Page 1 of 2

Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 11:14
by Vesela
Девојки оваа тема ја нарков вака, бидејчи навистина незнам веќе што е здраво , а што не да се јаде ( со исклучок на брза храна, кокла кола и останата ѓубре храна).
Денес на интернет прочитв од Др. Јадранка Бибан дека рибата била исклучително штетна да се јаде?! Спротивно на многу верувања дека рибата е добра за крвните садови и срцето, таа имала обратно дејство (scared) и никако не смее да се конзумира, особено што рибата во себе ги апсорбирала сите отрови од водата, која е загадена???
Навистина сум веќе збунка.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 11:20
by Радост
Јас искрено, генерално за рибата немам сретнато вакво мислење до сега. Конкретно имам читано за Пангата дека не треба да се конзумира: http://www.whytraveltofrance.com/2008/0 ... at-matter/
Впрочем најпрепорачливо било да се јаде риба од локални места.
Навистина за многу работи и јас веќе не знам што да мислам.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 11:26
by Debora
Рибата е одлична заради омега3, само да не се јаде во големи количини оти може да има жива - особено големите морски риби имаат повеќе акумулирано жива. (ајкули, сабјарки и сл (smile) ) Еве кои риби се препорачува да се јадат повеќе, а кои ич http://www.nrdc.org/health/effects/mercury/guide.asp
Риба 2 пати неделно е супер, иако јас не можам да се натерам на тоа. (re)

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 11:35
by Ninushka
До пред година дена,кога вежбав професионално рибата мораше секојдневно да ми е оброк,така да туна конзервите ми никнаа во стомак 5 год по ред,и можам слободно да ви кажам -сепак живата не е толку количински застапена за да е штетно и нездраво. Но од лично искуство ке ви кажам дека 3 гр протеин на 1 кг тежина доведува до сериозни проблеми со желудникот. Тоа беше и причината поради која не излегов на натпревар 2009 год.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 12:03
by Debora
Нина конзервите се дополнително штетни и заради тоа што се конзерви и како такви се извор на фталати и БПА - кои пак се особено штетни. За да успееш во тоа професионално вежбање можеби требало да се храниш така, ама тука зборуваме дали е здраво.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 12:11
by Vesela
Јас воопшто не сум по рибата, т.е не јадам риба никаква, ама ме зачуди ставот дека не е зрдава, а обично се пропорачува како единствен извор на месо да се консумира.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 12:32
by Ninushka
Здраво? Четврт бурек со месо и јогурт од сабајле. Е за мене тоа е здраво dance најздрава се осекам тогаш (brows)
Така е Деборче, тој спорт си бараше огромна жртва. Затоа и се повлеков.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 13:15
by Debora
Уште нешто што мене ме мачи, мислам дека веќе е многу тешко да се најде нешто здраво - заради загаденоста на средината, пестиците што се употребуваат без усул, не се почитуваат каренците, почвата веќе е иструена... не знам каде има нешто здраво. Можеби ако сам си одгледуваш нешто на некоја планина.
Лично сум слушала како лиценцирани "органски произведувачи" исто така прскаат, оти никој нема да знае - ужас. (ner)

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 13:26
by Vesela
Јас воопшто не верувам во тие што се прокламираат за лиценцирани органски проиводители. Според мене тоа е голеа измама. Во денешни услови нема каде да се одгледува ораганско производство и сум 100% убедена дека само е маркетиншки трик.

Re: Што е здраво , а што не?

Posted: 05 Dec 2013, 15:23
by stela
Ne znam sto e zdravo ama znam deka e nezdravo da se stava 24m zavesa u salon (ner) (ner)