Воспитување на децата
Moderator: Модератори
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Воспитување на децата
Post by kit-kat » 19 Jul 2013, 16:18
Ова размислување на Надица и Петра пак ме ставија во мисла.
Веќе знаете како го воспитувам синко,срепам над него,не физички,туку на неговото однесување и на тоа како одговара на моето досегашно зборување.Синко ме почитува,имам авторитет,не е НЕ иако до сега неколку пати ќе го речев(во последно време од прва се разбираме). (smile)
Од бебе со него сум само со збор,ништо не тргнав по дома(маси,кристали,столови...)и никогаш не ми скршил нешто,барем не намерно.Му дозволувам да се валка,да се цапне во кал и вир(се разбира тоа не е кога е дотеран за негде или пред школо),да игра на улица.Но од секогаш се почитува мојот збор-време е за ручек,ладно е,одиме негде или не може.Но никогаш не му дозволив да чкрта по ѕидови,нити да фаќа со раце.Нити дома,а посебно на гости не чепка или пребарува по фиоки.Мислам дека тоа не е некое задоволство за него,бидејки така го воспитувам од првиот ден.Работите кај нас се поделени на културни и некултурни.Доволно е да речам дека тоа е некултурно и да се повлечи. (thumbsup)
Му давам слобода при избор на облека за во школо(ова или ова),да одбере јадење во кафеана,да си избере паста...Но нема да јаде леб и маргарин кога има ручек или да оди по кратки ракави кога студи... (rp)
Споредувајки го со негови врсници е (да не го фалам како мајка)супер.Моторичките способности-пливање,возење велосипед,ролери скејборт...му се на завидно ниво. (sonic)
На школо важи за умно,воспитано,примерно и многу друштвено дете.Учењето му е супер.
Маката ми е да не го направив премногу меко и попустливо за ова време.Со неговите агресивни другари не се дружи(и тоа изричито ми го кажува,бидејки фрлале камења по коли,вреѓале луѓе на улица...)
Ги знае сите јунаци,но гледа одредени-спајдермен,ајронмен...,а оние агресивни со нереални работи не ги сака.
Повеќе гледа how they do ili how it's made на дискавери канал него наруто или бејблејд цртани.
Игра и со женски деца поточно омилен им е.Секој ден дома го бараат.
Не е инаетчија,лесно можам да го убедам да и го даде на братучетка му или комшивчето синото лижало,а тој да го земе црвеното пт.
Многу е емотивен и се си става на душа.Се гледа и заприметува и ако нема да го спомне во тој момент,ќе ми го каже на само.Отворен е кажува што го мачи,но не е бунтовен.Ми вели ова го правам дека ти сакаш ама не ми е по војља.(пр.повеќе пати го пратам до продавница) (tongue)
Нигде не зема за јадење или пиење,па макар и да ги знае луѓето без да не праша,бидејки од мали му трубам дека тоа е опасно(мислејки на дрогата алкохолот).
Секогаш јаде на маса,со прибор,но ао се навалка,Боже мој не викам бидејки и мене ми се случува истото (smile)
Сега се прашувам да не му имам поставено многу високи амбиции,па да се гуши од сето тоа.
Да не е погрешно што едно 8 год.дете никогаш не заборава да поздрави(па дури и дома на мама и тато -нема станување без добро утро или легнување без бакнеж и добро сонче),да рече аирлија работа,да честита празник...
Прашањето ми е не дека сакам да е уличар или сл.но дали некаде погрешив,сега е се добро но се плашам понатака да не сака да ги помине тие работи?Иако свесно знае дека тоа не е добро однесување,но не знам како ќе биде посебно во пубертетот.
Позитивност ми е тоа што сите стручни лица велат дека карактерот на детето се формира до 7 год.
Пишете мислење и како вие се однесувате со вашите деца,т.е. како тие се однесуват кон вас.
Re: Воспитување на децата
Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 16:45
Затоа молете се за вашите деца,бидете отворени за нови идеи,дозволете родителството вас да ве промени.Не само што опшеството ќе ни биде поздраво,зошто научно сознание е ,,болно семејство-болно опшество,,туку и нашето наследство што ќе го пренесиме на нашите деца,ке биде пренесено на наредните генерации,а ние имаме одговорност и должност кон наредните генерации!!,,.
зошто како што вели во Библијата проклетството се пренесува од генерација на генерација,така и благословот се пренесува од генерација на генерација,е па во тој контекс најубавото нешто што можите да им го оставите во наследство на вашите деца е вашиот личен однос со Бог,да на вашите деца им е многу нормално и секојднево да општат со Бог,гледајки ве вас и слушајќи ве вас кога им зборувате за вашето лично патување со вашиот Бог (smile)
Re: Воспитување на децата
Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 17:13
Re: Воспитување на децата
Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 17:26
Re: Воспитување на децата
Post by NadicaG » 19 Jul 2013, 18:01
(smile)
Re: Воспитување на децата
Post by NadicaG » 21 Jul 2013, 19:20
да бидеш родител е многу одговорна улог,потребно е голема вештина и мудрост и многу љубов (smile)
затоа е потребно Божје водтсво (love5)
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Воспитување на децата
Post by kit-kat » 21 Jul 2013, 19:35
Јас многу често и на големо се самоанализирам да не грешам негде,да не речам нешто погрешно,бидејки едно научив.Децата најмногу и најбрзо учат и спроведуваат на дело кога гледаат дека родителот го прави тоа.
Пример нема ефект ако постојано зборуваш дека отпадокот се фрла во канта,ако ти го фрлаш на улица и сл.
Инаку во погорниот мој текст не треба да добиете слика дека моето дете е совршено без грешка.
Често викам по него,многу зборувам,дури и казнувам за некоја грешка(одземам комјутер,тв некое време или не го пуштам во маало)
Пример пред некој месец сите деца од класот заминале во центар,а и тој без да ме праша,а во него носеше мобилен.Го чекав да се врати во одреденото време го нема.Му звонам и ми вика еве сум доаѓам.Чекам уште малку го нема (ner) Звонам недостапен (scared) .Кога ми звони мм и ми вика чекај си го синко со такси,а мм не е во град.
На синко му паднат тел во вода,исплашен побарал помош од воздрасен кој го знае мм и му звонал на мм.А мм го замолил да го прати со такси.
Кога дојде,не знаете што го снајде(јас не казнувам физички и никогаш не го тепам),но толку викав што збор не ми врати.Само се извини и вети дека нема да се повтори.
Му го одзедовме тел.на недела дена и не знам уште нешто го казнивме,ама си ја научи лекцијата дека нема криење од дома ништо.
А тоа што му паднал тел.го свато како казна бидејки се обиде да не измами.
Важно свати дека се ќе добива со наша дозвола и наше знаење.
Еве го од тогаш и за најбанална работа прашува,дали да го јадам ова или дали да пуштам цртан на тв?
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1153
- Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
- Location: Tetovo
- Му се допанале: 548 пати
- Им се допаднал: 738 пати
Re: Воспитување на децата
Post by sunshine_2012 » 19 Sep 2013, 09:56
и вчера шетравме и тој сакаше нешто и јас му објаснив зошто сега неможеме да го направиме тоа и ко викна не да плаче туку на целиот глас се дереше, добро што беше во количка врзан и тоа добро го стегнав за да не излезџе и да видеш пискање едно 15 мин. до дома, јас си ја гурав количката и им се насмевнував на луѓето што ке се обрнат да видат што е работа. Тој цркањето го користи за контрола ама не му попуштам во тие моменти, знам дек аке престане ама малку е напорно,Јас со другите 2 не сум имала ваков проблем никогаш ниту сега имам, ама ово третово знае да прави такви сцени. ама сепак многу си го сакам од друга страна е и многу сладок и многу нежен сакса да се гушка и бацува, и ако некој заплаче оди и го гали и го бацува, осетливо е ама ке му ја средиме волјата ке му ја ставиме у ред (tap)
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Воспитување на децата
Post by kit-kat » 19 Sep 2013, 20:06
Ако е за утеха -мојата јатрва има две близначиња и една година помало девојче,кое е огин и пламен по карактер.Многу е тврдоглава и се сака по нејзино.Има изливи на плачење,за нешто ако не е по нејзино,а кога треба да плаче(кога не и даваат нешто или ќе ја плеснат по газе-не плаче)
Многу цврст карактер е.Си стои на зборот и сака да е по нејзино милом или силом.А има 6 години и нејзините сестри кои се 7 и синко кој е 8 години ги мота како сака (laugh1)
Тоа е заради борбеноста да е прва,бидејки по природа е последна.Кога треба да се смее таа е (sad1) а за да привлече внимание е спремна на се.
Но полека се менува.т.е.станува свесна дека тоа не е добро.Тешка е за одржавање,но сепак е слатка и интересна.
Немој да се нервираш.Пробај да не му даваш на значење.И ако поплачи малку не е страшно.
Знам дека на моменти не се трпи,но тоа е карактер и темперамент кој треба да се прифати.Секако не се дозволува се на дете,но толку мало дете не може да разбере се што му се зборува.
Почни да му земаш омилени играчки,или објасни му со цртање.
Јас така на синко преку цртање му објаснував дека ќе бидам секогаш (smile) ако ме слуша и ако е разбран и паметен,а (sad1) ако е непослушен.
Имаше ефект.
Знам дека ти тешко,но вака од страна е многу интересен.гушки за него (kup)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1153
- Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
- Location: Tetovo
- Му се допанале: 548 пати
- Им се допаднал: 738 пати
Re: Воспитување на децата
Post by sunshine_2012 » 09 Oct 2013, 23:12
Кит кат онаа што ти го споделуваш со нас е многу блиску до онаа што го применувам и јас.
Инаку ние применуваме дисциплина, а и најважното е покорност од прв пат, јас не бројам 1,2,3, очекувам да ме послуша од прв пат. ( obedience the first time). Потоа постојаноста, ако кажам дека нешто неможе да го добие и тоа е тоа, нема друго, значи непопуштам на неговото плачење и викање, ако се случи такво нешто ги носам во својата соба и во кревет можат да плачат,но за да излезат мора и да престанат да викат и цркат, и откако ке се смират страстите, тогаш разговарам, е сега разговарам на јазикот кој ме разбират и како ме разбират. Ако се скарат за играчка ( се дешава често) тогаш им давам опомена и му кажувам на оној кој што ја граби играчката од рака дека неможе да ја има сега зашто моментално брат му си игра, а кога брат му ке заврши тогаш може да се игра тој( обично оваа се дешава помегу Калеб и Давид и обично Калеб е тој што ја сака играчката), е сега. Калеб навистина често ке чека и тоа трпеливо и тоа ме радува што учи дека неможе се кога сака да зима, ама и учи на трпеливост Тогаш ке го пофалам и ке му кажам браво. но кога нема да ме послуша и ако плаче по играчката ништо го оставам да плаче или пак се обидувам да му одземам внимание со нешто друго, му давам на знање дека со плачење нема да добива работи.Убаво е да научи за граница, тоа ги прави децата сигурни во своите родители, па да Родителит се тие што треба да ги поставуват границите, а не децата. А со мм се согласни во начинот на воспитување, и ако јас кажам не и тој исто и обратно, но ако знам дека Даниел ( за него ова важи) нема да ми ја каже вистината, тогаш ке му речам ајде да одиме заедно кај тато и да разговараме околу тоа, Мм е многу добар оратор и говорник ( учител) и навистина убаво му зборува и советува и накрај му кажеме дека е добро да побара простување кога ке згреши дури и да не е некоја голема работа. откако ке побара простување ке го прегрнеме и кему речеме дека многу сме горди на него и многу го сакаме, направи голема работа.
Исто уште мали ( бебиња) со знаци ги учев да кажуваат те молам, ти благодарам, може ли? ме пшрашуваат за се дали може. сметам дека е важно да знам што и како прават. Кога јадеме на маса обавезно се молиме и му благодариме на бог за хранат и бараме да ја благослови, и они се вклучени во тоа без проблем дури и тие му благодарат на Бог. Кога ке завршат со јадењето прашуваат дали може да ја напуштат масата, а сега и К почнува да прашува. (love5)
отпшрилика тоа е, Сметам дека е важно да се обрне внимание на децата и нивното воспитување, немора да значи дека мојот начин е најдобар, но јас и мм ја одбравме оваа метода и сме задоволни со тоа како се воспитани нашите деца не дека се совршени, Но со Божјата помош и неговата мудрост даваме се одсебе за децата да бидат културни, воспитани. Кога има испади кај нив го корегираме.
Има една идеја што мм стално ја користи, дури и во семинарите, Правила без последица е само предлог. интересно. (bu)
Return to “Воспитување на децата”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива