Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Moderator: Модератори

Одговори
mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by mihaela » 28 Mar 2011, 15:24

Го пребарав форумов но мислам дека не сретнав ваква тема.Ја отворам оваа тема затоа што ние се наоѓаме токму во таа фаза од развојот кога тврдоглавоста е доста изразена.Всушност се надевам дека е само фаза,а не и вродена тврдоглавост (scared) затоашто навистина е тешко да се излезе на крај а да не се изгуби трпението.Дали вашите дечиња се по малку тврдоглави,дали често ви противречат и како излегувате на крај со тоа???
Јас веќе незнам како да постапам со син ми.Тој има две години и три месеци и во последно време навистина некако тешко се разбираме (cry1) Стануваме наутро и пола саат ни треба да се убедиме да ги соблечеме пижамите.Ако по некоја случајност тоа го поминеме полесно кочи при менувањето пелена.Доаѓа време за прошетка тешко се убедуваме да облечеме палто и кондури,а ако ги облечеме кога се враќаме неможеме да се убедиме да ги соблечеме (hair) (hair) (hair) А навечер кога ќе дојде време да се спремаме за спиење со плачки ги облекуваме пижамите.Во секој случај има моменти и кога оди полесно сето ова,но во основа ова ни се секојдневните случувања.
Дали и на вас ви се случува истото и како вие реагирате на сето тоа???
Јас пробувам секако и со галење,со пеење,му раскажувам нешто интересно,се трудам да му го одвлечам вниманието од главниот настан(облекување)но за жал не успева секогаш.Па пак убедување дека тоа мора да се направи,избегнувам карање но понекогаш целата ситуацуја завршува со кавга и на крај пак ќе го облечам со плачење.Се прашувам дали јас грешам некаде или такво е детето или е само една минлива фаза (confus) Би сакала да ги слушнам и вашите мислења.Поздрав!

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by ELIANA » 28 Mar 2011, 21:51

Михаела, јас ќе ти го кажам моето размислување, затоа што од искуство не можам да кажам, моето е уште малечко, но затоа многу се интересирам, читам, за да бидам спремна горе-долу за секој период. Како многу добар принцип сметам дека е постојаноста на родителот во неговите одлуки и спроведување на истите. Во смисла, кога родителот ќе каже - не, да биде - не. Ако даваш заповед со последица, во смисла, направи го ова во спротивно ова, да бидеш спремна да го спроведеш тоа до крај. Мислам дека ние ги потценуваме нашите деца дека се премногу мали, па не разбираат, па не можат да научат сега итн. Децата уште од мали многу бргу учат. Ако ги научиш дека твоето не, значи не, така ќе прават. Ако научат дека Не на родителот, со доволно плачење, цимолење, трескање од земја, ќе стане да, така ќе прават. Треба да научат дека секоја непослушност има последица ( ти ќе ја одредиш во зависност од детето, дали губење на некоја привилегија, играчка, ТВ и сл, седење во ќош, а за некои и ќотече по газето). Знам дека е полесно да се каже, отколку да се спроведе, но со истрајност, ќе има добри резултати долгорочно. Имам уште да пишувам, ама немам толку време (smile).
Ако имаш кабловска, и го имаш Travel&Living каналот, и разбираш англиски, мене многу ми се допаѓа една емисија Bring Home Nanny, има добри совети и се гледа како се спроведуваат на дело т.е. во некое семејство. (thumbsup)

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by mihaela » 30 Mar 2011, 19:00

Eлиана,се сложувам во потполност со тебе дека треба да се биде постојан во донесувањето на одлуките и нивното спроведување,но понекогаш праксата и теоријата се разидуваат.Колку и да сакаме да сме постојани во спроведувањето на нашите одлуки,постојат моменти кога едноставно мора да се направи исклучок,т.е. да попушти родителот.Но после тоа со разговор да му се објасни на детето за целата ситуација.Мислам дека така би имало повеке ефект.Во мојот случај конкретно не станува збор за донесување одлуки кои не се спроведуваат до крај.Напротив,тогаш кога треба да се облече или соблече тоа и ќе го направиме,само проблемот е како тоа да се направи доброволно,без закани со казнување и слично.
Факт е дека родителот треба да има афторитет пред детето,но некои работи кои ги правиме како на пример облекување,соблекување или јадење нетреба да бидат поврзани со афторитетот на родителот туку треба да се прават затоашто така треба а не затоашто мајката вели така.Во моментов детето го облекувам и соблекувам јас,но ќе има ситуации кога ќе треба да го облече или соблече некој друг,на пример бабаму,татко му или воспитувачка во градинка.Значи прашањето е ‘‘како да научи дека треба да прави нешто што мора да го прави но без закана дека ќе биде казнет‘‘Треба да свати дека кога стануваме наутро треба да се соблечат пижамите и да се облечат блуза и пантолони.Значи тоа не е моја волја туку едноставно така треба.Јас постојано зборувам со син ми,му објаснувам што треба а што не.Да,тој слуша и учи многу брзо,но и покрај тоа што слуша и учи,сепак понекогаш и се инаети.Значи на инаетот негов треба и јас да вратам со инает за да тој не се инаети повеќе???? Затоашто спроведувањето на одлуките до крај,посебно кога детето се инаети значи инаетење на родителот наспроти инаетот на детето.
А што се однесува за таа емисијата на кабловска не ја имам гледано,но сум слушнала дека во некои случаи се преземале и некои престроги мерки за да се дисциплинираат децата.Веројатно може да се научат многу работи.Но јас сепак сум повеќе за толеранција и поголема флексибилност на родителите спрема децата.Да,тие знаат да злоупотребат понекогаш и да ни се качат на глава,но тоа е тоа,тие сепак се деца.А ние очигледно ќе мора да издржиме.

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by mihaela » 04 Apr 2011, 15:36

Со оглед на тоа дека со син ми се најдовме во фаза кога тврдоглавоста е малку повеќе изразена, се потрудив малку повеќе да истражувам и прочитав повеќе статии од стручни лица кои правеле испитувања во врска со развојот на децата и нивното воспитување и најдов навистина интересни и пред се корисни податоци.Значи во основа,децата на возраст од година до три се наоѓаат во фаза кога нивната тврдоглавост може да биде поизразена,мало олеснување и за мене дека однесувањето на син ми е нормално (laugh1) .Но сепак кај некои деца може да биде поизразена,а причина за тоа може да биде разгалувањето на детето или пак чувството дека нешто му е ускратено.Сето ова ме натера да ја преиспитам целата ситуација,а посебно да се преиспитам себеси,затоа што воопшто не го разгалувам син ми ,ниту јас ниту пак некој друг член од семејството.Сметам дека од тој аспект се однесуваме сосема нормално како родители.Но затоа сватив дека мора да постои некоја друга причина за неговото однесување.Кога се навратив на случувањата од пред месец или два,заклучив дека неговата тврдоглавост стана поинтензивна откако престанавме со доење.До тогаш тој секогаш заспиваше доејќи во моите раце,а веднаш после тоа заспивањето беше или со кажување приказни или гледајќи некој омилен цртан филм.Мојата ‘‘грешка‘‘ при тоа беше тоа што јас не го држев во раце туку си лежеше сам или седеше на фотелја.Сметав дека така побрзо ќе заборави на доењето.Тој навистина заборави на доењето,повеќе не побара, но затоа веројатно се почуствува осамен,можеби и отфрлен,кој знае,па револтот го изразуваше на тој начин.Јас поминував доста време со него,си игравме и го галев во текот на денот,но кога ќе дојдеше време за спиење,некако како да го оставав повеќе сам,сакајќи побрзо да порасне :ymblushing: Но сега откако ја сватив причината за неговото однесување,си го сменав јас моето однесување.Сега кога ќе дојде време за спиење цртаниот филм го гледаме заедно,или кога му раскажувам приказна го држам во раце. И мислам дека успеавме (thumbsup) Неговиот отпор е помал,веќе не се противи толку, и фала богу и мене ми олесна затоа што конечно и јас ја научив лекцијата и се надевам дека понатаму ќе ни биде полесно(bu) (bu) Извинете ако и на вас ви здосадив со моите лелекања,но исто така се надевам дека можеби моето искуство може на некого и да му биде од корист (smile) Поздрав до сите родители и незаборавајте да бидете понекогаш т. е.повеќе пати да бидете ‘‘деца‘‘со вашите деца. (thumbup)

Anabanana
Нов член
Нов член
Мислења: 44
Придружен: 30 Mar 2011, 14:12
Им се допаднал: 2 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by Anabanana » 15 Apr 2011, 11:14

Се сложувам со погоре напишаните постови и според моето искуство со син ми мислам дека најмногу е тоа поради разгаленоста. . . Во мојот конкретен случај ја немам таа подршка од другите во семејството. Значи ако јас кажам за нешто не, Марко почнува да цимоли, да се треска од земја и слично, па маж ми или баба му неможат да го гледаат и нормално ќе му го дадат тоа што го бара. Џабе повторував цело време, они пак истото го правеа. МОжеби ме нарекуваа лоша, зошто повеќе од времето со мене плачеше ама едноставно не му попуштав...кога ќе кажев за нешто не, сакав да остане не.
Најмногу и заради тоа го пратив во градинка за да се социјализира со децата и да научи дека неможе да биде се негово ( зошто е единствено дете кај нас во фамилија и сите му прават кејфови).
Е почна да се менува ситуацијата кога и во градинка ми се пожалија дека цимоли многу ако не биде по негово, па откако разговаравме убаво со маж ми сфати дека можеби сум имала право и дека неможе да добива се што ќе посака. Уште се мачиме да ја подобриме ситуацијата, порано губев нерви многу повеќе ама сега сум многу посмирена кога ќе си почне со неговите песни да ги наречам. Но полека полека прифаќа. Гледам повеќе да му го изорганизирам времето, за да нема ни време да помисли за некоја негова глупост.

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by mihaela » 05 May 2011, 16:47

Вчера прочитав нешто во врска со оваа тема.Правени се најразлични испитувања на оваа проблематика која очигледно се јавува кај сите деца на возраст од 1 до 3 години.Според испитувањата на Др.Карп (педијатар кој ја написал книгата‘‘најсрекно бебе на светот‘‘)во моментот кога детето ќе се разбесни,најдобро било да се повторуваат истите зборови кои тоа ги користи во тој момент,а не да му викаме или да му објаснуваме и докажуваме.Со тоа што ќе ги повторуваме неговите зборови му даваме до знаење дека го слушаме и така побрзо ќе се смири и после тоа да му се објасни зошто не му го удоволуваме во моментот тоа што го сака.На пример ако во продавница почне да плаче и вика‘‘сакам чоколада,сакамм чоколада...‘‘би требало и ние да повторуваме со него‘‘сакаш чоколада,сакаш чоколада..‘‘и тоа престанува да плаче,е сега настапува родителот со објаснување зошто неможе да добие чоколада и му го одвлекуваме вниманието со нешто друго.Искрено,на прв поглед ова изгледа чудно,но верувајте имав прилика да го употребам(не во продавница,туку дома)за нешто што во моментот сакаше а не смееше,па почна плачење и лигавење и јас го применив советот од ДР.Карп и знаете што??? УСПЕА, син ми за кратко време престана да плаче и со малку разговор вниманието го одвлековме на друга страна и поминавме супер.Значи има смисла ова тврдење и добро е за родителот да не ги кине нервите за бадијала. (thumbsup) (thumbsup)

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Како се справувате со тврдоглавоста на децата?

Post by JasminaJN » 10 May 2011, 16:31

Ви ги читам постовите и баш ќе пробам дали ќе ми успее. Мојот син е пврдоглав премногу.За све ништо не поминува без закани.Облекување, соблекување миење заби освем бањање е тоа го обожава.Кога ќе му речам одиме на бањање почнува во момент да се соблекува (smile) смешки.А за тоа да му обрнам повеќе внимание се трудам ама кога ќе се вратам во 5 саат дома мртва уморна и измалтретирана тешко ми оди.Како и да е советите ќе ги применам и ќе ви пиша.
Поздрав

Одговори

Return to “Воспитување на децата”