Предлози

Се за форумов. Правила на форумот, прашања, предлози, жалби и фалби итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Предлози

Post by Debora » 01 Jun 2013, 12:39

А како ќе го изрегулираме тоа САМО општи бебешки муабети да биде САМО? (smile) Ако сакаш прати ми ПП и кажи ми што мислиш и како ја замислуваш темата.

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Предлози

Post by Marina » 09 Jun 2013, 17:55

Ниедна мајка,а поготово новопечена мајка,го нема тоа време да шета низ теми за да извести за нејзиното секојдневние.Во тој контекст,општа тема за мајки е добро решение,како и да се вика.Ако една мајка сака да се пофали дека на детето му пораснало запче,да се пожали дека мажот заборавил да купи леб и да праша што да прави со стриите од бременоста бесмислено е да пише на три различни теми.Ако администраторите сметаат дека многу од тие муабети се корисни тогаш нека ги копираат (не преместуваат) тие мислења во соодветните теми.Многу време ќе им се заштеди да се прави ова,а не да се опоменува при секоја ситница.И на овој начин мајката ќе може верно да си каже што и се случува и да се опушти на раат на форум со други мајки,без да повредува некои правила-или нечии суети...

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Предлози

Post by Debora » 09 Jun 2013, 21:16

Среќа што немајките имаат премногу слободно време за да ги отвораат и да пишуваат во соодветните теми, инаку форумов ќе имаше само 2 теми: за мајки и за немајки.
Уште поголема среќа е што суетната админка на форумов е немајка и нема друга работа, освен да ги копира постовите на мајките (патем ќе биде пресреќна што ќе знае кога мажите на мајките заборавиле да купат леб) и да ги разместува во соодветните теми - заштедувајки им нив време.
За жал, сеуште не го сфатила тоа, па предлогот се одбива.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Предлози

Post by kit-kat » 09 Jun 2013, 21:38

Не знам зошто се фативте за таа тема.
Си имаме милина кафе муабет тема во која безрезервно се дружиме,се фалиме,се жалиме,без разлика дали сме мајки или сме на пат до тоа.Толку спонтано кажуваме за нашите дечиња,први запчиња,миленичиња...
Малку навредливо е таквото делење.
Ова е само мое мислење.Не сакам никого да навредам.
Тука е толку опуштено,топло и пријателски,отворено за секој кој си оди и враќа,без замерки и тензии.

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Предлози

Post by Bobe » 09 Jun 2013, 22:25

Najdobronamerno mislam deka I nie 'ispeceni idni majki' mozeme da iscrpime, naucime nesto od majkite koi go spodeluvaat toa so nas,nivnite iskustva bez razlika losi ili dobri,jas licno im BLAGODARAM.....sepak sajtot nosi naslov tvoe BEBE,koj ima da im se zdravi I zivi, koj nema a se odbiduva, saka......da ne dolzam mnogu jas kako clen bi sakala da citam I ponatamu za majkite nivnite bebcinja,decinja(angelcinja)...no sekako bi sakala I majkite dokolku se vo moznost da me procitaat I da mi dadat sovet,spodelat iskustvo,bilo sto ....sto vodi do patot kon moeto BEBE
So Pocit...... (smile)

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Предлози

Post by Marina » 09 Jun 2013, 23:16

Форумот не е тука да се забавуваат администраторите,туку да се искаже човек и да си направи муабет,и мене ако денес детето не ми јадело,ручекот ми загорел,ако сум ненаспана до бескрај,тогаш фактот што мм не купил леб е голема трагедија и ако сакам да се искажам ќе го направам тоа,ако некој не сака да чита не мора. И да имаа сите исти проблеми и случувања ќе имаше само една тема за се и сешто,ама не,има за се,освен за мајчински муабети,проблеми,случувања.
Времето искористено на опоменување и смислување смешни правила е исто изгубено време. Кит-кат еве кажува дека кај кафеџиките спонтано се разврзуваат теми, дека е општа тема и ништо не е забрането,па и како ни се мајките беше општа па се затвори!
Суетната админка колку што знам јас е мајка и ја затвори темата без подетални објаснувања,чинот беше од лична природа и тотално непрофесионално од човек кој се нафатил да води форум и чија единствена цел би требало да биде информираност на ниво и задоволни членки. А во таа тема ги имаше овие работи.Ако самата на себе не сака да си го признае тоа и ако ова мислење ќе биде избришано,не значи дека нема вистина во него.
А и јас зборам цинизам,и тоа течно.

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Предлози

Post by Marina » 09 Jun 2013, 23:28

Уствари ништо,џабе се обидувам да објаснам,не бев сфатена тогаш,не знам зашто нешто би се сменило до сега.барем се обидов.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Предлози

Post by kit-kat » 10 Jun 2013, 08:13

Марина ти пратив пп.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Предлози

Post by kit-kat » 08 Jul 2013, 22:10

Имам еден предлог.
Кога ставаме слики од храна,да бидат цензурирани за труднициве,бидејки им правиме стрв.Па гледам трчаат по мајки,золви,свекрви да им готват од послужњното.
СЕ ШАЛАМ (laugh1) (laugh1) (laugh1) (rolll) (rolll) (rolll)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Предлози

Post by Debora » 08 Jul 2013, 22:28

Погрижлив модератор ниту имало, ниту ќе се најде. (rolll) (rolll) (rolll) (kup)

Одговори

Return to “За форумов”