење. Пред се, јадете повеќе рен, кромид и лук, ако не ви пречи, бидејќи природните фитанциди од тие продукти помагаат да се спречи болеста. Антибиотиците се бескорисни, па дури и штетни ако кашлате, особено за децата. Тие ја сузбиваат имунолошката реакција на организмот и не влијаат на вирусите. Најголема корист болниот ќе има од плакнење на грлото со чаеви од лековити тревки, пред се од жалфија, босилек и од камилица. Сирупот за кашлица можете да го направите сами: прелијте една супена лажица листови од жалфија (или некоја друга билка) со чаша врела вода, оставете го да отстои 15 до 20 минути, исцедете го и плакнете го грлото со него четири до пет пати дневно. Корисна може да биде чаша вода на собна температура во која ќе додадете три лажички јаболков оцет и две лажички мед. Со тој раствор плакнете го грлото трипати на ден. Секогаш подготвувајте свеж раствор. Ако кашлицата е многу силна, добро е да пиете сок од ротквица, бидејќи ги смирува воспалената слузокожа и кашлицата. Една чаша сок од ротквица измешајте го со две лажици мед и земајте по една супена лажица три до четири пати на ден. Додека кашлицата е сува, се препорачуваат сирупи против сува кашлица кои се купуваат во аптека. Ги има многу и меѓу нив нема голема разлика. Само внимавајте да не ги измешате со препаратите за искашлување бидејќи тие се земаат дури по три до четири дена откако се појавил секрет. Доколку кашлицата не помине ни по две седмици, тоа значи дека преминала во хронична
Здраво на сите, јас сум нов член на форумот. 🙂

Дали може да се користи чај од ловоров лист кај бремени жени против кашлица?
Фала за членството, имајте убав ден

Одговори

Return to “Здравје”