Re: За форумов и правила

Се за форумов. Правила на форумот, прашања, предлози, жалби и фалби итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Admin

Re: За форумов и правила

Post by Admin » 17 Nov 2009, 13:35

Правилата служат за разјаснување на одговорностите на членовите на заедницата на Твое Бебе - Форум. Почитувањето на правилата е задолжително за сите членови, а придржувањето до нив ќе обезбеди форумот да функционира непречено, како и да биде продуктивно искуство за сите членови на заедницата и за гостите.


Правила за пишување на форумот

1. Постовите пишувајте ги во соодветните подфоруми и соодветните теми. Доколку се случи повеќе пати да постирате во несоодветна тема, ќе добиете предупредување. Три предупредувања автоматски значат привремено банирање.

2. Пишувајте на кирилично писмо.

3. Постовите нека бидат напишани со почит кон останатите членови. Забранета е употреба на навредливи и омаловажувачки изрази и тон. Целта е да успееме да постигнеме пријатна атмосфера, во која ќе има почитување кон сите членови.

4. Забранета употреба на материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

5. Забранет е секаков вид на СПАМ. Забрането е линкување до други сајтови, со цел нивна реклама, како и рекламирање на други производи.

6. Kога ставате текстови наведете го изворот.

7. Доколку сметате дека некој пост е несоодветен пријавете го кај модераторите.

8. Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи, гледачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.

9. Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на нивните автори, а не на администраторите на форумот.
Ви посакуваме пријатен престој на форумот

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: За форумов и правила

Post by Debora » 19 Nov 2009, 09:04

Девојки ке ве замолам насловите на темите кои ги отворате, да ги пишувате на кирилица. Да избегнеме шаренило.

Simonova
Нов член
Нов член
Мислења: 73
Придружен: 16 Nov 2009, 22:48
Им се допаднал: 1 time

Re: За форумов и правила

Post by Simonova » 20 Nov 2009, 22:22

Го разгледав форумов и приметив дека опомента се однесува на мене :?
Јас се извинува сто темите ги поставив така набрзина и не ги писував со кирилицно писмо
затоа го молам администраторот или модераторот да ја поправат греската и темите да ги написат на кирилица само да изгледа добро форумов.
Ке ви бидам благодарна

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: За форумов и правила

Post by Annabel » 21 Nov 2009, 20:30

Мора да го поздравам изгледот на форумот, доста е прегледен...

Admin

Re: За форумов и правила

Post by Admin » 24 Nov 2009, 12:56

Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.
Ова што го цитирав е напишано со цел да не направиме место на суеверие, а во човечката природа има таква склоност, особено кога човек се соочува со проблеми.
Дури и кога за некој тоа е само забава, некој друг ќе го сфати сериозно.
Сакаме форумов да биде место на кое луѓето ќе можат да најдат помош, совет, да бидат прифатени и да се охрабрат.
Гледам тема за толкување на соништа, толкувањето е работа на психолозите. Да појаснам: за некој оваквите толкувања и соновници се само забава, друг може да ги сфати сериозно и за него да биде разочарување.
Рубриката е Опуштено, но воздржете се од отворање на теми поврзани со предскажувања (кафе, грав, астрологија итн.) и слично. Нека не биде овој форум камен на сопнување за никого.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: За форумов и правила

Post by Annabel » 24 Nov 2009, 14:31

И јас се сложувам со ова и нема да се налутам, туку и инсистирам да се избришат моите постови за сонови. Идејата е супер, нема потреба од суеверија, бајачи и гатачи.

Поздравче...

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: За форумов и правила

Post by MAMA_M » 24 Nov 2009, 15:57

јас се извинувам што се зафркавав на темата.... (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: За форумов и правила

Post by Debora » 07 Feb 2010, 22:05

Еве едно потсетување, да се обидеме да пишуваме на кирилица. (smile)
Друго, кога ставате текстови наведете го изворот, на тој начин ќе знаеме од каде е, а во исто време тоа е фер кон оној кој го напишал текстот.

Pipi
Нов член
Нов член
Мислења: 11
Придружен: 05 Aug 2011, 10:44
Location: Skopje

Re: За форумов и правила

Post by Pipi » 05 Aug 2011, 11:00

ne sakam da ne gi pocituvam pravilata na forumot, pa zatoa sakam da ve izvestam deka nemam avtomatsko pisuvanje kirilica, ako nekoj znae da mi kaze kako da pisuvam neka me izvesti.

Vera
Нов член
Нов член
Мислења: 86
Придружен: 10 May 2012, 00:03

Re: За форумов и правила

Post by Vera » 19 May 2012, 03:20

se izvinuvam i jas neznam kako da pisuvam na kirilica ...ako nekoj moze da mi objasne kako se pravi tastaturata?Blagodaram

Одговори

Return to “За форумов”