Има промени, но гледавме да вратиме колку е можно повеќе од функциите.
Јас ќе се повлечам како админ. Нов админ е Сашка. Се разбира дека на почетокот ќе бидам тука за помош, но повеќе од технички аспект.
Правилата ќе треба да се почитуваат многу посериозно отколку досега. Никој не е должен да раскрева по некого што го мрзи да пише или да побара соодветна тема. Ниту Сашка, ниту Кит кет не се должни да го прават тоа, а сигурно дека имаат и други работи и се растрчани на разни страни.
Еве линк до правилата app.php/page/pravila-na-forumot Еве и ќе ги цитирам:
Правила на форумот
Правилата служат за разјаснување на одговорностите на членовите на заедницата на Твое Бебе - Форум. Почитувањето на правилата е задолжително за сите членови, а придржувањето до нив ќе обезбеди форумот да функционира непречено, како и да биде продуктивно искуство за сите членови на заедницата и за гостите.
Правила за пишување на форумот
1. Постовите пишувајте ги во соодветните подфоруми и соодветните теми. Доколку се случи повеќе пати да постирате во несоодветна тема, ќе добиете предупредување. Три предупредувања автоматски значат привремено банирање.
2. Пишувајте на кирилично писмо.
3. Постовите нека бидат напишани со почит кон останатите членови. Забранета е употреба на навредливи и омаловажувачки изрази и тон. Целта е да успееме да постигнеме пријатна атмосфера, во која ќе има почитување кон сите членови.
4. Забранета употреба на материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
5. Забранет е секаков вид на СПАМ. Забрането е линкување до други сајтови, со цел нивна реклама, како и рекламирање на други производи.
6. Kога ставате текстови наведете го изворот.
7. Доколку сметате дека некој пост е несоодветен пријавете го кај модераторите.
8. Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи, гледачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.
9. Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на нивните автори, а не на администраторите на форумот.
Е сега, многу ми е криво што испуштивме многу важни работи, како раѓањето на неколку бебиња што толку долго ги очекувавме. Кој знае, нека отвора теми со честитки, со задоцнување, но од срце. (love5)
Одвај чекам да прочитам апдејт за сите, да кажете како сте, да се напиеме по едно кафе. (kup)