Во нашиот јазик негацијата „не“ се пишува разделено само кај глаголите и кај глаголските прилози, а во сите други случаи (придавки, прилози, глаголски именки) се пишува слеано.
Значи вака се пишува правилно:
- разделено со глаголи: не може, не сака, не знае, не размислува
- разделено со глаголски прилог: не сакајќи, не знаејќи, не можејќи ...
- слеано со придавки, прилози и именки: непријатен, несвесен, неумен, неподготвен, недалеку, нечовек, непријател, невистина, неубав, недобар, некоординиран ...
Правопис
Moderator: Модератори
-
- Домашен член
- Мислења: 736
- Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
- Му се допанале: 89 пати
- Им се допаднал: 75 пати
Re: Правопис
Post by Hera » 10 Oct 2012, 13:08
Префиксите по- и нај- за образување компаратив и суперлатив се пишуваат слеано.
добар, подобар, најдобар
висок, повисок, највисок
Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
првпат, вторпат, двапати, многупати, секојпат, дваестпати, сто седумдесетпати
Разделено се пишуваат:
сè уште, на пример, од сè срце.
мајка ми, татко ти, брат му, баба ви
Мислам дека овие се најчестите грешки што ги правиме ... па ќе си ги поправиме. (smile)
добар, подобар, најдобар
висок, повисок, највисок
Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
првпат, вторпат, двапати, многупати, секојпат, дваестпати, сто седумдесетпати
Разделено се пишуваат:
сè уште, на пример, од сè срце.
мајка ми, татко ти, брат му, баба ви
Мислам дека овие се најчестите грешки што ги правиме ... па ќе си ги поправиме. (smile)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Правопис
Post by Petra » 08 Nov 2012, 11:02
Искрено мене не ме нервираат туѓите правописни грешки. Прифаќам како е така е. Ако нешто не разбирам ќе прочитам повторно за да ја разберам пораката. Ниту пак говорните, можеби некогаш е смешно ама пак не со став на критицизам, туку така интересно ми е. Не можам да ја барам раската во очите на другите а кај мене греда... (smile) Се прават грешки од брзање, не внимавање, не знаење итн...Јас правам грешки, не пишувам често и ми се случува да се збунам, па грешам со интерпукциските знаци, во пишувањето. Ама важно пишувам, се дружам. (thumbup)
-
- Домашен член
- Мислења: 854
- Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
- Му се допанале: 7 пати
- Им се допаднал: 17 пати
Re: Правопис
Post by Lady D » 16 Nov 2012, 15:57
Ме нервираат и тоа многу. Повеќе се нервирам кога ќе го слушнам зборот, значи кога некој така упорно го изговара, отколку кога ќе го прочитам. Затоа што Петра убаво кажа се прават грешки при пишување.
Хера ама убаво објасни за сфаќа и сваќа (rolll)
ВуЊа (вујна), фЛизер (фризер), реЛна (рерна), муФла (мувла) , пуЊач (полнач), гража (гаража), мој се (мои се), кој се (кои се)........... и уште многу други што моментално не ми текнуваат. Најмногу ме нервира пуњач (confus) Полнач или пунач подобро, отколку со Њ.....
Хера ама убаво објасни за сфаќа и сваќа (rolll)
ВуЊа (вујна), фЛизер (фризер), реЛна (рерна), муФла (мувла) , пуЊач (полнач), гража (гаража), мој се (мои се), кој се (кои се)........... и уште многу други што моментално не ми текнуваат. Најмногу ме нервира пуњач (confus) Полнач или пунач подобро, отколку со Њ.....
Return to “Наши размислувања и ставови за разни теми”
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива