Наметнување бренд кај децата
Moderator: Модератори
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Наметнување бренд кај децата
Post by kit-kat » 12 May 2013, 23:03
Ќерката на Том Круз-Сури која сигурно нема ни 7 год,ќе лансирала нова линија облека и била многу надарена...Го гледам девојчето на слика.Дотерано-срце на рака,но нашминкано,да не личи на девојче туку на дама,а во рачињата се уште држеше плишана играчка (scared)
Ама ајде ќе голтнеме до некаде ипак е ќерка на мега популарни личности.
Јас се запрепастувам од деца врсници на син ми кои велат„Еј пази,ми ги прегази патиките,тие се најк или адидас и купени се 100евра. (ner)
Или маичкава ми е окаиди,а панталониве ми се манго пр.
Што разбира дете од бренд и цена доколку тоа не е наметнато од родителите.
Секој родител купува најдобро и колку што може за своето дете,но што потреба тоа да го знае и детето.
Еве ние сме во можност,плус едно дете имаме,па му купуваме поскапо ради квалитет.Но моето дете не знае за ниедна марка или цена.Од кога е роден носи обувки цицибан,планика чизми и најк патики,но тој знае само за белите патики,плавите чизми или кафените сандалки...
Како и облеката.МУ земам од Солун(по можност во попуст-зошто да не)па ги разликува само по боја и име,а никако по марка и цена.
Зошто луѓето ги замараат децата со вакви работи.Ќе му дојде време да се натпреваруваат и грижат за ова.
А најважно мислам дека е детето да се научи да вреднува по други работи,а не по цената на облеката или патиките.
Јас сум порасната со алишта од сестра ми па еве сум здрава жива и успешна.
Ме радува и синко што учи од она што му го трубам секој ден.Вреднува луѓе по душа а не по изглед.
Пред некој ден ми вели,оваа другарка е искрена,ме потсети дека имаме задача по запознавање,а за друга дека во неколку наврати го излажала за домашно,а таа имала точно домашно.
И почнува да селектира деца според однесувањето.
Па слободно тука пишете за ваше мислење.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Petra » 13 May 2013, 00:34
Значи, мојот коментар е дека вие ќе ја завршите одлично вашата родителска обврска, на светот ќе му подарите една прекрасна зрела личнот што ќе даде благ вкус. (love5)
Дете од бренд и цена не разбира, се наметнува од родителите, мислам заради комплекс на ниска вредност, па компензација.
Се поставува погрешна основа на вистински вредности. Резултатот себична, разгалена личност, материјалист. Децата се чисти, содржината ја исполнуваме ние родителите.
Постои опсаност да ги почитува своите родиетели ако се во можност да му обезбедат луксуз.
Некои родители можеби се во можност да им купуваат на своите деца брендирана гардероба, но некои што не е реткост во нашата земја, едвај сврзуваат крај со крај, а за жал има и многу полоши примери. Тоа што некои родители можат да овозможат скапа гардероба на своите деца, не ги прави подобри родители од оние што едвај можат да ги задоволат основните потреби на своите деца, да не ги пратат боси и гладни.
Мојата ќерка носи брендирана гаредроба. Искрено, јас не можам да и го овозможам тоа, но моите сестри и купуваат скапи работи. Исто и од кај татко и добива брендирана гардероба. Се трудам да и пренесам дека вистинските вредности немаат допирна точка со материјалните блага.
Скапите патики, фармерки, ранци, тренерки...еден ден ќе ги нема, но човечките квалитети што ќе ги посееме во нашите деца, да љуби, да биде чесна и достоинствена личност, сочувствителна... ќе ги пренесе и на своите деца.
Наметнувањето на бренд кај децата ќе доведе и до гупирања помеѓу нив, групирања на оние што носат бренд и на сиромашни. (sad1) Опасност да гледаат на надворешноста, а не на самата суштина, нема да ги ценат вистинските вредности.
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by kit-kat » 13 May 2013, 21:47
Фала за комплиментите за синко.До сега одлично реагира на она што го зборуваме.Не бара пари или луксуз,за него светост е фамилијата,празниците,и го радува секоја ситница.
На пр вчера ги вадев оние реси-муварници за на врата и ми вика-Ооо за Многу години мама ја отвори пролета,да сме здрави и живи.За него редењето елка,вадењето на кокошките за Велигден е светост.
Во црква се моли за здравје,среќа и братче или сестриче.Никогаш не ги споменува парите,бидејки ние никогаш не сме ги споменале пред него.
Да се има пари е важно во животот,но лутањето само по нив е мизерно.Тоа му го кажуваме во смисла-Ако сакаш да имаш убав живот,да шеташ да си овозможиш себе си и на твоите,мораш да работиш.А не мораш да имаш пари во животот.
И да видите колку е успешно,колку се труди да помогне околу работата. (love5)
Но стравот кај мене за синко е што во пубертетот.
Сега со едно стснување за рака или еден збор се разбираме.Но кога ќе наполни 14-17 години,како тогаш?
Се надевам дека ако сме успеале до тука и натака ќе биде така (bu)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Petra » 15 May 2013, 07:09
Мислам дека со синчето ќе немате проблем во тинејџерските години. Дете што е убаво подигано, воспитувано на правилен начин, мислам дека и во тие години кога настануваат многу промени, нема да стане проблематична личност. Речиси сум цврсто убедена дега го подигате во една прекрасна личнот. (rad) (bu)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 4049
- Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
- Му се допанале: 1286 пати
- Им се допаднал: 1103 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Lejla7 » 15 May 2013, 08:30
Јас ќе ви кажам еден лош пример за деца опседнати со брендирана облека. Знаете дека работам во образование, и во државно и во приватно училиште. Е па во приватното училиште се среќавам со деца кои исклучиво носат брендови и се чувствувам непријатно кога ќе ми седнат на прва клупа и од глава до петици ме меркаат да видат што носам и како сум облечена. Не станува збор за дискретно погледнување, туку буквално за одмерување. Плус им ги слушам муабетите, де оваа марка, де онаа марка, и не можам да им се изначудам. Прво и прво, свесни ли се дека парите се минлива категорија и дека тоа што сега го имаат не значи дека ќе го имаат и во иднина, а плус тоа и ништо сами не заработиле, лесно е да бидеш важен со парите на родителите. Како ги омаловажуваат другите деца, не само заради облеката. Значи неверојатно е колку можат да бидат сурови децата. Ама според мене тоа е само резултат на домашното воспитување
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by NadicaG » 15 May 2013, 12:16
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1599
- Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
- Location: All around the world :)
- Му се допанале: 294 пати
- Им се допаднал: 689 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Vesela » 11 Jun 2013, 15:28
Убаво што сакала авторката да каже како да се воспитуваат деца, ама не добив впечаток дека и навистина тоаа го мисли особено што неколку пати во тексто повтори дека купува квалитетна облека, наведувајќи еден куп брендови кои ги носи нејзиното дете. Демек јас знам кој е брендот, ама детево незнае. А кога ќе потпорасне????. Искрено, многу ми личеше дволичен текстот.
Извинете, ама морав да пишам, ме изнервира!!!! (comp) (tumbdown)
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Debora » 11 Jun 2013, 15:47
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by kit-kat » 11 Jun 2013, 15:49
Не сваќам ништо навредливо.Тоа е твое мислење.
Кога реков дека купувам квалитетна облека мислев на добар памук кој не се поти,и е пријатен за носење.
Но никогаш не потенцирам дека е така.Не купувам скапо,бидејки расне,но и да му земам марка не му го кажувам, тоа на син ми.А има деца кои го потенцитаат тоа,а за тоа тие не се криви,тоа се зборови на родителите.
Како што кажам негде ти дека има мајки пред кои не смееш да кажеш дека твоето дете пие кока кола.
Во принцип сите се трудиме за нај за своето дете.И јас здраво го хранам и кажувам јасно дека дома воопшто не држам газирани сокови,но не можам да речам сека синко не се има напиено.Тоа редовно го прави на одмор или по родендени.
Поздрав
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1599
- Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
- Location: All around the world :)
- Му се допанале: 294 пати
- Им се допаднал: 689 пати
Re: Наметнување бренд кај децата
Post by Vesela » 11 Jun 2013, 16:11
Во суштина и двете на исто мислиме.
Поздрав (thumbsup) (thumbsup) (thumbsup) (thumbsup)
Return to “Воспитување на децата”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива