Диети

Исхрана, здрава храна, лекување со храна, додатоци во исхраната итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Диети

Post by Debora » 21 Nov 2009, 10:26

Дали држите диети и какви?
Јас не можам да држам диета и да ослабам, напротив ако речам дека сум на диета се поправам. Ако решам нешто да не јадам затоа што е калорично, уште повеќе сакам да го јадам баш тоа и го јадам. Она што функционира за мене е да внимавам да не јадам премногу, ама не си ставам ограничување дека нешто нема да јадам.
Како се справувате вие со вишокот килограми?

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Диети

Post by Kjara » 22 Nov 2009, 18:52

Диетиии аууууу (unsure) никако да почнам (sad1) Пред неколку години ја држев диетата на Вита Диет Клуб и ослабев 25 кг а после тоа полека полека ги вратив (unsure) . Исто така пред неколку месеци пиев Кирколина чај ама никогаш веќе не би го пиела. Највеке верувам во диетите на природна база ( повеќе овошје и зеленчук а помалку благо и тестенини) ама никако да почнам.

taci83
Член
Член
Мислења: 239
Придружен: 14 Nov 2009, 00:57

Re: Диети

Post by taci83 » 23 Nov 2009, 23:23

jas sum na dieta otkako znam(cel zivot) prethodno mi uspevase a otkako ja rodiv kerka mi tesko ama sekogas prirodna dieta blago ne jadam(a toa mi e omileno,tesko se vozdrzuvam)a segogas imam domasenprigotven sok od cveklo,limon i morov

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: Диети

Post by MAMA_M » 24 Nov 2009, 09:50

држев пред некој месец (90-дневна, или популарно ОН диета), ама ја баталив на пола пат : )))

пред две-три години ја држев истата и тогаш ослабнав 14 кг. успеав да ги задржам се до повторното забременување.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Диети

Post by Petra » 26 Nov 2009, 09:38

ЈАс не можам да држам диета.Не сум дисциплинирана.Тогаш напротив ќе јадам повеќе и ќе имам спротивен ефект. (rolll).

Mechevska
Нов член
Нов член
Мислења: 92
Придружен: 26 Nov 2009, 18:30

Re: Диети

Post by Mechevska » 28 Nov 2009, 13:29

Верувам во диетите на природна база ( повеќе овошје и зеленчук а помалку благо и тестенини)На пролет и налето држев и ослабев со 10 кила и успеав да ги задржам до сега.Инаку права и др диети ама држа 1 недела и после тоа одма ги вратив (unsure)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Диети

Post by Debora » 21 Dec 2009, 09:28

Вчера открив дека за еден месец сум "успеала" да ставам 4 кила. (cry1) Не знам како, веројатно што повеќе време сум дома. Ќе мора да припазам малку.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Диети

Post by Annabel » 21 Dec 2009, 18:36

И јас сум се поправила повеќе одошто треба, срам да ми е. Женски, ова е знак дека сме заглавиле многу дома по интернетов. Треба да се движиме повеќе....Мене лек ми е да се вратам на работа, ќе ослабам барем 3 кг за една недела.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Диети

Post by Debora » 21 Dec 2009, 19:03

Се согласувам целосно со тебе, на интернет не се трошат многу калории. Ама кога ќе ми текне колку е студено... пак сакам натре. (sad1)

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Диети

Post by Annabel » 22 Dec 2009, 02:44

Ех Дебора, некако не можам да станам од компјутерот (smile), а погледот ми е директно свртен кон Орбитрек-от кој веќе почнав да го доживувам како дел од ентериерот, а не како спортски реквизит (thumbsup). Додуша јас не сум во состојба да вежбам, ама зборувам и за периодот пред да останам бремена.
А мм е најинтересен, наместо диета, реши да вежба, па покрај Орбитрек-от во дневнава си наредил тегови. И ниеднаш ги нема дигнато, само јас ги поместувам (ги тркалам) за да усисам или да ја избришам прашината од нив....(smile)

Одговори

Return to “Здрава храна и додатоци во исхраната”