Заштита од штетници кај органско производство

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11018
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5791 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Заштита од штетници кај органско производство

Post by Debora » 25 Aug 2013, 21:49

Јас немам бавча, ама имам мерак. (smile) Истражував малку за заштита на органско производство - без пестициди и го најдов овој линк http://wakeup-world.com/2011/12/06/exte ... -remedies/

Читав и за заштита со коприва, ама сега не ми текнува како беше точно соодносот, кога ќе го најдам ќе го напишам.

Ако имате ваши начини пишувајте. (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11018
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5791 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Заштита од штетници кај органско производство

Post by Debora » 25 Aug 2013, 22:01

Ова го најдов сега

Коприва - (Лисни вошки) Во сад
од 10 l се става свежо набрана
коприва во количина од 1 kg или
сува 150 g која може да биде во
фаза на цветање, но без семе.
Копривата се прелива со вода и тоа
4-5cm над растенијата. Пожелно е
водата да биде дождовница. Садот
се поклопува и се остава 12-24 h да
стои. После тој период се цеди
течноста и така неразблажена се
употребува за прскање. Местата
каде има вошка добро се
натопуват. Прскањето се
повторува неколку пати. Во свежо
направената чорба се наоѓaат
ситни иглички од мравја киселина
која ги уништува вошките. Оваа
чорба се прави брзо, лесно и
ефтина е, и се препорачува кога
нападот е мал, ако е масовен треба
да се користат ефикасни средства.
Домат - (Зелков молец) Се зема
100 g свежи листови од домат, и се
поливат со 1 l вода и се остават да
отстои 3 h. После тоа водата се
употребува за прскање Се прска
секој втори ден додека трае
полагањето на јајцата од зелковиот
молец. Мирисот од доматот ја
одбива пеперутката на зелковиот
молец.
Домат - (Инсектицид) Се зема 2 kg
ситно исечкан свеж лист од домат
и се прелива со 10 l 70% алкохол.
Почесто се меша три дена, потоа
се цеди екстрактот. Се зема од
екстратот 1 l и се меша со 1 l вода
и со тој раствор се прскаaт
цвеќињата и зеленчуците. Посебно
е добар растенија од фамилијата
(Solanaceae-Компир во тек на
напад од компировата златица).
Папрат - (Инсектицид) Во 10 l
вода се става 1 кг свеж папрат или
сув 150 g и се остава 24 h да стои
за да омекне. После тоа масата се
вари 30 минути и потоа течноста
се цеди и лади. Се употребува
неразблажена. Се прска зимата на
тивко време. Течноста се чува во
дрвено или пластично буре.
Тутун - (Растителни вошки и
бухач) Од екстракцијата од
отпадокот на тутунот се добива
темна течност, на 100 l вода се
става 5 l од течноста од тутунот и
2 кг калиев сапун. Мешавината
добро се измешува и потоа може
да се употребува за прскање.
Кромид - (Грињи) Се зема 20-50 g
лушпи од кромид и се преливат со
1 l вода и се остават 4-7 денa.
Потоа течноста се цеди и се прска
неразредена. Се прска против
грињите а превентивно против:
пепелница, пламењача и р’ѓа.
Освен растенијата, се прска и
почвата.
Компост- Направен од остатокот
на растенијата од болеста или
штетникот штити пр: компостот од
трули плодови нападнати од
монилијата, го спречува нападот
од оваа габа, а компостот од домат
направен од делови нападнати од
пепелница ја спречува заразата од
пепелница на новиот домат.
Камилица - Посеана меѓу житата
го подобрува растот на
растенијата. Се верува и е
потврдено дека едно растение од
камилица штити 1m2
површина од
белиот црвец.
Невен - Го сузбива белиот црвец
со својот мирис што го испушта од
својот корен, и затоа црвецот бега
од мирисот. Посебно е користен во
симбиоза со морковот.
Драгољуб - Две растенија посеани
покрај овошно дрво и замотано на
стеблото во голема мера штити од
вошка. Или може да се прска со
ретка каша направена од листови
на драгољубот.
Лук - Белиот црв не го поднесува
мирисот од ова растние. Лукот
посеан меѓу јагодите помага
истите да се поцврсти.
Рен - Посеан по ивиците на
компирот помага за добивање на
на здрави кртоли, а посеан покрај
цреша ја спречува појавата на
монилијата и трулежот.
Ким - Засеан покрај компирот го
подобрува вкусот на компирот.
Магданос - Насеан покрај
доматот го подобрува вкусот на
доматот. Магданосот исто така
влијае на некој паразити на
празот.

http://www.mzsv.gov.mk/files/Organsko_z ... kacija.pdf

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Заштита од штетници кај органско производство

Post by Happy^_^ » 25 Aug 2013, 22:09

Со копривата е испробано :-) Татко ми ... Ете утре морам да го распрашам за се.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11018
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5791 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Заштита од штетници кај органско производство

Post by Debora » 28 Aug 2013, 20:09


Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11018
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5791 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Заштита од штетници кај органско производство

Post by Debora » 25 Sep 2013, 15:20

Книгичка во pdf формат, кој сака може да си ја симне бесплатно http://www.free-ebooks.net/ebook/Natura ... st-Control

Одговори

Return to “Направи сам”