На форумов не ми се допаѓа...

Се за форумов. Правила на форумот, прашања, предлози, жалби и фалби итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by belomorka » 19 Feb 2014, 19:04

јас мислам дека оној член кој не се уклучил на форумов од 10 дена треба да има забрана да пишува (smile) . ова го пишувам бидејки многу ме нервираат оние кој отвараат ИВФ дневници или додека да останат трудни на секој 2 минути поставуваат прашања, а кога ке си ја забршат работата, ниту ти одговараат на прашањето ниту пишуваат нешто (подршка совет и сл.) јас форумот го имам сватено како нешто што им помага на лугето да дознаат нешто, да си олеснат, да израдуваат некого, но никако не го имам сватено дека е отоврен да биде злоупотребен и да пишуваш само кога ти треба нешто и кога ке си го дознаеш баш ти е гајле за другите е тоа страшно ме нервира и затоа мислам дека треба да се блокираат тие членови и да мора повторно да се регистрираат хахаха (smile) колку сум лоша.

Mimi Bella
Редовен член
Редовен член
Мислења: 258
Придружен: 04 Jul 2013, 11:06
Му се допанале: 100 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Mimi Bella » 19 Feb 2014, 20:55

Иако можеби јас не сум доволно долго време член на форумов за да го кажам ама потполно се согласувам со Беломорка. Навистина некој го прави профилио за да си го каже проблемот а откако ке дојде до тоа што го барал го заборава форумот или пак може некој да го направил профилот само за да доаѓа до нечии информации, не велам дека секој што има постирано само по 2-3 постови е со таа цел ама јас лично и на тоа сум помислувала.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Happy^_^ » 22 Feb 2014, 03:20

Хаха истото го умам приметено и јас Беломорче но немав храброст јавно да кажам :)

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Bela » 22 Feb 2014, 11:57

Во право сте сите, така е и можеби и за мене сите би го помислиле истото, еве ја и оваа сега ќе поднесува повторно док. за ин-витро и повторо се појави тука на форумов. Но искрено не е воопшто така, јас долго време имав проблем со тоа да се најавам или од како ќе се најавев со триста маки, ќе напишев пост и од како ќе притиснев на копчето за испрати не можеше да се испрати и така се до денот кога успеав од тел. да се најавам и да пишам за проблемот што го имам. Фала на Дебора и Хапи што ми помогнаа (rad) (a2)

NadicaG

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by NadicaG » 22 Feb 2014, 13:42

се согласувам со бела,да стварно не знаеме што им се случува на повеќето девојки или какви проблеми ги снашле во меѓувреме,во секој случај право давање е како да фрлиш камен во вода ,,едноставно забораваш,,во мојот живот сум се сретнала со стотици такви луѓе да го земала тоа што им треба од мене и ги снемало,точно е дека се повредуваат чуствата,но тоа што го не го добиваме од луѓето го добиваме од Бог ,а Тој никому должен не останал (smile)
а и повеќето девојки не се во филм за дружење на форумов,повеќе го користат како извор на информации,ако се сложувате сите можиме и на слаткокафенце да го направиме наше интимно катче и болеста на нашите родители,сепак и таму многу сме отворени и интимни ,како и во нашите дневници
да мене тоа не ми се допаѓа,би сакала поголема дискреција одредени теми да имаат

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Lejla7 » 22 Feb 2014, 14:31

Еве и јас на пример понекогаш не сум слободна да пишувам секој ден...и немам многу време за да пишувам во темата за кафе, повеќе пишувам во другите теми за неплодноста...не значи дека не ве читам, но секогаш не можам да пишам во сите теми, се трудам да бидам од помош колку што можам но понекогаш немам време за кафе муабет
Белки нема да ме блокирате (cold)
Се сложувам со Надица
А за луѓето, така е понекогаш и во реалниот живот - едни доаѓаат, користат што можат, па животот ги носи во друг правец и си заминуваат од нашите животи, тоа е...не се лутам никому

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Bobe » 22 Feb 2014, 23:20

ако го изгласаме ова отидов јас у неповрат (laugh1)
се шалам,ама имам и мислење од малку поинаква гледна точка зш???еве зш :grin:
еве на пример јас се сметам за себеси редовна на форумот....е сега имало на два пати мислам моменти кога беа спонтаните,не се најавував па вториот пат дури цели 20 и кусур дена,не е дека не сум сакала да се најавам да помогнам на некому,туку едноставно беше депресивна состојбата што не бев способна ниту да делам мислење ниту да барам од некого....ова е оправдан случај нели.....не е од типот искористив,ми дадоа подршка и сега кога некому му е потребна ја нема од мене,напротив ја голтав болката дури не ни пишав пшто после загуба на плодот со цел да не го прочита некој мојот пост што би бил од најцрните (sad1) ....ова пример,имаше и еднаш не се најавував неколку денови сметката не беше платена,не за друго да одам да ја платам сакам едно 20 и кусур км,а и плус не е моја обврска,се случило на неколку наврати мм да заборави и оп јас без интернет па додека се поврзе повторно моше да потрае и цела недела,без шала......
поентата ми е дека има оправдани причини некогаш,потполно се согласувам со сите ваши постови и исправно е така,нема ни најмалку КУЛТУРНА ЕСТЕТИКА некој да се најави да ја заврши работата и чур да го снема,затоа и еве ке си кажам најдобронамерно нека не ми замерува никој,секогаш кога некој се приклучува на форумот посакувам и добредојде,одговарам и со постови без разлика од кој тип,барем онаму каде што можам.......ама со резерва сум секогаш,чекам да си покаже времето,па гледаме понатаму (smile)
е сега малку утеха,можеби сме изложени на некои теми,брак,болест....ние се изјаснуваме,си делиме подржка,разбирање,топли виртуелни прегратки (thumbsup) ......и ред други работи,можеби на некого сме му тема на кафенце од типот....еј на оној форум прочитав на таа вака и вака и се случило......ама се тоа ке помине,да ми простите на израз натрапниците ке си заминат,ама она наше вистинското добро форумско дружење ке си остане,она меѓу нас,оној што навистина му е стало до ова дружење,гушки мои другарчињаааааа (kup) (kup) (kup)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by ripcence » 23 Feb 2014, 00:36

Девојки јас мислам нема потреба да се бришат членови што ете од оправдани причини неможат да се најават на форумот, секој понекогаш има своја причина зошто не се најавил, а уште помалку вие што со години сте членови и поддршка на форумот да треба да образложувате зошто ве немало хх денови. (a2)
Редовните членови веќе си знаат кој се и се душата на форумот, оние кој се најавуваат само додека имаат мака-нека им служи на чест ним, секако одговорите и советите ќе ни користат на сите.
Мене повеќе ме збунуваат оние кој имаат свој профил на форумчево (во последно време забележувам неколку ликови) кој се со 0 постови а се онлајн редовно (confus) (confus) (confus) , не ми е сватлива поентата... ги читаат дневниците, интересни им се сликичките со храна и кафиња или тикерчињата...

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by Happy^_^ » 23 Feb 2014, 01:30

:) јас не мислев за бришење ни за блокирање :) секако е форумот направен пред се да се помогне на секој што му е потребна било каква помош :) и јас не мислев на вас мили мои, ни па на некој што се најавува поретко :) туку на некои што имале приблем, го решиле и потоа ги нема да споделат искуство, да дадат совет :)
Како и да е форумот наш е отворен за сите па среќа секогаш се наоѓа некој што помага на било каков начин ;)

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: На форумов не ми се допаѓа...

Post by RedRose30 » 24 Feb 2014, 20:58

Се согласувам дека е етички и би било од голема корист секој што го решил својот проблем да го сподели искуството, ќе помогне на многумина, сигурна сум. Меѓутоа има различни луѓе и различни причини зошто останале или не останале на форумот. Па еве си тргнувам и од мене самата, форумов го најдов случајно, барајќи информации во врска со неплодноста, па полека полека форумџиките ми станаа едни од најдобрите пријателки. Ама, не би се лутела и на некој што ќе постапи спротивно. Сепак сметам дека е право на избор. Ова е форум и не не обврзува со некаква редовност.

Ете и со Надица го правевме муабетот на првата средба. Се зачленивме на форумов со една идеја, да се информираме за нашите проблеми, а членувањето всушност доби сосема друга димензија, уште подобра, се развија нови пријателства.
А доколку би имало можност за некакви поинтимни катчиња за редовни членови и јас сум за нив.... Впрочем мислам дека и сум налетала на едно такво ... нешто како „Во доверба“ (scratch)

Одговори

Return to “За форумов”