Промовирање на педофилија во медиумите

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Debora » 14 Nov 2012, 01:31

MDEqaHQRdq4

Сега го видов видеово и сакав да го споделам тука.
Јас не сум во тек, ама сум читала нешто по весниците. Мајките се горди на своите ќерки, а тие на неколку години позираат во секси долна облека. (mg)
Како гледате на овие работи?

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Mamino_srce » 14 Nov 2012, 09:50

Debora, jas ne mozam da go vidam videoto , pisuva deka e uklonet poradi krsenje na jutjub polisata. Kaj site li e taka?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Debora » 14 Nov 2012, 10:32

Да Мамино срце, ноќеска го имаше, сега веќе го забраниле.
Прво зборуваа за деца познати глумци што биле сексуално злоупотребувани во Холивуд, а потоа за оние избори на мали убавици во шминка и секси долна облека. Имаше дури и покажано да се купи кит, кој влучува шипка за "танцување" за малечки деца и слични такви работи .. ете тоа беше. (sad1)

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Hera » 14 Nov 2012, 10:43

Дебора видеово е тргнато од youtube па не знам точно за што се работи. Ама, јас ќе си кажам што си мислам. Прво ич не сакам кога мајките своите ќеркички ги облекуваат како возрасни девојки. Кога не се разликува облеката на мајката од таа на ќеркичката. За мене право девојче е облечено како дете во шарени фустанчиња што му прилегаат само на дете. Никогаш не сум ја сфатила модната индустрија. Одвратно ми е што девојчиња од 13-14 години почнуваат да рекламираат долна облека, сеедно дали е тоа во списанија, на телевизија или на модни ревии. Страшни ми се тие американски избори во кои уште од бебиња ги шминкаат децата и им прават фризури и ги вежбаат да изведуваат настапи со еден куп провокативни движења. И многу често кога се шетаме и по нашиве улици и кога ги гледаме девојчињата како се облечени за одење во основно училиште коментираме со мажот ми како се раѓа педофилијата и колку родителите се виновни.

Дебора и Мамино срце сте коментирале додека сум го пишувала постов. Штета што го забраниле ... Не им одговара да се освести народов.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Mamino_srce » 14 Nov 2012, 12:15

И јас се сложувам со Хера. Порано имам неколку пати гледано таа емисија Toddlers and tiaras, мислам така се викаше и да , добив впечаток дека тоа е некаква опсесија на родителите и ги прават децата како што тие сакаат. Не знам всушност ни како вистински да го наречам тоа, ама девојчиња се шминкаат, тонираат со спреј, облекуват, учат да играт секако, да зборат "дамски" и всушност кога слушав тие девојчиња што зборуваат и на нив тоа толку веќе им е влезено во крвта, да се така изразим, што се и они нервираат што не победија, па коментираат како возрасни бре. (scared)
А и кај нас е слично. Гледам некои од кошиски деца, девојчиња по 2-3 години, (да не зборам за тие во основни училишта) им купуваат такви нешто како штиклички, па ги шминкат, па им прават фризури, а тоа е само девојченце, абе остави ги таму нека си уживаат во своето детство. Тоа се родителите се заслужни бидејќи ги прават на таков начин и ги учат така.
Јас разбирам дека да имаш женско па сакаш да и облечеш фустанче, па шноличка, сето тоа е убаво, ама многу често се претерува. Гледам насекаде околу мене. Понекогаш ми е драго што немам женско дете, баш поради овакви работи, утре ќе оди на школо, па ќе сака и таа така, па оди објаснувај и дека не требало така да се претерува, па ќе бидеш старомодна мама, а детето ќе се жали како ова онака, или она така се облекува, шминка и така натаму и додека да најдеш баланс глава ќе те заболи. (tumbdown)
Луѓето најчесто не се ни свесни за сето тоа, не размислуваат, прават ете затоа што така сите други прават, така и они гледаат, нејќат да се разликуваат од другите, и сето тоа носи последици , порано или подоцна. Од една страна толку многу феминистички покрети, а всушност толку многу се извртува улога на жена и толку се се омаловажува да сами жени не се свесни за тоа. Жена не е само да изгледа убаво, (зборувам за претерување), да е опседната со својот изглед до таа мера само да може да биде блиску од стандард кои светот го натурнува и никогаш да не го достигне, да врти со газето, и биде сета вештачка за да биде привлечна. Тие исти жени тако ги учат своите деца и тоа е бројката која расте. Неодамна гледав едно видео каде мајката има подарено за малолетна ќерка и (не знам за кои роденден точно) да си прави хируршки захват или тако нешто слично. И тоа се мајката зборува со гордост (scared)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Petra » 17 Nov 2012, 20:06

Ужасни работи. (ner) (mg) Чудо како лошите работи толку брзо напредуваат. (cry1)
Видеото дефинитивно не им одговарало да се прикажува. Навистина некое слепило ги покрило родителите, та не можат да согледаат што се случува. А по бутиците што ја гледам изложената гардероба, значи тоа не е детска облека. Има еден бутик во Велес, не е единствен, за жал, но тој некако повеќе е сконцетриран со такви модели. Величини за мали девојчиња, а модели и бои како за моми. И го прифаќаат како модерно и убаво. Летово се изненадив на приредбата по англиски од кореографиите што ги спремиле наставничките, за крај година. Девојчињата играа провокативно, невкусно, што да кажам. А пак кореографијата на time of my life, се прашував цело време како го дозволуваат тоа родителите. Зошто го дозолуваат???
Летово се случи нешто на кое веднаш реагирав. Од кај татко и купиле на ќерка ми беби дол со потпонки. Забранив тоа да се носи без разлика на декларацијата за која возраст се. Имам слушнато одговор на родител на 11 год. девојче што вика, ако сака и танга ќе и купам, она си знае што сака. (fr) Што да кажам, родителите имаат голем удел и придонес мислам за ширење на тоа зло. Некако се нема култура за облекување како треба едно девојченце да изгледа на својата возраст. По улица се сретнува девојчиња со шминка и напрчени усти. Ќерка ми знае да ми рече, сите носат, сакам такво. И разговараме и и викам, и сите да носат, ако тоа не е добро за тебе, ти нема да носиш.
Thylane Léna Rose Blondeau: модел на 10 годишна возраст
Гледав слики од неа, захтевни фотосесии, неадекватна гардероба за едно 10 годишно девојче.
За милиони се уништуваат животите на децата. (cop) (cop) (cop)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Petra » 18 Nov 2012, 11:04

Еве фотографии од 10 годишниот топ модел Thylane Lena-Rose Blondeau. Што се е наведено ова девојче да работи некој да прави пари.
http://i50.tinypic.com/ou9lx5.jpg
http://i47.tinypic.com/8vu1zp.jpg
http://i49.tinypic.com/2yywdqr.jpg
http://i46.tinypic.com/2hn2l3o.jpg
http://i45.tinypic.com/f9ij3c.jpg
http://i46.tinypic.com/257hyl4.jpg
http://i49.tinypic.com/2ho8qde.jpg

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Petra » 18 Nov 2012, 11:29


konstantina 6
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 26 Mar 2012, 10:30
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 23 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by konstantina 6 » 18 Nov 2012, 11:30

Mi se slosi i od slikite i od realnosta sto ja tresi javnosta, a posebno americkata...fakt e deka amerikancite spijat vo tikvite i se spored mene najizDEMONIZIRANI sto si go prodavaat najmiloto za grst pari...navistina zalno, a i ako smeam da zabelezam na ovie nastani za ubavini majkite na devojchinjata ne znam dali ste primetile pretezno se debelki i iskompleksirani sto na vremeto ne uspeale da se involviraat vo toj nacin na zivot, t.e. da se popularni i slavni...gore dolu nesto smrdi veke odamna i da vi kazam deka i jas i mm sme malku zagrizeni vo koj pravec ke ja vospituvame kerkata zdravje Boze...strav me faka...samo Gospod neka gi cuva... (sad1)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Промовирање на педофилија во медиумите

Post by Petra » 18 Nov 2012, 12:03

Oвие шокантни видеа и фотографии се надевам дека ќе направат да се разбуди народот, дека ќе биде скршена мртвата совест. И со цело срце се надевам дека децата ќе бидат заштитени од секаков вид злоупотреба.
7yscv8X6Slc

Одговори

Return to “Наши размислувања и ставови за разни теми”