Диети

Исхрана, здрава храна, лекување со храна, додатоци во исхраната итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Диети

Post by Marina » 03 Dec 2012, 19:13

Имам одамна пишано и за УН и за оваа со делење на намирници-беломорка ја имам книгата со рецепти,ако треба нешто пиши,има милион варијанти и е најдобрата диета што сум ја пробала во живот,а верувај ми ги има многу (laugh1) најважно е да се одржат тие 5 саати пауза,ама не е тешко со толку обемен доручек.има многу јадење,ако јадеш малку нема да ослабеш (thumbup)
Симит може да ручек ,за доручек треба благо или вегетаријански намази со леб.еден од предлозите за доручек од книгава е 5 големи тост лепчиња со нутела,сок од портокал,кафе. (w1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Диети

Post by Debora » 03 Dec 2012, 21:53

Marina wrote:еден од предлозите за доручек од книгава е 5 големи тост лепчиња со нутела,сок од портокал,кафе. (w1)
Одма се фрлам на диета. (rolll) Ептен ме убедивте. (rolll)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Диети

Post by belomorka » 04 Dec 2012, 16:12

Дебора да те информира, дека за една недела ослабнав 500грама, но да не заборавиме дека денес добив и дека примам хормони, а знам дека идната недела ке имам сигурно 3 кг помалку, бидејки во обемот окулу струкот осекам дека сум намалена (smile)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Диети

Post by belomorka » 11 Dec 2012, 22:12

денес пак се мерев и оваа недела сум ослабнала 1 кг и 300 грама
(smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Диети

Post by Debora » 11 Dec 2012, 22:24

Браво Беломрка, за една недела 1,3 кг е супер бројка. Ова е дефинитивно најпримамливата диета. (thumbsup)

Pcelka
Нов член
Нов член
Мислења: 75
Придружен: 18 Sep 2012, 22:56
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Диети

Post by Pcelka » 13 Dec 2012, 01:14

OF lele pusta dieta na sedmi ovoj mesec se staviv na proteinska dieta so 68.2 kg deneska mi e 6 den otkako ja drzam i veruvale ili ne koga stapnav pregeska na vagata pokaza 64.0 celi 4.2 kg sum oslabnala,ja imam drzeno ovaa dieta i predhodno i sum imala sekogas brzi ubavi rezultati ovojpat so mm bevme oblozeni deka za edna nedela ke dostignam 64.0 i ako se sluci toa da mi poraca Medobil Exra slim oti imam uste visok sakam 55kg da bidam a nemozam so dietava da prodolzam em ne e bas zdrava em ne mozam da mu odoleam na cokolatcata grickite itn sto se zabraneti vo dietava i taka pregeska mm go viknav i samiot vide 64.0 i mi vika aaaaa i utre da bides volku da se osiguram poubavo pa togas ke ti poracam (laugh1)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Диети

Post by belomorka » 14 Dec 2012, 07:28

пчела мојава диета има и колачиња и се што сакаш пробај ја неа викаат потоа не се врака килажата

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Диети

Post by belomorka » 20 Dec 2012, 07:27

само да ве известам дека јас ослбнав оваа недела уште 1 кило

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Диети

Post by Mamino_srce » 04 Feb 2013, 15:05

ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА(од болница-Кардиологија) ГАРАНЦИЈА 100%

Доручекот е ист во текот на 15 дена,а се состои од 1 овошје (портокал,круша,праска,диња,лубеница,не смее банана и грозје) двопек,шоља кафе или чај без шеќер.

1 ден

Ручек


1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

2 домати или 2 дл.варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 двопек

2ден

Ручек


1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер


3 ден

Ручек


1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер

4 ден

Ручек


125 гр.кравјо сирење
1 домат
1 двопек

Вечера

125 гр. варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 двопек

5 ден

Ручек


200гр.варено месо или риба
1 домат
1 двопек

Вечера

1/2 кг.варен зеленчук(морков,грашок,компир)
1 варено јајце
1 двопек


НАПОМЕНА:Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со вегета,6 и 7 ден се без диета. За време на диетата не се пие алкохол.
После 5 ден се губат 2,5 до 5 кг,а по два дена се повторува 3 пати по 5 дена и за 15 дена се губат без последици по здравјето 15 кг.,и нема да се вратат во колку по диетата јадете нормално освен секој понеделник:
Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек : 1 јаболко,1 двопек
Вечера : 1 варено јајце,1 домат,1 двопек


Наведените намирници може да се земаат топли или ладни но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не изостави ниту еден,ако не се земаат по редослед или се промени некоја намирница нема да се постигне саканиот ефект.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Диети

Post by Mamino_srce » 04 Feb 2013, 15:10

Еве женски и тука да споделам за диетата, гледав дека ја нема па ја постирав.

Денес ми е прв ден со оваа кардиолошка диета. Добро се чувствувам освен што сум малку повеќе поспана, ама после јајцето и канче кисело млеко се дигнав ко да сум појела печено прасе (laugh1) Се одлучив за неа бидејќи сепак содржи се што е потребно за организмот за дневен внес од јагленохидрати, протеини, витамини итн. А и после 5 дена имаш одмор од диетава (laugh1)
Би сакала да симнам 5 кила максимум и се надевам дека со продолженото вежбање нема да ми се вратат, бидејќи планирам да продолжам со вежбање за секогаш (laugh1)

Одговори

Return to “Здрава храна и додатоци во исхраната”