Конечно, повторно сме online

Се за форумов. Правила на форумот, прашања, предлози, жалби и фалби итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Конечно, повторно сме online

Post by Debora » 20 Sep 2015, 11:39

Конечно успеавме да го средиме форумов. (part)
Има промени, но гледавме да вратиме колку е можно повеќе од функциите.

Јас ќе се повлечам како админ. Нов админ е Сашка. Се разбира дека на почетокот ќе бидам тука за помош, но повеќе од технички аспект.

Правилата ќе треба да се почитуваат многу посериозно отколку досега. Никој не е должен да раскрева по некого што го мрзи да пише или да побара соодветна тема. Ниту Сашка, ниту Кит кет не се должни да го прават тоа, а сигурно дека имаат и други работи и се растрчани на разни страни.
Еве линк до правилата app.php/page/pravila-na-forumot Еве и ќе ги цитирам:
Правила на форумот
Правилата служат за разјаснување на одговорностите на членовите на заедницата на Твое Бебе - Форум. Почитувањето на правилата е задолжително за сите членови, а придржувањето до нив ќе обезбеди форумот да функционира непречено, како и да биде продуктивно искуство за сите членови на заедницата и за гостите.


Правила за пишување на форумот

1. Постовите пишувајте ги во соодветните подфоруми и соодветните теми. Доколку се случи повеќе пати да постирате во несоодветна тема, ќе добиете предупредување. Три предупредувања автоматски значат привремено банирање.

2. Пишувајте на кирилично писмо.

3. Постовите нека бидат напишани со почит кон останатите членови. Забранета е употреба на навредливи и омаловажувачки изрази и тон. Целта е да успееме да постигнеме пријатна атмосфера, во која ќе има почитување кон сите членови.

4. Забранета употреба на материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

5. Забранет е секаков вид на СПАМ. Забрането е линкување до други сајтови, со цел нивна реклама, како и рекламирање на други производи.

6. Kога ставате текстови наведете го изворот.

7. Доколку сметате дека некој пост е несоодветен пријавете го кај модераторите.

8. Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи, гледачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.

9. Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на нивните автори, а не на администраторите на форумот.

Е сега, многу ми е криво што испуштивме многу важни работи, како раѓањето на неколку бебиња што толку долго ги очекувавме. Кој знае, нека отвора теми со честитки, со задоцнување, но од срце. (love5)
Одвај чекам да прочитам апдејт за сите, да кажете како сте, да се напиеме по едно кафе. (kup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by Lejla7 » 20 Sep 2015, 13:03

Е колку сум среќна што Форумот се врати! (grupna-gushka)
Многу ми недостигавте сите (grupna-gushka)
Јеееееееее (jmp)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by sweety » 20 Sep 2015, 20:20

lele ne mi se veruva deka se vrati forumot tolku mnogu mi falese , non stop si proveruvav dali e vraten, presrekna moi mili najmili (jmp) (jmp)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by Lena_nela » 20 Sep 2015, 20:36

(grupna-gushka) (beer) (racinja) Ve sakam site,mnogu mi nedostasuvavte vie i forumov,no od sega se druzime povtorno kako porano (love5)

snegulka83
Редовен член
Редовен член
Мислења: 446
Придружен: 14 Nov 2013, 12:15
Му се допанале: 87 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by snegulka83 » 20 Sep 2015, 22:24

Конечно повторно заедно, ова како сите на распуст па повторно зедно од есен. Се радувам што е така. (rad) (bu)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by Maceto » 20 Sep 2015, 22:32

Јееееее конечно многу сум среќна за враќањето на форумот (jmp) Се читаме во соодветните теми со новостите (grupna-gushka)

aneance
Домашен член
Домашен член
Мислења: 602
Придружен: 08 Apr 2014, 23:21
Му се допанале: 55 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by aneance » 21 Sep 2015, 11:21

И мене многу ми фалеше форумов и сите девојки
(grupna-gushka)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by Peperutka » 21 Sep 2015, 13:04

Пресреќна сум што повторно функционира форумов,искрено сите многу ми недостасувавте (kup)
Изгубив надеж дека ќе се варти форумов но за среќа не сум била во право (pipi)
Ве поздравувам и чекам еден куп убави новости и вести (smile)

Anence66
Член
Член
Мислења: 126
Придружен: 27 Aug 2014, 11:15
Му се допанале: 34 пати
Им се допаднал: 66 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by Anence66 » 11 Nov 2015, 22:51

само да ви се приклучам и јас повтроно.. ми недостасуваше форумов цело време... поздравче до сите (rad)

loran
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 19 Nov 2014, 20:55
Му се допанале: 22 пати
Им се допаднал: 21 пати

Re: Конечно, повторно сме online

Post by loran » 22 Nov 2015, 21:05

Навистина ми е толку мило што пак се врати форумот,сосема случајно проверувам и кога гледам активен на мојата радост и немаше крај (part) (part) (part)

Одговори

Return to “За форумов”