Воспитување на децата

Moderator: Модератори

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Воспитување на децата

Post by kit-kat » 19 Jul 2013, 16:18

Еве веќе неколку дена се мислам да пишам на темава и да побарам совет од вас.
Ова размислување на Надица и Петра пак ме ставија во мисла.
Веќе знаете како го воспитувам синко,срепам над него,не физички,туку на неговото однесување и на тоа како одговара на моето досегашно зборување.Синко ме почитува,имам авторитет,не е НЕ иако до сега неколку пати ќе го речев(во последно време од прва се разбираме). (smile)
Од бебе со него сум само со збор,ништо не тргнав по дома(маси,кристали,столови...)и никогаш не ми скршил нешто,барем не намерно.Му дозволувам да се валка,да се цапне во кал и вир(се разбира тоа не е кога е дотеран за негде или пред школо),да игра на улица.Но од секогаш се почитува мојот збор-време е за ручек,ладно е,одиме негде или не може.Но никогаш не му дозволив да чкрта по ѕидови,нити да фаќа со раце.Нити дома,а посебно на гости не чепка или пребарува по фиоки.Мислам дека тоа не е некое задоволство за него,бидејки така го воспитувам од првиот ден.Работите кај нас се поделени на културни и некултурни.Доволно е да речам дека тоа е некултурно и да се повлечи. (thumbsup)
Му давам слобода при избор на облека за во школо(ова или ова),да одбере јадење во кафеана,да си избере паста...Но нема да јаде леб и маргарин кога има ручек или да оди по кратки ракави кога студи... (rp)
Споредувајки го со негови врсници е (да не го фалам како мајка)супер.Моторичките способности-пливање,возење велосипед,ролери скејборт...му се на завидно ниво. (sonic)
На школо важи за умно,воспитано,примерно и многу друштвено дете.Учењето му е супер.
Маката ми е да не го направив премногу меко и попустливо за ова време.Со неговите агресивни другари не се дружи(и тоа изричито ми го кажува,бидејки фрлале камења по коли,вреѓале луѓе на улица...)
Ги знае сите јунаци,но гледа одредени-спајдермен,ајронмен...,а оние агресивни со нереални работи не ги сака.
Повеќе гледа how they do ili how it's made на дискавери канал него наруто или бејблејд цртани.
Игра и со женски деца поточно омилен им е.Секој ден дома го бараат.
Не е инаетчија,лесно можам да го убедам да и го даде на братучетка му или комшивчето синото лижало,а тој да го земе црвеното пт.
Многу е емотивен и се си става на душа.Се гледа и заприметува и ако нема да го спомне во тој момент,ќе ми го каже на само.Отворен е кажува што го мачи,но не е бунтовен.Ми вели ова го правам дека ти сакаш ама не ми е по војља.(пр.повеќе пати го пратам до продавница) (tongue)
Нигде не зема за јадење или пиење,па макар и да ги знае луѓето без да не праша,бидејки од мали му трубам дека тоа е опасно(мислејки на дрогата алкохолот).
Секогаш јаде на маса,со прибор,но ао се навалка,Боже мој не викам бидејки и мене ми се случува истото (smile)
Сега се прашувам да не му имам поставено многу високи амбиции,па да се гуши од сето тоа.
Да не е погрешно што едно 8 год.дете никогаш не заборава да поздрави(па дури и дома на мама и тато -нема станување без добро утро или легнување без бакнеж и добро сонче),да рече аирлија работа,да честита празник...
Прашањето ми е не дека сакам да е уличар или сл.но дали некаде погрешив,сега е се добро но се плашам понатака да не сака да ги помине тие работи?Иако свесно знае дека тоа не е добро однесување,но не знам како ќе биде посебно во пубертетот.
Позитивност ми е тоа што сите стручни лица велат дека карактерот на детето се формира до 7 год.

Пишете мислење и како вие се однесувате со вашите деца,т.е. како тие се однесуват кон вас.

NadicaG

Re: Воспитување на децата

Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 16:45

Петра многу сум радосна што за Бог нема ништо невозможно (rad) ,и сите наши искуства низ кој ќе пмониме се предходно обликувани од Него.Јас дури мислам без Него не можат да се поправат овие оштетувања од најраното детство,мислам дека еден куп терапии не можат дати помогнат,но Тој можи .Лично бев сведок кај мојот мм како од гасеница станува пеперутка,тоа не беше преку ноќ,беше многу бавно,верувам се уште има борба во одредени подрачја во животот,но сега е победник,не баналец повеќе,а уште помалку губитник.Но лично гледав колку е тешко и бавно тоа исцеление и знам дека без Бог ни тој ќе издржеше до крај ,ниту пак ќе му беше јасно што му се случува,зошто обично кај овие личности многу развиен механизам на одбрана е негирањето.Така долго време му требаше на Бог да му открие дека нешто многу не е во ред.Но му благодарам на Бог за ова искуство и што ме употреби како алатка во Неговите раце за да го ослободи и да му помогни да допри до својата суштина ,зошто долго време живееше надвор од себе,без контакт со себе и со својте вистински желби.Исто такаова искуство мене ми помогна во мојот личен развој,исто така и созреав како психолог низ овој процес. Но исто така многу станав посвесна колку значи детето да расти со здрави родителски фигури,во здрава семејна атмосфера и колку длабоки последици и разорни последици остава немањето на тој аспект во развојот на личноста на детето.
Затоа молете се за вашите деца,бидете отворени за нови идеи,дозволете родителството вас да ве промени.Не само што опшеството ќе ни биде поздраво,зошто научно сознание е ,,болно семејство-болно опшество,,туку и нашето наследство што ќе го пренесиме на нашите деца,ке биде пренесено на наредните генерации,а ние имаме одговорност и должност кон наредните генерации!!,,.
зошто како што вели во Библијата проклетството се пренесува од генерација на генерација,така и благословот се пренесува од генерација на генерација,е па во тој контекс најубавото нешто што можите да им го оставите во наследство на вашите деца е вашиот личен однос со Бог,да на вашите деца им е многу нормално и секојднево да општат со Бог,гледајки ве вас и слушајќи ве вас кога им зборувате за вашето лично патување со вашиот Бог (smile)

NadicaG

Re: Воспитување на децата

Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 17:13

кит-кет јас мислам дека твоето дете расти во здрава средина и има среќно детство,не среќно од аспект материјано обезбедено детсво,туку од аспект на многу љубов и топлина во домот.Сега што сепак има простор во тебе да се менува и што сакаш да бидиш подобар родител,само укажува дека длабоко во себе многу добро разбираш дека има твоја огромнаодговорност како тое дете ќе се обликува,зоштосамата си свесна дека свесно или несвесно му ги проектираш твоите уверувањеа,твоите вредности и твоите граници.Но тоа е во ред,секој родителго прави истот без разлика дали тоа е позитивно за личностаили негативно.Во детството на сите ние родителите сме ги доживувале како џинови и нивните мислења како закони,со тек на време како синко твој ќе се осамостојува,и нормално колки и ти простот ќе му дадеш за тоа,ќе почни да учи што се негови желби автентични,што се твој желби во него,па полека со твоја дозвола ќе се открива и слуша себе си повеќе отколку тебе,е во овој период родителите грешат зошто мислат дека чим детето им се спротиставува значи не ги сака,а тоанема врска тоа само сака да си го открие својот идентотет и добро е да им дозволите да истражуваат во себе пред се,ако имаат здрави морални вредности кој се стекнуваат уште од мали,не би требало да се плашите декаистражување ќе заврши штетно,пр-дрога,алкохол,битно е да сисекогаш во контак со своето дете,тоа да знае декаи ако ти се спротистави за нешто тоа не значи дека ќепрестани родителот да го сака и многу оасна работа што многу грешат е штомногу родители своите нереализирани амбиции ги наметнуваат на својте деца,а они ги перцепираат како свои.тоа обично еполу свесен процес,затоа е битно на секој чекор да ги преиспитуваме нашите мотиви кога нешто бараме од нив и многу битно уште одмали нозе да ги прашувате својте деца што сакаш?пр што даоблечам за градинка,не му вели јас знам најдобро,туку прашај го како мислиш ти ,повикувајте ја сталнонеговата автентична желба,ако секоси со вашата тоа е здраво за нив,зошто одмали учат да викаат не на нешто што не го сакаат,и учат одмали дасе спротистават на авторитети,зошто ако одмали не научат да се спротиставуваат на најголемиот нивен авторитет а тоа е родителот,од кој зависат за се(храна,облека,дом,љубов)нема никогаш да научат да се спротистават на било кој авторитет во животот,без разлика дали се согласувале со него или не.Ќе станат комформисти во животот и ќе се повлекуваат постојано .Но затоа е битно родителот да им овозможи атмосфера дека се е во ред понекогаш дане се сложува со родителот и дека нема да јаизгубат нивната љубов.Но затоа е потребно децата да имаат слобода и целосна доверба во родителот и односите што ги градат со родителот да бидат врз база на искреност и блискост.Така да и кога некогаш родителот ќе згреши да има доблест да се избини на детето и да побара прошка,така детето учи дека родителот не е џин и не е совршен,што му помага на детето да си дозволи и самото да греши и да биде несовршено (smile)

NadicaG

Re: Воспитување на децата

Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 17:26

исто така премногу агресивни деца,пре бунтовни и непослушни укажува на друг екстрем....таму укажува на родителска немоќ што исто така е нездраво семејство.Таму децата се родители а родителите деца,но кога на едно дете ќе му дадеш толкава моќ,исходоте убитачен не само за нив самите туку и за околината.Затоа за мене многу битен дел собирање на сознанија најнови од наукат кој развојни задачи тжво дадена возраст тоа дете треба да ги надмини и како да му помогниш во тоа,аисто така даго влкучиш и Бог во тојпроцес на воспитување,но сепак треба да веруваш ида го познаваш,тоес да имаш ти лично свој однос со Него.

NadicaG

Re: Воспитување на децата

Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 18:01

кит-кет уште ова ми тека да го споделам.Опасноста што можи да се јави кај вас еследна,кај машки деца со модел намајка како што си ти цврста,способна,амбициозна,се јавува потреба да се докажуваат и стално даги испонуваат нејзините очекувања,може да дојде до идеализирање негово за тебе,што ќе доведе да бара слична женакако тебе која исто и неа стално ќе гледа да и ги испони очекувањата и да не ја разочара.Тоа е добро,но сепак е огромен притисок за другата страна.Јас многу пати сум ги разочарала мојте родители ,па и Бог ...но тоа не значи дека помалку вредам или дека тие помалку ме сакаат,самото тоа сознание дека е човечки и некогаш да ги разочараш тие оклоу тебе,па дури и самиот себе,дека е човечки да покажиш слабост и немоќ,те ослободува многу од тој притисок to be PERFECT (smile) и те ослободува од стравот дека ако бидеш она што вистински си ти нема да бидеш прифатен и сакан.затоа е многу битно родителите да потикнуваат кај детето да биде она што е тоа навистина ,а не што сакаат они и дека ќе биде прифатено и сакано.Многу луѓе учат уште од раното детство дека требада имаат маски за да бидат прифатени од околината,зошто нивните родители не ги прифаќале она што се од мали нозе,па научиле да глумат за дабидат прифатени.Најтешкоми екога ќе забележам дека тој однос го практикуваат и со Бог во црквите,мислат дека мораат да се преправаат нешто што не се за да можи Бог да ги прифати,затоа што од сликата која сме ја добиле за нашите родители ,имаме слика и за нашиот Бог дека е таков.Но тоа е лага,секое несакано дете ,неприфатено,отфрлено кај Бог можи да најде совршена љубов,прифаќање и заштита,и се што ти е украдено,ќе ти биде надокнадено
(smile)

NadicaG

Re: Воспитување на децата

Post by NadicaG » 21 Jul 2013, 19:20

,подобро е да го градиш додека е дета,отколку да го реновираш кога ќе стани возрасне,,
да бидеш родител е многу одговорна улог,потребно е голема вештина и мудрост и многу љубов (smile)
затоа е потребно Божје водтсво (love5)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Воспитување на децата

Post by kit-kat » 21 Jul 2013, 19:35

Со ова последнво потполно се согласувам,дека „се делка дрвото додека е млада фиданка„и дека родителството е мн.одговорна и голема работа.
Јас многу често и на големо се самоанализирам да не грешам негде,да не речам нешто погрешно,бидејки едно научив.Децата најмногу и најбрзо учат и спроведуваат на дело кога гледаат дека родителот го прави тоа.
Пример нема ефект ако постојано зборуваш дека отпадокот се фрла во канта,ако ти го фрлаш на улица и сл.
Инаку во погорниот мој текст не треба да добиете слика дека моето дете е совршено без грешка.
Често викам по него,многу зборувам,дури и казнувам за некоја грешка(одземам комјутер,тв некое време или не го пуштам во маало)
Пример пред некој месец сите деца од класот заминале во центар,а и тој без да ме праша,а во него носеше мобилен.Го чекав да се врати во одреденото време го нема.Му звонам и ми вика еве сум доаѓам.Чекам уште малку го нема (ner) Звонам недостапен (scared) .Кога ми звони мм и ми вика чекај си го синко со такси,а мм не е во град.
На синко му паднат тел во вода,исплашен побарал помош од воздрасен кој го знае мм и му звонал на мм.А мм го замолил да го прати со такси.
Кога дојде,не знаете што го снајде(јас не казнувам физички и никогаш не го тепам),но толку викав што збор не ми врати.Само се извини и вети дека нема да се повтори.
Му го одзедовме тел.на недела дена и не знам уште нешто го казнивме,ама си ја научи лекцијата дека нема криење од дома ништо.
А тоа што му паднал тел.го свато како казна бидејки се обиде да не измами.
Важно свати дека се ќе добива со наша дозвола и наше знаење.
Еве го од тогаш и за најбанална работа прашува,дали да го јадам ова или дали да пуштам цртан на тв?

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Воспитување на децата

Post by sunshine_2012 » 19 Sep 2013, 09:56

Дебора ме праша за калеб, јас мислам дека нели за два дена ке прави две години и сега си ја открива волјата па ај да виде додека може да бутне границите, во тие моменти го носам во кревет во соба и кога ке излезе од соба го прашувам дали е спремен да биде умен и да послуша, тој ке каже не и пак ке црка и ај го вракам назад се додека не престане, и ако тоа трае долго време тогас го игнорирам и гледа дека не му обрка никој внимани ај доага и така мил се умилкува и тогаш јас со радост евењ го мојот Калеб се врати, абе само да не видес какви сме глава ме заболе од зборење и самоконтрола, зашто ме вади од контакт ама фала му на Бог со времето научив да бидам учтива и да се контролирам во тие моменти.
и вчера шетравме и тој сакаше нешто и јас му објаснив зошто сега неможеме да го направиме тоа и ко викна не да плаче туку на целиот глас се дереше, добро што беше во количка врзан и тоа добро го стегнав за да не излезџе и да видеш пискање едно 15 мин. до дома, јас си ја гурав количката и им се насмевнував на луѓето што ке се обрнат да видат што е работа. Тој цркањето го користи за контрола ама не му попуштам во тие моменти, знам дек аке престане ама малку е напорно,Јас со другите 2 не сум имала ваков проблем никогаш ниту сега имам, ама ово третово знае да прави такви сцени. ама сепак многу си го сакам од друга страна е и многу сладок и многу нежен сакса да се гушка и бацува, и ако некој заплаче оди и го гали и го бацува, осетливо е ама ке му ја средиме волјата ке му ја ставиме у ред (tap)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Воспитување на децата

Post by kit-kat » 19 Sep 2013, 20:06

Убав текст Саншајн.
Ако е за утеха -мојата јатрва има две близначиња и една година помало девојче,кое е огин и пламен по карактер.Многу е тврдоглава и се сака по нејзино.Има изливи на плачење,за нешто ако не е по нејзино,а кога треба да плаче(кога не и даваат нешто или ќе ја плеснат по газе-не плаче)
Многу цврст карактер е.Си стои на зборот и сака да е по нејзино милом или силом.А има 6 години и нејзините сестри кои се 7 и синко кој е 8 години ги мота како сака (laugh1)
Тоа е заради борбеноста да е прва,бидејки по природа е последна.Кога треба да се смее таа е (sad1) а за да привлече внимание е спремна на се.
Но полека се менува.т.е.станува свесна дека тоа не е добро.Тешка е за одржавање,но сепак е слатка и интересна.
Немој да се нервираш.Пробај да не му даваш на значење.И ако поплачи малку не е страшно.
Знам дека на моменти не се трпи,но тоа е карактер и темперамент кој треба да се прифати.Секако не се дозволува се на дете,но толку мало дете не може да разбере се што му се зборува.
Почни да му земаш омилени играчки,или објасни му со цртање.
Јас така на синко преку цртање му објаснував дека ќе бидам секогаш (smile) ако ме слуша и ако е разбран и паметен,а (sad1) ако е непослушен.
Имаше ефект.
Знам дека ти тешко,но вака од страна е многу интересен.гушки за него (kup)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Воспитување на децата

Post by sunshine_2012 » 09 Oct 2013, 23:12

Кит кат фала за идејата со цртањето. Јас користам книги за воспитување на децата. Книгите се серии за секоја возраст, значи има книга од бебе па се до тинеџер. сигурно си слушнала за Growing kids God's way, Za Baby Wise( za bebinja) Toddler Wise ( za deca od 2 god. ) preschool wise za ( predskolska) itn. Идеите многу ми се допагаат. Користат Библиски принципи, и фокусот е да се вгради моралот на децата, значи тоа е основата и после како расне детето и како се соочува со светот надвор така има и идеи да се справуваш со детето.
Кит кат онаа што ти го споделуваш со нас е многу блиску до онаа што го применувам и јас.
Инаку ние применуваме дисциплина, а и најважното е покорност од прв пат, јас не бројам 1,2,3, очекувам да ме послуша од прв пат. ( obedience the first time). Потоа постојаноста, ако кажам дека нешто неможе да го добие и тоа е тоа, нема друго, значи непопуштам на неговото плачење и викање, ако се случи такво нешто ги носам во својата соба и во кревет можат да плачат,но за да излезат мора и да престанат да викат и цркат, и откако ке се смират страстите, тогаш разговарам, е сега разговарам на јазикот кој ме разбират и како ме разбират. Ако се скарат за играчка ( се дешава често) тогаш им давам опомена и му кажувам на оној кој што ја граби играчката од рака дека неможе да ја има сега зашто моментално брат му си игра, а кога брат му ке заврши тогаш може да се игра тој( обично оваа се дешава помегу Калеб и Давид и обично Калеб е тој што ја сака играчката), е сега. Калеб навистина често ке чека и тоа трпеливо и тоа ме радува што учи дека неможе се кога сака да зима, ама и учи на трпеливост Тогаш ке го пофалам и ке му кажам браво. но кога нема да ме послуша и ако плаче по играчката ништо го оставам да плаче или пак се обидувам да му одземам внимание со нешто друго, му давам на знање дека со плачење нема да добива работи.Убаво е да научи за граница, тоа ги прави децата сигурни во своите родители, па да Родителит се тие што треба да ги поставуват границите, а не децата. А со мм се согласни во начинот на воспитување, и ако јас кажам не и тој исто и обратно, но ако знам дека Даниел ( за него ова важи) нема да ми ја каже вистината, тогаш ке му речам ајде да одиме заедно кај тато и да разговараме околу тоа, Мм е многу добар оратор и говорник ( учител) и навистина убаво му зборува и советува и накрај му кажеме дека е добро да побара простување кога ке згреши дури и да не е некоја голема работа. откако ке побара простување ке го прегрнеме и кему речеме дека многу сме горди на него и многу го сакаме, направи голема работа.
Исто уште мали ( бебиња) со знаци ги учев да кажуваат те молам, ти благодарам, може ли? ме пшрашуваат за се дали може. сметам дека е важно да знам што и како прават. Кога јадеме на маса обавезно се молиме и му благодариме на бог за хранат и бараме да ја благослови, и они се вклучени во тоа без проблем дури и тие му благодарат на Бог. Кога ке завршат со јадењето прашуваат дали може да ја напуштат масата, а сега и К почнува да прашува. (love5)
отпшрилика тоа е, Сметам дека е важно да се обрне внимание на децата и нивното воспитување, немора да значи дека мојот начин е најдобар, но јас и мм ја одбравме оваа метода и сме задоволни со тоа како се воспитани нашите деца не дека се совршени, Но со Божјата помош и неговата мудрост даваме се одсебе за децата да бидат културни, воспитани. Кога има испади кај нив го корегираме.
Има една идеја што мм стално ја користи, дури и во семинарите, Правила без последица е само предлог. интересно. (bu)

Одговори

Return to “Воспитување на децата”