Јога и нејзината цел
Moderator: Модератори
-
- Домашен член
- Мислења: 872
- Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
- Му се допанале: 103 пати
- Им се допаднал: 107 пати
Јога и нејзината цел
Post by Mamino_srce » 10 Jan 2013, 22:57
Тоа е така како јас ја гледам. Меѓутоа, читав и наидов на различити дебати и текстови, еден од нив е дека јога како за некого е опуштање, за некој друг е окултизмот.
Имено, јога потекнува со илјади години и е се уште главна духовна дисциплина на хиндуистите. Се употребува и подржува од страна на проповедници на Њу-Ејџ покрет. Мноштво на луѓе веруваат дека јогата е впреплетена со окултизам и мистицизам.
Во Западниот Свет, јога се воглавном користи како облик на вежби. Се зборува дека јога треба да обедини тело, умот и духот, да ги натера да делуваат во склад. Она е лесна, бавна и медитативна, али захтева концентрација. Мноштво на луѓе веруваат дека јогата е впреплетена со окултизам и мистицизам. Во јога се вклучени и мечтаење, визуелизација, хипноза, магија на умот, пеење мантри, позитивно размислување, Силва техники на умот, кое ни во кој поглед не се христијански, туку се и потенцијално опасни работи за некој кој е христијански верник.
Занимавање со јога во најблаг случај е паганизам, а во најлошиот окултизам.
Што мислите вие?
-
- Домашен член
- Мислења: 759
- Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
- Му се допанале: 83 пати
- Им се допаднал: 169 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by happy cumulus » 11 Jan 2013, 05:18
Нека дојде некој да ми каже дека правам нешто грешно затоа што практикувам нешто што оди во прилог на здравјето, физичкото и менталното. Ќе си има работа со мене (smile).
Сите неколку инструктори што сум ги имала учат како да се биде присутен во моментот тука, да се посвети внимание на самиот себе и на потребите што телото ти ги бара. Не гледам како тоа би можело да биде во контрадикција со било која религија. Потекнува од хиндуизмот, ама не те тера да практивуваш хиндуизам.
И мамино срце постот си го пишала баш денес, кога прочитав во весник нешто што ме шокира. Во едно школо во калифорнија вовеле редовен час јога. Црквата скокнала против, затоа што јогата не била во согласност со католичката вера. И бидејќи преку црквата оди и политиката, најверојатно ќе ги прекинат часовите. Значи за некои работи што се случуваат никогаш нема да најдам смисла.
-
- Домашен член
- Мислења: 840
- Придружен: 03 May 2011, 11:30
- Му се допанале: 155 пати
- Им се допаднал: 121 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by malenaD » 11 Jan 2013, 10:41
-
- Домашен член
- Мислења: 872
- Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
- Му се допанале: 103 пати
- Им се допаднал: 107 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by Mamino_srce » 11 Jan 2013, 13:51
Хепи кумулус, немам слушнато за тоа што се случи со јога и католичката црква, туку мене ме нешто друго предизвика да размислуваме со мм во врска со ово. Имено, еден наш пријател ни раскажа како тој порано одел на часови по јога. Во почетокот само имале вежби, да би после некој период инструктор почнал да им дава книги да читаат, и почнале на часовите да практикуваат тзв. мантри, изговарање на нам ни нејасни зборови, всушност тоа било повикување на "боговите", "силите" да им даде повеќе моќ или сила (погоре всушност спомнав дека јогата е духовна дисциплина во хиндуизмот и од таму потекнува). На него тоа не му се допаднало, му личело премногу спиритуалистички, окултно и му кажал тоа на својот инструктор. Тој му одговорил дека и самиот е верник, ама ја користи медитацијата да се и самиот доближи до Бог. (unsure)
Мене лично ми е тоа контрадикторно, али тоа е само моето мислење и убедување.
Самата не би ги практикувала тие "методи" бидејќи сметам дека е тоа спротивно од моето верување и верско определење. И мислам дека со такви зборови, мантри или слично самата ќе се спротиставувам на духовното мени познато.
Знам дека постојат разни варијации на јога, релаксирачка, медитирачка, оваква, онаква. Во мојата комбинирана програма за вежбање има и јога, поточно антигравити јога. Гледајќи на јутјуб за тоа, повеќе ми личеше дека се само вежби за истегнување, јакнење на мускули, при сето тоа е вклучена концентрација и мозокот за да можеш да одржиш баланс а не нешто повеќе од тоа. И плус имаш справите закачени на ѕид кои ти служат да полесно правиш сите тие силни акробации. Јас ќе видам во понеделник како мојата инструкторка ќе ми ја представи, па ќе ви кажам што ми кажала мојата совест.
Инаку, инструкторка ми е од исламска вероисповед и некако не верувам дека ќе ги користи вежбите на јога за поинакви цели освен за јачање на телото, флексибилност и баланс. Ама ќе видиме.
Малена, ти спомна за таа медитација на изгрејсонцето. Не разбирам конкретно што се прави тука и што ти всушност размислуваш, на што ти се вперени мислите? Ако можеш подетално да ми објасниш. Некако сама таа слика ме подсетува на некои источњачки религии и помисла на тоа ме ежи.
Не ме разберите погрешно, тука само дискутираме.
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by Debora » 11 Jan 2013, 16:40
Јас мноооогу одамна, кога бев тинејџерка, читав една книга, каде беа опфатени тие мистични аспекти, мантри, божества итн. (мене во тоа време тие работи ми звучеа многу "духовно" (re) , ама па и долго време после тоа ги проучував индиските учиња, односно дел од нив) Се викаше Хата или хатха јога, од Јасмина Пулјо - српска балерина, што практикуваше јога и работеше на нејзина популаризација, тогаш имаше околу 70 години.
На пример, има една вежба, се вика Поздрав на сонцето, значи наутро стануваш и така го поздравуваш сонцето. Некој ќе каже дека е само физичка вежба, ама некој нема да сака да се поклонува на сонцето (и јас сега), бидејки тоа води потеко од паганските многубожечки религии, каде луѓето се клањале на небесните тела (сите што читале Библија, знаат дека тоа е забрането). Значи се работи за позадината на тоа што се гледа како физичка вежба.
Тука се тие конфликти.
Инаку ова е надвор од темата. За првиот состанок со мм се договоривме да отидеме на час по јога. (rolll) Него повеќе му легна, вежбите беа статични и лесни, јас со мојот темперамент не можев да поднесам уште часеви, ми беше досадно. (smile) Следно отидовме на Тај чи чуан, ама таму не поделија во парови и ме ставија со една женичка. Ни ги дадоа вежбите и јас се разбира ревносно ја затегнав (па таква беше вежбата (rolll) ) она почна да писка и да офка и дотрча инструкторот да не прекине. Абе див човек, ни таму не ми беше местото. (rolll) (Мм ме прашува што се смеам, а јас се потсетив на овие работи од пред 15 години. (rolll)
-
- Домашен член
- Мислења: 759
- Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
- Му се допанале: 83 пати
- Им се допаднал: 169 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by happy cumulus » 11 Jan 2013, 16:55
Meditacijata e poinakva od jogata vo toa sto tamu ne go kontroliras disenjeto, tuku samo go nabljuduvas.
Jas ne sum religiozna, ama mislam deka vo nitu edna religija vakvoto nesto ne se smeta za grev. Mene nesto ne mi e jasno. Cekaj da vidam dali ke znam da prasam i da bidam jasna. Kako sto rece samo diskutirame, ne mislam da zvucam grubo ili deka te okrivuvam za tvoite svakanja (smile).
Ima mnogu religii vo svetov. Site religii propovedaat razlicni raboti, ama gore dole se se sveduva na istoto. Eve ti si hristijanka. Dali e gresno da prifatis nekoja rabota sto e povrzana so druga religija, sto e dobra i korisna za site, dokolku taa rabota ne e vo kontradikcija so tvojata religija?
Mene mi e logicno odgovorot na ova prasanje da bide ne. Pa dokolku site se stremime kon pravenje samo dobri dela, samopocituvanje i pocituvanje na drugite, zarem e vazno koja religija go propoveda toa, ili na koja religija pripagas?
Jogata poteknuva od kultura kade lugeto bile voglavnom hindu, ama ne znaci deka propoveda hinduizam. Taka barem jas gi gledam rabotite.
-
- Домашен член
- Мислења: 872
- Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
- Му се допанале: 103 пати
- Им се допаднал: 107 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by Mamino_srce » 11 Jan 2013, 17:08
Баш ќе видам што е и како е кога ќе одам на час, па ќе споделам како се чувствувам. (smile) Јогата има таква позадина и тоа е оно што ме буни, ама пак од друга страна имам гледано и некои видеа со јога вежби, значи само јога движења, и ми беше сосема ок, без називи, имиња, само всушност концентрација на мускулите. (confus)
Можеби мислите дека премногу комплицирам, ама мене ми е ово навистина битно да знам. Без разлика што самата можам да проценам донекаде, ми значи да слушнам и од друга перспектива. (smile)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by Petra » 11 Jan 2013, 17:28
Кога ги читав овие работи не бев христијанка, сакав да се занимавам со енергиите, да се стопира стареењето итн. Немав поим со што си имам работа.
Сè е дозволено, но не е сè полезно. Сè е дозволено, но не е сè поучно. -Библијата
Сега цврсто верувам дека јогата е многу повеќе од само обично вежбање, во нејзината позадина има религија, кланање на други богови во кои јас не верувам. Си го осетив на своја душа и ништо веќе не истажувам во врска со неа.
-
- Домашен член
- Мислења: 872
- Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
- Му се допанале: 103 пати
- Им се допаднал: 107 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by Mamino_srce » 11 Jan 2013, 17:40
happy cumulus wrote: Dali e gresno da prifatis nekoja rabota sto e povrzana so druga religija, sto e dobra i korisna za site, dokolku taa rabota ne e vo kontradikcija so tvojata religija?
Mene mi e logicno odgovorot na ova prasanje da bide ne. Pa dokolku site se stremime kon pravenje samo dobri dela, samopocituvanje i pocituvanje na drugite, zarem e vazno koja religija go propoveda toa, ili na koja religija pripagas?
Jogata poteknuva od kultura kade lugeto bile voglavnom hindu, ama ne znaci deka propoveda hinduizam. Taka barem jas gi gledam rabotite.
Хепи кумулус, слободно прашај (smile)
Можеби ти звучи чудно, ама мојот одговор би бил да (smile) Јас себе не се сметам за номинален верник, само да ја почитува религијата, оди во црква на празниците итн. Всушност, јас и не верувам во религијата, религијата го врзува човекот со човечки пропишани норми, правила и закони.
Јас верувам до Живиот Бог, кој е жив! Всушност, мојата религија, или да речеме христијанството се разликува од другите религии по една најбитна разлика, а тоа е да во сите други религии нивните водачи се мртви, само христијанскиот Бог е жив!
Ако јас правам нешто што навидум е корисно, тоа контрира на моето убедување и Свето Писмо каде пишува дека Храм со идолите нема ништо- паралела со тоа што Дебора веќе го спомна погоре, дека христијанство е монотеистичка религија, нема место за други богови. Луѓето не треба да се клањат на создадено , туку да го слават Создателот. Тоа е суштината. Ако јас правам обратно, тоа ќе е идолопоклонство. Мене никој не ме тера јас нешто да правам или не правам, мојот разум, совеста, ми зборува за некои работи. Верувам дека кога човекот ќе поверува во Исус Христот како Спасител, тогаш Светиот Дух го исполнува, чисти неговата совест и ја прави осетлива на потенцијални опасности, гревови итн. Е се ова пишувам за да можам да ти објаснам коренот на тоа што ме прашуваш.
Друго, Христијанство всушност значи дека се оправдуваш според твојата вера, а не добри дела. Добри дела само ќе ја следат и произлегуваат од твојата вера, ама само добри дела без вера се празни.
И јас разбирам како ти гледаш на работите. Ама ако јас како особа која верува во живиот Бог и неговата заповед да не се клањам на ништо што е на небото или земјата , или создадено од човечките раце, правим вежби и ако се тоа само вежби што се викаат Поздрав на сонцето, автоматски јас духовно се вклучувам во нешто што сум против. Бидејќи знаејќи ја позадината на тоа и дека ја измислиле духовни лица на религијата каде прославуваат повеќе богови, или се нешто им е бог. Се надевам ќе можеш да разбереш мој одговор. Многу е подлабоко дури и од ово што имам напишано, ама тоа во кратки црти. (smile)
Ако ми дојде инстукторката и каже ајде да правиме вежби за мускули на вратот пример, и ги повторува лево-десно, тоа многу ми менува работава отколку да каже е ова вежба е поздрав на сонцето.
Тоа е пак да речам само моето лично убедување и верување.
-
- Домашен член
- Мислења: 759
- Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
- Му се допанале: 83 пати
- Им се допаднал: 169 пати
Re: Јога и нејзината цел
Post by happy cumulus » 11 Jan 2013, 17:45
Za mene licno jogata e polezna, dokaz e toa kako se cuvstvuvam, neli? A vo pozadina nema nisto religiozno, zatoa sto nitu na um ne mi dosle ni religii ni bogovi dodeka vezbam. Toa e edinstveno vreme koe si go posvetuvam samo na mene i nema mesto za nisto drugo.Сè е дозволено, но не е сè полезно. Сè е дозволено, но не е сè поучно. -Библијата
Сега цврсто верувам дека јогата е многу повеќе од само обично вежбање, во нејзината позадина има религија, кланање на други богови во кои јас не верувам.
Return to “Наши размислувања и ставови за разни теми”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива