Давање подароци на медицинскиот персонал

Moderator: Модератори

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Mamino_srce » 02 Mar 2013, 11:36

Сашка, јас не сум била во таква ситуација со трансферот, ама искрено да ти кажам ти пари даваш за сето тоа, и тоа не мали. Тоа е нивна работа.
Сачекај да ги видиш две црти, па тогаш ќе ги почастиш за радосната вест, со некое чоколатце ;-)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1415
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1551 пати
Им се допаднал: 904 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by SMESKO » 27 Apr 2014, 17:24

Сакам да дадам мислење во оваа тема,затоа што и покрај тоа што немам деца би го имала следново мислење ,,на медицински персонал никако давање подароци.Тоа треба да биде ЗАКОН.
Мене кога ми се случи missed abortus докторката отворено ми ре4е дека треба да се згребиме,в лице ми ре4е да и дадам нешто,иако не се работеше за ништо добро,не сочувствувајќи со мојот кошмар таа пари ми бара.ЗОШТО Е ТОА ТАКА?
Зошто повеќето од жените им даваат и така ги научија,зарем тие не земаат пари за она што го сработиле или малце им се.
Јас кога би се породила сигурно дека ништо нема да им дадам,но нема како некои други да им ги полнам најлоните и џебовите.
Ние сме криви за ова што го прават тие,и тие тоа го сметаат за така треба да биде,ако не им дадеш ќе бидеш потцената и цел ден нема да ти дојди во посета а камо ли некој да те праша дали нешто ти треба,но за тоа сме самите ние криви.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by maried » 27 Apr 2014, 17:59

Jas koga se porodiv,porodena so carski rez,bev prezadovolna od doktorkata zatoa sto bese 24/7 dostapna za mene,a se do poroduvanjeto samata doktorka ne mi ni dade povod deka sum dolzna da I dadam nesto,kupiv lance Swarovski I torta,a za sestrite kolaci I sok da se pocastat :-D

Bea
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 14 Aug 2013, 08:11
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Bea » 28 Apr 2014, 08:45

Оваа пракса ми е крајно некоректна, ама за жал кај нас така функционираат работите.
Зборувам за делот кога се даваат "подароци" за да вработените си ја извршуваат покоректно работата. АЛООО! Во секоја професија, не само кај медицинскиот персонал, мора да се има одговорност спрема работата. Луѓето си зимаат плата и треба да си сносат одговорност дека максимално добро си ја извршиле работата.
А што правиме ние пациентите? Носиме и носиме, за на пример сестрата повеќе да внимава или да биде подостапна и пољубезна??? Катастрофа.

Во мојата професија не сум ни помислила дека некој клиент треба нешто да ме почасти за побрзо да му завршам работа??? Деловната етика не ми го дозволува тоа, а камо ли кога се луѓе, здравје и потомство во прашање.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Lejla7 » 28 Apr 2014, 09:45

Да не ги ставаме сите медицински лица во исти кош. Постојат такви кои сами си бараат подароци, но има и такви кои совесно си ја вршат работата не барајќи ништо (како што и доликува). Но покрај сувото и суровото гори, ете спореден одредени несовесни лекари и мед.лица ние правиме стереотип за сите божем сите се лакоми и грабачи.

Ако јас затоа што сум задоволна од лекарот или затоа што тој човечки се однесувал со мене во момент кога ми било најпотребно, решам да му подарам нешто, никаков закон не може да ме спречи во тоа. Не чини сам да си одредува лекарот тарифа или да си бара подарок, да. И не ни треба да очекува нешто плус, тој за таа работа е платен. Но ако некој сака да му подари нешто од благодарност, лекарот ли е виновен?

Исто вака и наставниците многу родители ги ставаат во ист кош - божем сите сакале подароци, пишувале оценки од ракав, ништо не работеле - но ве молам - во секоја професија има луѓе кои си ја вршат и луѓе кои ја запоставуваат работата и се провлекуваат така - не треба според еден да судиме за сите.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Lejla7 » 28 Apr 2014, 09:50

Во врска со прашањето на Сашка, бидејќи и јас сум била во постапка за ИВФ, јас ништо не му подарив на докторот, но планирав кога ќе напредне бременоста да го почастам нешто - бидејќи тоа што тој ни го даде не може да се купи со ништо. Планирав некаква бонбониера и кафе (Нес) на пример. За жал друго излезе и ништо од подарокот, но во иднина кога би ми успеало ин витрото до крај би му го подарила тоа што го планирав. Не му е нему до кафето и бонбоните но така јас си сакам. И точка. Луѓе сме.

Ninushka
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1095
Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
Му се допанале: 988 пати
Им се допаднал: 697 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Ninushka » 28 Apr 2014, 10:45

Абе ни ја не се осеќам должна никому ништо да носам, за тоа си зимаат плата нели? Ама ја гледам мајка ми кај и да оди носи по нешто и сите врати и се отвараат. (scared) Мене некако незгодно ми е...си викам да не мислат сакам да ги поткупам, а и искрено не знам како да настапам со каков став... (sad1) Затоа си играм на колегијална база (laugh1) Мада се замислив денес на комисија дали нешто да им однесам, али си викам ај втор пат кога ке одам ке им однесам (laugh1) тогаш мајка ми ке ја влечкам нека дава она (rolll)

stela
Редовен член
Редовен член
Мислења: 298
Придружен: 29 Apr 2012, 22:20
Му се допанале: 88 пати
Им се допаднал: 149 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by stela » 28 Apr 2014, 12:09

Ја видов темава и се потсетив колку бевме смесни со маж ми кога одев на цтг и кога требасе да и дадеме "podarok" на докторката сто ме породуваше :ymblushing:
Си ја знаевме каква е,дека е стручна ама и дека си сака подароци (rolll) И секое одење на цтг јаднички двајцата си носевме бонбоњера и пари во плико,ама бидејќи никогаш не сме имале такво искуство,не знаеме како да постапиме,да не ја увредиме,а она до тогаш од кој знае колку зела "подарок".Па си правиме планови,па како па што,па да не видат другите,да не ја компромитираме,а они сите исти. договорот беше без разлика која смена да е штом почнам со породилни болки,ја викам да дојде во било кое време. И така едно 5 пати одење,и се претставивме кои сме,што сакаме, и баш да и урачиме некој ќе не прекине,и ништо до породувањето.Кога ќе се вратевме од секој преглед блиските што ни ги знаеја "маките" прашуваат као што направивте ание двајца смешки.Плус си имав договорено и со бабицата,која ни е пријателка,и на која и сум и неизмерно благодарна.И добив болки баш во смена на докторката,ме породи бабицата,а неа ја немаше пола сат да дојде да ме сошие,иако беше на смена.Овие моите секако и ги дале парита,на што бев револтирана,докторката не дојде ни еднаш да ме види или да праша како сум.Исто мојата колешка 5 дена по мене ја пораѓаше иста докторка,на не договорено,и она и даде подарок (rolll) И се смеевме после ми кажа како и дошла во собата,ја потапшала по нозете и и рекла "фала на поздравот".Јас лично мислам дека никој не треба да се чувствува должен,затоа што го добил заслужениот третман,едноставно ако можеш да си дозволиш и ако сакаш ти самиот да ги почестиш е во ред,инаку не оправдувам.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1415
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1551 пати
Им се допаднал: 904 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by SMESKO » 28 Apr 2014, 12:44

Значи ако сакаш да им дадеш подарок,само напред,ама пак в лице да ти кажува дека треба пари да и дадеш тоа никако,да се разбериме.Повеќето од докторите се лапа4и и грабачи,нас дури со сопругот кога си бегавме од болница докторот не не опули во очи ниту се ракуваше,затоа што пријателот кој го фативме за врски за добро да си ја заврши работата ни ре4е ништо да не му даваме(ина4е немаа намера да ме фатат тој ден).ММ му купи коњак,пак не беше без ништо и сепак на крајот не ни ре4е ни едно пријатно.Значи во болницата во Битола така одат работите за на друго место незнам,незнам и трудница која се породи таму а да не му побараа пари(на роднини на мм сестрата му го в=рате плокот со 100 евра,требало уште 100 евра да имало внатре за сите да се по4астеле ЛОЛ (scared) )ЗА ТАКВИ ДОКТОРИ ЗБОРУВАМ.
Здравје Боже кога мене ќе ми дојди ред за пораѓај никако Битола,Охрид ќе си одам барем слушам многу убави работи за таму. (kup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Давање подароци на медицинскиот персонал

Post by Lejla7 » 28 Apr 2014, 13:16

SMESKO wrote:Повеќето од докторите се лапа4и (kup)
Mene mi e zal za tretmanot sto stego dobile i veruvam deka ima takvi doktori, no ne se slagam ďeka poveketo se takvi i ne e ubavo da se pravat takvi generalizacii.Sestra mi e lekar i mene licno me navreduva ovoj stav.Znam deka ne e taka so site, a sum imala prilika i jas da bidam taka tretirana.

I toa i kazav - tarifnik za podaroci Ne, a ako nekoj sam saka da go pocasti doktorot - bujrum, negovo pravo, a ne obvrska.

Одговори

Return to “Наши размислувања и ставови за разни теми”