Page 1 of 1

Отрови во храната

Posted: 12 Oct 2010, 17:16
by Debora
Погледнете го видеово, накратко зборува за аспартамот, генетски модифицирана храна, флуор итн.
За сите овие можат да се најдат многу студии што покажуваат дека се канцерогени, предизвикуваат неплодност итн. Кога ќе имам време ќе барам.

MSpkLk0vYmk

Re: Отрови во храната

Posted: 14 Oct 2010, 12:33
by Debora
Во многу "природни" препарати за слабеење има штетни фармацевтски додатоци, кои се разбира дека не се наведуваат на декларацијата. http://news.yahoo.com/s/livescience/201 ... licitdrugs , а тек оние кои не се "природни".

Еве ја темата и за емулгаторите http://forum.tvoebebe.com/viewtopic.php?f=45&t=135

Продолжете да пишувате.

Не е можно отровите да се избегнат, ама може барем да ги намалиме. Ако не заради нас, заради нашето потомство кое ќе расте во нас. Она што го јадеме во текот на животот, не само во бременоста, се одразува на здравјето на неродените деца.

Мене особено ме нервира што дури и во бебешката храна има еден куп хемикалии. (banging)

Re: Отрови во храната

Posted: 21 Jan 2011, 21:38
by Peperutka
После повеќегодишно истражување група нутриционисти објавија кратка листа со петте најштетни намирници.Листата гласи вака....

1.Засладени газирани пијалоци
Направени се во главно да предизвикуваат жед ,а не да ја гасат жедта.Содржат големо количество на шеќер , една чаша кока кола е еднакво на 5 лажици шеќер.

2.Чипс
Чипсот е чист отров , посебно чипсот кој е составен од чист пире-компир.Чипсот во главно е составен од јаглехидрати, масти, и голем број на адитиви кои се многу штетни за нашето здравје.

3.Слатки
Разни мали чоколадца и други благи работи кои содржат големо количество на шеќер , но и многу додатоци кои ни отвараат апетит за повторно да земеме од нив.

4.Салами, колбаси, мортадели , паштети ...
Овие намирници содржат големо количество на конзерванси кое е исто така доста штетно ,а содржат и доста масти кои се му штетат на крвниот притисок .

5.Месо со големо количество на масти
Месо кое содржи големо количество на маси (пржено) е многу штетно и може да предизвика затнување на крвните садови па и срце удар.

Re: Отрови во храната

Posted: 22 Jan 2011, 18:43
by Petra
Токму така, не е можно отровите да се избегнат, но можеме на минимум да го сведеме нивниот внес во организмот. Овие факти не се за занемарување, отровите можат да остават сериозни последици врз нашето здравје и врз здравјето на нашите деца. Отсега почнувам да внимавам со што се храниме, имаме одговорност за нашиот организам.
Темава е супер ќе ни користи при изборот на храна.