Природни дезодоранси

Moderator: Модератори

Одговори
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Природни дезодоранси

Post by Petra » 08 Nov 2012, 16:09

Направете природен дезедоранс за кратко време
Состојки:
сода бикарбона
пчанкарен скроб (мислам дека е нишесте, густин, ако не е така ве молам поправете ме)
маслиново масло
1 лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб и неколку капки маслиново масло. Сето тоа добро се меша и се добива прашкаста смеса. Се затвора во затворен сад и се добива 100% природен дезедоранс. (smile)
Упатство за користење:
После туширање се става во раката малку смеса и се втрива под пазуви. Маслиновото масло не е обавезна состојка, истиот ефект се постигнува и без него. Но маслиновото масло ја засирува смесата, а и корисно делува на кожата па се препорачува. Ако сакате дезедорансот пријатно да ви мириса, зошто овој нема мирис освен малку на маслиновото масло во смесата додадете неколку капки етерично масло по ваш избор и промешајте.
Ова сега ќе го направам и ќе видам каков ефект има. Од етерични масла имам само од мента, па малку ќе капнам од него, зошто не ми е сигурно како ќе мирисам на маслиново масло. (laugh1)
Има и други рецепти за природни дезедоранси, ќе побарам и ќе напишам. (thumbsup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Природна козметика

Post by Debora » 08 Nov 2012, 16:17

Петра знаев дека ќе изнајдеш нешто =)) =)) =))
Браво, пробај го, па ќе ни кажеш. (a2)
Ментата баш освежително мириса, јас имам масло од лаванда, ама не знаев дека и оваква примена има. (smile)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Природна козметика

Post by Petra » 08 Nov 2012, 16:27

Хахаха Дебора и јас знаев дека ќе пронајдам нешто. =)) =)) =)) (a2)
Ете маслата колку широка примена имале. (thumbup)
Ќе најдам и други и пишувам да не користиме само еден. ;-)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Природна козметика

Post by Petra » 13 Nov 2012, 16:00

Дезедорансов делува, ама изгледа сум го утнала рецептов. (laugh1) Пченкарен скроб не ќе да е густин. Мислам дека тоа е пченичен скроб, а ова би требало да е палента или брашно пченкарно. Инаку ефект има и со густин. (rad)

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Природна козметика

Post by happy cumulus » 13 Nov 2012, 17:47

Петра, супер што делува. А како го користиш, како антиперспирант или како парфем? Баш ме интересира. А како си ти инаку со жлездите?

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Природна козметика

Post by Petra » 14 Nov 2012, 22:34

Се користи под пазуви, се нанесува наместо антиперспирант. Тоа прашкаста смеса, па не може да се користи како парфем, туку после туширање се втрива.
Благодарам на прашањето Хепи кумулус. (a2) Има подобрување, но не се целосно исчезнати. Терапија сеуште примам.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Природни дезодоранси

Post by Debora » 10 Aug 2013, 14:22

Рецепт за дезодоранс (Петра и овој не ги затнува жлездите (smile) ) http://tvoebebe.com/UBAVINA/domasen-dezodorans

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Природни дезодоранси

Post by Petra » 02 Sep 2013, 11:02

Дебора, ме бендиса рецептов. Може да се стави ванила, или некое друга масло, зависи кој период од годината е. Многу малку имам кокос, кога ќе земам обавезно го правам. (rad)
Инаку минатитот месец, купив мало пакување рексона, не го потрошив цело и го оставив. Работам на висока температура, и секако потењето е зголемено. Мислејќи дека ќе биде поефективен се излажав и купив. Си викам само месецот додека се жештините. Нема врска дека ефектот беше подобар, траеше многу пократко и потта почна да ми мириса многу повеќе, дури повеќе и од ништо да не ставам. Па почеста хигиена на работа. (laugh1) (laugh1)
Баталив токсините, сега само сода бикарбона ставам. Ефект и до другиот ден, и не ги обелува алиштата. (joy)
Petra wrote: Мислам дека тоа е пченичен скроб, а ова би требало да е палента или брашно пченкарно

Еден интересен момент. Нели мислев дека се работи за палента и си го правам рецептот со палента. На работа мора да сме во бело. Ја гледам блузата под пазуви жолта. (confus) Следниот ден исто, и другиот ден пак. Се мијам си викам, што пот ќе е ова??? (confus) =))
Не е палента туку густи. (thumbup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Природни дезодоранси

Post by Debora » 02 Sep 2013, 12:35

Петра и јас сум многу пријатно изненадена од овој со кокосово масло (w1) , јас имав при рака масло од лаванда па ставив од него. Дефинитно батали токсините. (fr)

Одговори

Return to “Природна нега”