Библиски стихови

Moderator: Модератори

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Библиски стихови

Post by Lejla7 » 21 Jul 2013, 16:53

Упорноста успева

А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше:„Заштити ме од мојот противник!“ Тој нејќеше некое време, после си рече во себеси: „Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето, ќе и го дадам правото на оваа вдовица, зошто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.“ И Господ рече: „Чујте што зборува неправедниот судија!“ Та Бог нема ли да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него дење и ноќе, имајќи трпение со нив? Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, глава 18

NadicaG

Re: Библиски стихови

Post by NadicaG » 21 Jul 2013, 18:47

Пропведник 1-17-18-и го насочив срцето свое даја познае мудроста,да ги познае мудроста,да ги познае безумието и глупоста,но разбрави тоа е мачно за духот.зошто при голема мудрост,голема е и тагата,и кој умножува знаење умножува и мака,,
замислете поголема мудрост,поголема и тага.Пр-колку ти се открива Божјата мудрост,поголема тага имаш,зошто душата ти страда.....душата сфаќа дека таму каде штоабарала исполнување и смисла,и не било вистинско исполнување и смисла,колку повеќе ти се откриваат работите,толку душата помалку ужива во тие работи.Значи да разбереме колку сме помудри со Божјата мудрост,толку ќебидете и по тажни самите ние,зошто Божјата мудрост оди во спротивност со желбите на душата (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Библиски стихови

Post by Debora » 21 Jul 2013, 21:08

Јас не се согласувам со толкувањето. Мислам дека Соломон зборува за световната мудрост и знаење, за човечките филозофии и мудрости, кои го товарат духот. Божјата мудрост доаѓа преу Духот и носи мир... еве го плодот на Духот од Галатјаните:
А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;
Ако со растење на близината со Бог и Божјата мудрост расте тагата, тогаш Исус ќе беше најтажното суштество што може да се замисли. Павле апостолот, колку пати вика радувајте се, секогаш радувајте се и пак ви велам радувајте се...
Мојата тага беше многу поголема кога талкав по светот барајки смисла, а кога го спознав Спасението и полнотата во лицето на Исус работите потполно се променија, дојде радост, мир што не зависи од околностите и задоволство од животот и себе. Имав една пријателка што веќе не можеше да ме сфати, ми викаше ти имаш среќа, Не - и викав, немам среќа, ама сум среќна. (love5)
Псалм 16:11
Ќе ми го покажеш патот на живот, во Твоето присуство има полноста на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.
Е тоа блаженство и радост се во Божјото присуство. (bu)
Некогаш ќе поминеме и низ тага, ама тоа е привремено, а радоста е стандард кој не зависи од околностите оти ја примаме од Бог. (нпр Хабакук последна глава). (bu)
Има еден многу убав стих:
Радоста Господова е наша сила
, скокам од радост во Неговото присуство. dance
Точно дека желбите на телото одат противно на желбите на духот, ама ние сме во ДУХОТ и се радуваме на тие желби. (rad) (rad) (rad)

NadicaG

Re: Библиски стихови

Post by NadicaG » 22 Jul 2013, 08:43

мила доротеа не би се спорела за стихот,без разлика што не се согласуваш,зошто лично Светиот Дух ми го откри,а ти барем знаеш кога нешто Духот ќе ти открие 100 врвни теолози да ти го кажуваат и толкуваат нема моќ.Значи поради тоа откровение добив мир и се качив на височина ,а од височина појасни ти се нештата секогаш (smile) .Тука баш мислам зборува Соломон за Божјата мудрост,таа Божја мудрост донесува неминовно тага на почеток на душата,не зборувам за тага на духот,туку тага на душата,зошто желбите на душата веќе не се битни ,а и на душата да и бидат дадени душата нема да ужива повеќе зошто и се откриени други невидени пространства да истражува.Пр некој што уживал во гледање утакмица веќе нема да ужива,или во некоја храна или во вино или во одредена облека,зошто сфаќа дека има нешто повеже од тоа во животот и затоа во почетокот душата е тажна,дури и да и се исполнат желбите нема да најде исполнување зошто срцето се свртело кон Божјата мудрост.Духот мој многу се радуваше после вчерашното откровение,но мојата душа беш малку тажна кога разбра дека нема други желби повеќе,освен една желба Псалм 27-4стих
За едно му се молам на Господа само тоа го барам,да живеам во Господовиот дом ,во текот на сите дни во мојот живот,да уживам во Господовите убавинии да истражувам во Господовиот храм,,
но од после мојата душа разбра дека и нудам нешто многу поубаво отколку измамниците на оваа желба,а измамници се многу ,како стадо гладно кој трчаат само и велаат ...дај,дај..дај...и никогаш заситни (ner)
оваа тага на душата носи поголема радост на духот,зошто сега сум слободна,не се обидувам да си го средам животот,секогаш кога ќе добијам таква идеја,одма ќе ми биде знак дека сум излегла од бескрајната неистражива Божја убавина и второ ме ослободува од потребата да поседувам(материјално,духовно ,душевно) (rad)
Исус исто беше многу тажен пред да го распнат,Неговата душа велеше ако можи да ме одмини оваа чаша,но сепак Неговиот дух рече нека биде Твојата воља.Не сакам луѓето да стекнат мислење дека христијанството и следењето на Исус значи исполнување на желбите на срцето.Апостол Петар имаше желба да си помини еден убав смирен живот со својето семејство ,да си рибари повремено ,а не да оди да сведочи во Рим ,да се крија и цело време да живее во неизвесност,и кога ќе успеа да избегне смрт,повторно да ја натажи својата душа и да се врати за да ја исполни Неговата воља да биди распнат со главата надалоу.Божјата мудрост била да се врати ,зошто Бог знаел дека тоа ќе ги охрабри и така уплашените христијани,но верувам неговата душа била тажна што треба да помини низ таква смрт и да си го скрати животот и своето рибарење.Да се следи Исус треба да се плати цена и обично таа ценаа и носи тага привремено на нашите души,зошто и скратуваме комфор и удобства,а и некои нејзини желби.

се надевам зошто можеби имам поинакви размислувања и не ми е имањето дете приоритет,сеуште ќе можам да пишувам на форумов и да се дружам со вас иако овој форум е за имање бебе (confus)
зошто сум потикната да бидам слободна да ја изразувам својата оригиналност без страв дека некого ќе соблазнам,зошто сум овака создадена дури различно да зборувам од другите луѓе се е со цел од Бог ,затоа решив повеќе да не се прилагодувам на другите,туку да бидам она што сум па сигурно ќе има многу што нема да им се допаѓа,но сигурно ќе има некој на кој баш ќе им се допаѓа (love5)

NadicaG

Re: Библиски стихови

Post by NadicaG » 26 Jul 2013, 18:22

prvo poslanie do petar 5glava-1ostih
,,A Bog na sekoja blagodet ,Koj ve povikal vo Hrista Isus za Svojata vecna slava,po kratkoto stradanje Sam ke ve usovrsi ,zacvrsti,zajakne i napravi nepokoleblivi.Nemu slava i vlast vo vekovi na vekovite,Amin!!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Библиски стихови

Post by Debora » 29 Jul 2013, 12:35

13 ”Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум,

17 и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.”
(Послание до Евреите 10)
Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување.
(Дела Ап.: 3:19)
Бог ни нуди простување на сите гревови преку Исус, без разлика колку страшно или тешко ни изгледа тоа што ни ја товари душата. Секој што ќе го повика Господовото Име ќе биде спасен. Повикајте Го додека е близу и ќе најдете мир за вашите души. (bu)

Многу луѓе мислат дека за гревовите (а сите имаме гревови) треба кој знае што да направат, ама Библијата е јасна, прошка за гревовите се добива преку вера во Исус (Оној што на крстот ја плати казната за нашите гревови) и нивно исповедање пред Бог. Доволно е да Му се обратиме Нему лично и пред Него да го отвориме срцето. Он знае се за нас и пак безусловно не љуби, со ништо нема да Го шокираме, најдоброто што можеме да го направиме е да дојдеме искрено пред Него и да ги признаеме сите болки, тежини, маки, гревови... кога ќе ги предадеме во Неговите раце ќе се симне товарот од нашиот грб.
Пробајте, вкусете колку Бог е благ. (love5) Не е некој намуртен старец што едвам чека да не казни, напротив. Бог е полн со љубов, милост и сочувство спрема своите деца, го покажа тоа на дело, кога умре на крстот за ние да бидеме спасени, за нашите гревови да бидат простени. (bu)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Библиски стихови

Post by Petra » 01 Aug 2013, 14:51

Сега ги прочитав овие стихови... (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5)

Jednog dana kada stane sve
kada svaka rec se ispuni
kad bola sa zemlje nestane
kad se svemir izmeni,
kad se vreme zaledi..

Ja cu stajati pred tobom kao sad
i klanjacu se Kralju kraljeva
Sa glave svoju krunu skinucu
da je stavim pred tebe
DA TI ZAHVALIM ZA SVE!

I pevacu sa mnostvom naroda
i bice to kao zvuk velike vode
i recicu ti Kralju kraljeva
HVALA TI, O HAVALA TI ZA SVE!

Hvala Ti, sto si me spasao, havla Ti!
Hvala Ti, sto si milostiv i veran, hvala ti!
Hvala Ti, za Tvoju dobrotu, hvala Ti!
Hvala Ti, moj Gospode, hvala Ti !!!

Dorotea111
Домашен член
Домашен член
Мислења: 538
Придружен: 07 May 2013, 10:14
Му се допанале: 128 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Библиски стихови

Post by Dorotea111 » 01 Aug 2013, 16:29

Пред два три дена го читав Евангелието по Јован, една мисла ми се врти во глават и ми дава сила. ќе парафразирам, зошто сег аја немам Библијата до мене. Го прашуваат Исус ,неговите апостоли, Зошто оче на светот има болни и страдалници, ако Бог толку го љуби човештвото? И тој им одговара- За да се покаже Божјата сила и Божјето чудо преку нив! Така им одговорил Исус на апостолите.
Така што, јас вака го сфаќам, ако се прашувате, зошто јас страдам, зошто тој некој друг страда, зошто моите блиски страдаат, да знаете дека така треба да биде, Бог сака да им се покаже на луѓето преку вас, само треба да имаме верба и трепение. Ете и на форумов имаме случаи кога после долгогодишна борба некој забременува, раѓа здраво и живо бебе, или оздравува од некоја болест и така, и тогаш велиме ИМАЛО БОГ, или ФАЛА БОГУ! Не очајувајте, ние сме дело од планот на Бог, и на крај се ќе биде во ред!!!!!!! (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) (love5) Поздравче од мене

NadicaG

Re: Библиски стихови

Post by NadicaG » 23 Aug 2013, 13:06

eveodamna na omilenata tema moja
isaja 54-9
Ke mo bide kako za vreme na Noevite denovi ,koga se zakolnav deka Noevite vodi nema da ja preplavat veke zemjata,taka se zakolnuvam deka nema veke da se srdam na tebe nitu da se zakanuvam.Neka se razdvizat planinite,neka se potresat bregovite ,no mojata ljubov nema da se povlece od tebe,nitu ke se raskoleba Mojot zavet na mirot,veli Gospod koj ti se smiluva,,
kolku prekrasno vetuvanje (joy) (joy) (joy) (joy) (joy) (joy) (joy) (joy) (joy) (joy)
koga se custvuvame deka nesto sme izgubile,vednas dogaa onoj del deka Bog mozebi poveke ne me saka ili mozebi ne gi gleda mojte solzi ili mozebizosto dozvoli ova da se sluci???Mozebi ke gi doznaeme tie odgovori ovde na zemjata,mozebi gore na neboto,no vo edno treba da sme sigurni sto i da se sluci,sto i da napravis posle toa ,eden fakti nikogas ne treba da go zaboravime ,,Negovata ljubov nema da se povlece od tebe,, (love5)

NadicaG

Re: Библиски стихови

Post by NadicaG » 02 Sep 2013, 10:21

,,Ние кој сме умреле за гревот,како ли да живееме во него уште?
зар не знаете сите оние што бевме крстени во Исус Христос ,во Неговата крв бевме крстени.
и така ние се погребавме во смрта,за да моѓиме како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот,и ние така да ѓивееме нов живот.
Зошто ако сме сраснатисо Него,во еднаква смрт,ќе бидиме сооучесници во воскресението.Знаеши дека нашиот стар човек е распнат со Него да бидеуништено гревовното тело,па да не бидеме вече робови на гревот,бидеќи кој е мртов ,тој е ослободен од гревот.
А ако сме умреле со Хрисос со Него ќе живееме,знаеќе од кога Христос воскресна не умира повеќе и смрта нема власт над Него.
ПОСЛАНИЕ ДО РИМЈАНИТЕ 6-2-9
гревот е серизона и опасна работа,како карцином.........полека те јади секој твој орган го прави орудие на неправедност.На ако умреме со Него со Него ќе живееме,тиа умирање е страшно,но та е едиствен пат за твојот нов живот.И добрата вест е декапосле тоа веќе нема умирање,после сме соочесници во Неговото воскресение.......сте доживеале ново раѓање,сте доживеале како да сте умреле и повторно да сте се родиле,ако не сте тоа е патот на благодата,каде гревот не господари над вас (smile)

Одговори

Return to “Наши размислувања и ставови за разни теми”