Page 2 of 2

Re: Безглутенска диета

Posted: 04 Nov 2013, 21:08
by Debora
Мојот апдејт. (smile) После речиси полни 2 месеци без глутен пред 2 дена лапнав еден бурек, па денес уште нешто... непцата пак ми се воспалија, инаку хронично си беа воспалени порано. Се враќам на безглутенска исхрана. (smile)

Re: Безглутенска диета

Posted: 05 Nov 2013, 07:18
by belomorka
мила за непцата да користиш лакалут паста за заби поскапа е ама стварно помага и моите непца се постојано воспалени, и сега наместо лакалут имав купено некоја нова паста австралиска и се зезнав.

Re: Безглутенска диета

Posted: 05 Nov 2013, 08:14
by Debora
Беломорче сум користела и лакалут и пак ништо, ама изгледа е автоимуно и затоа без глутен се смирија.

Re: Безглутенска исхрана

Posted: 18 Mar 2014, 11:48
by Lejla7
Ова денес го прочитав
http://www.bebac.com/vesti/istine-i-zab ... oj-ishrani
Значи ако ја немате болеста наведена во текстот поврзана со глутенот и ако немате потврдена дијагноза за алергија на глутен, нема потреба да се избегнуваат намирници со глутен. Впрочем, ова е и доста скапа диета, па беспотребно не би требало да се применува

Re: Безглутенска исхрана

Posted: 18 Mar 2014, 11:52
by Debora
Значи неколку месеци (до пред 2-3 недели) бев на безглутенска исхрана и се чувстував како да имам 20 години. Во последните 2-3 недели се нафрлив на бурек и пак ми се вратија некои неугодни симптоми. Инаку воопшто не се работи за скапа исхрана, овошје, зеленчук, манџи, месо ... се исфрлаат само житариците кои содржат глутен.
Од денес се вратив на без глутен. (smile)

Re: Безглутенска исхрана

Posted: 18 Mar 2014, 11:59
by Lejla7
Изгледа за скапото се мисли на егзотичните житарици што ги спомнуваат како и житните преработки - леб,тестенини и сл. без глутен, мислам дека тие се поскапи
Линкот го ставив за да им се најде на лаици како мене кои за секој симптом си наоѓаат болест и алергија, па и причина за неплодност (laugh1) А всушност многу ретко било ова заболување

А штом ти се чувствуваш подобро, зошто да не си ја примениш штом ти е изводливо. Јас лично без бурек повремено не би можела да живеам (laugh1) и моето мото е - Се во умерена количина, без ограничувања (но без претерување), така функционирам подобро, без забрани (smile)

Re: Безглутенска исхрана

Posted: 18 Mar 2014, 14:01
by Debora
На линкот што си го ставила зборува за целијакија, која е ретка. Но во последните години се покажа дека многу поголем број болести се поврзани со нетолеранцијата на глутен. (имам погоре ставено линк што кажува дека се документирани над 200). На пример, јас немам целијакија, ниту дигестивни проблеми, но кај мене се јавуваат воспалителни процеси, што понатаму си носат своја каскада.
Како што пишала Хепи кумулус погоре, кој сака да проба се исфрла неколку недели глутенот и се гледа дали има подобрување. Ако нема, човек пак се фрла на јадење бурек. АКо има како во мојот случај, паметно е да се воздржи од тоа. Значи никој не вика дека глутенот прави проблеми кај 100% од луѓето, меѓутоа тој % е многу поголем од тоа што се мислеше порано и не станува збор само за целијакија.
На пример случаи со хашимото што не можат да се подобрат со лекарства, често пати се подобруваат со исфрлање на глутен или како што веќе ХК спомнала и за аутистичните деца итн.
Кој сака може да проба, кој е задоволен од својата исхрана и здравје не мора проба. Ништо страшно.

На видеово е едноставно објаснето од каде пробелматичноста на глутенот:

phpBB [video]

Re: Безглутенска исхрана

Posted: 18 Mar 2014, 17:50
by Lejla7
Debora wrote: Кој сака може да проба, кој е задоволен од својата исхрана и здравје не мора проба. Ништо страшно.
Па истото го кажав и јас. Далеку од тоа да забранувам некому да си прави како што наумил или мисли.