Црна листа на производители на ГМО

Исхрана, здрава храна, лекување со храна, додатоци во исхраната итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Црна листа на производители на ГМО

Post by Радост » 08 Aug 2013, 11:44

Добар ден. Иако не е многу добар, главата ме растура ... не знам на кај да фатам.

Сакав да постирам еден корисен линк за црната листа што ја објави Greenpeace за производителите на ГМО ама не успеав да ја најдам соодветна тема, па еве овде ќе го ставам линкот:
http://www.translationdirectory.com/sen ... s_list.pdf

Мене коса ми се крена кога видов колку од бебешки и детски производи се годинава на листата. Нестле и Хип скоро се им е ГМО. Бог нека не чува, нема назад за светот.

Се приметува дека сум лута на цел свет денес? (rolll)

Бидете добри, се читаме попосле. (kup)
Last edited by Debora on 08 Aug 2013, 12:07, edited 2 times in total.
Reason: Ја раздовив темава

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by Радост » 08 Aug 2013, 12:17

Фала Дебора. (a2)

Кога веќе има посебна тема, еве еден од најкорисните документарци, доколку некој сака подетално да слушне/виде:

eUd9rRSLY4A

Еве и еден друг за оние кои имаат проблем со јазикот:

_NHrtIsbFTo

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by Debora » 08 Aug 2013, 12:33

Радост фала ти тебе за споделените информации, ова е премногу важно за да не се вика на цел глас за тоа што се случува. (a2)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by Debora » 14 Aug 2013, 23:18

Страшно со што се хранат бебињата, веќе ги има компаниите на листата од Радост (Гринпис де), ама за жал не се само тие. (cry)
http://tv.greenmedinfo.com/consumer-ale ... gredients/

ilovebabies
Домашен член
Домашен член
Мислења: 597
Придружен: 05 Apr 2012, 23:53
Му се допанале: 159 пати
Им се допаднал: 194 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by ilovebabies » 14 Aug 2013, 23:25

se zaprepastiv, navistina strasno !! (unsure)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by Радост » 14 Aug 2013, 23:52

Никако не може да ми помине гневот. Ужас. Проклет да е тој што живее само за да прави милиони врз грбот на невини суштества.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by kit-kat » 15 Aug 2013, 12:50

Се згрозив страшно (comp) (comp) (comp)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by carina » 15 Aug 2013, 14:52

Убави за око, невкусни за јадење. Такви се доматите кои се одгледуваат кај нас последните неколку години. Ретко некаде може да се најдат домати какви што беа некогаш – меки и вкусни. Сегашните имаат тврда зелена внатрешност, најчесто без мирис и соодветен вкус и со дебела лушпа, пишѕжувца Утрински весник.



Што се случи со нашиот традиционален домат? Македонија, позната како земјоделска земја, е препознатлива токму по квалитетниот зеленчук и овошје. Стариот „јабучар“, вкусен и благ, со мирис на вистински домат веќе исчезнува од нашите трпези. Неговото место го заземаат странски, хибридни домати, со убав изглед, но лош вкус.

„Купувам по два-три домати за да видам дали се вкусни и зрели. Ако се добри, ќе купам поголема количина, ако не ќе барам друг продавач“, вели скопјанецот Миле Тодоров. Тој вели дека продавачите на зелените пазари во градот се свесни за револтот кај граѓаните кои се принудени да купуваат неквалитетни домати.

„Кога ќе забележат дека сакам да купам домати, веднаш ми велат повелете, овој домат е од старо семе, наше домашно“, вели Тодоров. Но, сепак, и меѓу тие домати речиси секојпат се наоѓа по некој со зелена и дрвена внатрешност.

Незадоволството на домашните купувачи треба да ги загрижи и производителите, но и надлежните институции. Македонија набрзо ќе го изгуби приматот на производител на врвни земјоделски производи доколку не ги задржи автохтоните сорти по кои е позната. Доматот, пиперките, зелката, лубениците, грозјето, јаболката… тоа се најдобрите производи кои ги раѓа македонската земја и кои заземаат најголем дел од извозот на свежи производи. Домати од хибридни семиња можат да се произведуваат насекаде во Европа, но не и нашиот „јабучар“.

Причината за исчезнувањето на познатиот струмички „јабучар“ од нивите во Струмичко, кој се карактеризираше со розова боја и вкус на вистински домат, експертите ја гледаат во трговската логика и потребите на пазарите надвор од Македонија. Доматите произведени од хибридни семиња се поиздржливи за транспорт и нивниот рок на траење е повеќе од еден месец.

За враќање на автохтониот македонски и струмички домат на нивите, експертите велат дека е потребна стратегија за развојот на семенарството, која сега ја нема. Моментно над деведесет отсто од семето за производство на градинарски култури е од увоз, најчесто од Холандија.

„Македонија како добар производител на градинарски производи треба да овозможи производство на сопствен семенски материјал во наши услови, кој не само што ќе биде погоден за нашиот туку и за европскиот пазар“, вели д-р Ристо Вучков.

Според стручњаците, доматите со тврда зелена и дрвенеста внатрешност не се штетни за здравјето на луѓето. Нив повеќе ги загрижува неконтролираното користење пестициди за заштита на културите од болести и непридржување до упатството за времето кое треба да помине од последното третирање до бербата и понудата на пазар.

Инаку, во последно време на пазарите на мало во регионот се барани доматите произведени во Радовишко, кои имаат многу мала количина дрвенеста маса и се произведуваат на отворено. Исто така, помал број производители почнаа да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени улови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена.

извор: Утрински весник

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by carina » 15 Aug 2013, 15:26

Од октомври животните во државава може да се хранат со генски модифицирана храна. Правилникот за условите за издавање одобрение за ставање во промет на ГМО-храна е готов и пред неколку дена е излезен во „Службен весник“. Во Агенцијата за храна велат дека правилникот е само синхронизиран со европските закони и дека Македонија не е ништо различна од другите земји, пишува Дневник.

За нецели четириесетина дена сите фирми што се заинтересирани за увоз, со посебно одобрение може да увезуваат и произведуваат храна за животни што содржи ГМО.

- Храната наменета за животни, која содржи ГМО, не треба да има негативни влијанија врз здравјето на луѓето, да е правилно декларирана, а увозникот или производителот мора да има посебно одобрение од Агенцијата за храна кое важи десет години од денот на донесување. Фирмата што увезува или преработува ваква храна мора веднаш да ја извести Агенцијата ако за одредена храна што се користи кај нас, а е ГМО, има забрани или ограничувања во ЕУ – стои во правилникот.

Посебно обележување на сточната храна не е потребно ако таа во својот состав има помалку од 0,9 отсто храна произведена како ГМО. Во спротивно, на декларацијата мора да стои дека крмната смеса е генски модифицирана.

Професор од факултетот за земјоделство Борис Анакиев, за Дневник вели дека е многу краток периодот за да може да се види штетното влијание на оваа храна врз животните, а индиректно и врз луѓето кои пијат млеко и јадат месо добиено од животни хранети со ГМО.

- Во земјава масовно влегува месо од Аргентина, а таа е една од најголемите производители на ГМО. Рано е да се зборува за тоа какви ефекти има оваа храна, бидејќи поминати се само петнаесетина години. Битно е засега само да има регулатива за тоа што е дозволено, а што не кај нас и таа да се почитува – дециден е Анакиев.

За земјоделците најбитно е што ќе се случи со домашната сточна храна. А за штетноста од неа оставаат да решаваат експертите.

- ГМО-храната е голема конкуренција за нас. Таа е далеку поевтина од пченката или јачменот што се произведуваат кај нас. Ако се дозволи, масовно ќе се увезува храна за животни и тогаш нашата ќе остане по нивите – вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Граѓаните мора да се заштитени и да им се даде избор дали ќе јадат ГМО-храна, посочуваат нутриционистите. За нив повеќе од веројатно е дека на пазарот има храна со ГМО, особено кај онаа од животинско потекло, која не доаѓа од ЕУ.

- Ако животното е хрането со пченка или со соја со ГМО, тоа значи дека месото, путерот или сирењето добиени од такви животни може да содржи генетички модифицирани организми – објаснуваат тие.

Извор – Дневник

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Црна листа на производители на ГМО

Post by Debora » 15 Aug 2013, 15:28

Само уште ГМО домати да донесат, се надевам дека барем тоа го нема сеуште.
Има ли во Македонија регулативи за ГМО? Смее, не смее? Етикетритање на таквите производи? Не дека кај нас се почитуваат законите, нели.

Читав за една мајка во Америка, и се заканува државата дека ќе и го одземе детето оти му давала свежо козјо млеко наместо формуливе со ГМО и пестициди. Лудило. (ner)

Одговори

Return to “Здрава храна и додатоци во исхраната”