Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Moderator: Модератори

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by Marina » 11 Apr 2011, 08:48

vo mk smeniv nekolku ginekolozi,i site bea onaka ok,ama najmnogu mi ostana vo sekjavanje edna zena-ginekolog vo edna poliklinika sto mi bese vo blizina.. mi napravi pap,i togas za prv pat pravev eho,onaka da me vidi, i mi vika aj nema da go zapisam da ne go platis,mi zastedi 500 denari (laugh1) i mnogu bese srcka, me sovetuvase za kontracepciski piluli,mi dade odma 5 recepti da si zemam za tuka ,poso se poskapi. imav edna drugarka na koja i izgore kukjata,so nea i kniskata , a ovaa doktorka ja primi,ja pregleda,ne i naplati nisto povekje...stvarno bese korektna. posle nekolku meseci vo istata klinika otidov i ja smenile,stavila nekoja mlada,vrska nemase taa,mi zema bris i taa napravata mi ja ostavi 5 minuti da stoi vo mene dodeka si barase nesto,bez vrska.
a tuka sum epten zadovolna od ginekologot-me sovetuva mislam saat vreme,me informira,samo nekoi prospekti mi dava,onaka opusten e znae muabet da napravi i so mene i so mm,kaj nego odam otkako sum bremena,taka da bez mm ne sum otisla (tongue) i on e prviot ubav doktor sto sum go videla,kopija na Hugh Grant,mm me zeza vika odvaj cekas da ideme na ginekolog (thumbsup)

Anabanana
Нов член
Нов член
Мислења: 44
Придружен: 30 Mar 2011, 14:12
Им се допаднал: 2 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by Anabanana » 14 Apr 2011, 13:02

Мој матичен гинеколог е Јаким Димитров. Работи заедно со ќерка му и стварно ми се топ двајцата. Кај него сум уште пред првата бременост, он ми ја водеше цела бременост, и навистина сум задоволна.

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by mihaela » 05 May 2011, 15:20

И кај мојот матичен гинеколог пишува дека со картонче не се плаќа,но кога ќе влезам плаќам 600 ден. и тоа 350 за ехо,50 ден обичен гин.преглед и 200 ден за тоа што ќе стави малку брис на микроскоп да не има случајно некоја бактерија.Сето тоа би било ок,со оглед на тоа што детално ќе те прегледа но ако евентуално има бактерија и ако после една недела одиш на контрола за истата работа повторно зема исто пари (hair) Планирам да го сменам,но веќе ми е смачено од гинеколози и незнам кај кого да одам,сите се исти,а на државно несакам ниту да помислам а камоли да одам кај нив.

ivana28
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 30 Nov 2011, 15:46
Им се допаднал: 1 time

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by ivana28 » 13 Dec 2011, 12:00

Јас до сега одев кај Др.Никола Пановски во Аеродром и сум презадоволна од него,ама еднинствена лоша работа е што е приватен и неможе да ми биде матичен лекар,така да неможе да ми ја води бременоста.Ми го препорачаа Др.Стамболиев за матичен,па ќе пробам денес да закажам кај него зашто слушнав дека секогаш имало многу гужва,ама верувам дека нема да згрешам што го одбрав него. (confus) (confus)

ivana28
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 30 Nov 2011, 15:46
Им се допаднал: 1 time

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by ivana28 » 13 Dec 2011, 14:00

Е за кај Др.Стамболиев треба да имаш јаки живци за да закажеш.Се јавувам денес,тек во петок имало слободно (scared) И,сега ќе чекам до петок,а да знаев ќе закажев порано. (sad1)

zizel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 289
Придружен: 18 Apr 2010, 11:46
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 3 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by zizel » 13 Dec 2011, 17:12

Mene maticen mi bese Stamboliev. I super si e covekot ama mene epten me nervirase toa sto ima mnogu guzva kaj nego, nema mesto za parkiranje pred poliklinikata MVR i koga bev da mi zema brisevi, koga bev so vtoroto trudna morav jas sama da si gi nosam vo drzavna. A tamu guzvista bea. E sega jas koga ostanav so tretoto trudna nemav vreme za tolku cekanja i setkanja i resiv samo zaradi toa da go smenam. Mene maticna mi e Nadica Gerovska. POrano rabotese vo nekoja poliklinika Intermed li bese ne znam. sega si ima privatna nejzina ordinacija ama si raboti so plavi kartoni. Super zadovolna sum od nea. Posebno so si doagam na zakazano i poveke od 10 min ne sum cekala za pregled. Isto i brisevite ona gi zima i gi nosi a jas samo si se javuvam za rezultati. E sea poskapo gi naplaka ama za mene vredi. Znaci 500 e eho, brisevi se 800 i pap ednas godisno ne se naplaka. I mi izleze vo presret za cela papirologija posto vo remedika vodev bremenost a posle mi trebaa nekoi raboti od nea. Ne mi pravese problemi nikakvi. Isto strplivo mi objasnuva se so sum ja prasala. (bev kaj nea dva pati vo cela bremenos na eho dodeka bev trudna). Taka toa za mojata doktorka. POzdrav

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by Marina » 13 Dec 2011, 19:16

леле Жизел не ми се верува,е вака го дознавам ја името на мојата матична од пред 5 години (laugh1) жената е срцка,ја кога бев во интермед ми правеше ехо и не пиша дека ми правела,за да не платам 500 денари,а на една моја другарка и правеше прегледи и покрај тоа што она немаше книшка (и изгоре во пожар).кај неа бев само два пати и после си отиде од интермед,па донесоа една млада неискусна,и не знаевме со другарка ми како се вика,знаевме само Надица,сега баш ке и кажам,одма кај неа ке си закаже.од тогаш немаат гинеколог во интермед.стварно е супер жената,и компетентна и фина,секому би ја препорачала (thumbup)

zizel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 289
Придружен: 18 Apr 2010, 11:46
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 3 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by zizel » 13 Dec 2011, 20:57

MArince kazi i na drugarka ti deka ambulantata i se vika MAMA i se naoga kaj gradski park. Eve ti pustam link od facebook i tamu ke si go vidi brojot za da se javi da zakaze ako saka.

http://www.facebook.com/pages/ginekolos ... 0768254225

E bas mi e milo sto pomognav nekako. ete svetot e mal. :) POzdravce

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by Marina » 13 Dec 2011, 21:24

Фала Жизел,ја најдов и одма линк на другарка ми и пратив,технологија ради (laugh1) поздрав! (a2)

ivana28
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 30 Nov 2011, 15:46
Им се допаднал: 1 time

Re: Матичен гинеколог - гинеколог

Post by ivana28 » 16 Dec 2011, 13:17

Јас отидов кај Стамболиев,и се договоривме да ми биде матичен лекар.Само сега има некоја нова процедура за документите.Од 1 до 10 во месецот се носи книшка и картонче кај докторот па од таму си носат се што треба во фонд па имало некоја процедура,така да убаво е сите да знаете за да не го утнете рокот,зашто ако ви е итно за преглед во моментот ќе си платите приватно.Нема веќе како порано,си го бираш и дента ти е веќе матичен лекар.

Одговори

Return to “Здравје”