Природна нега на лице

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Природна нега на лице

Post by Debora » 20 Sep 2010, 12:05

Некои тврдат дека ако дневно се пијат по 8 чаши вода брчките ќе се намалат или ќе се забави нивното формирање. Некои велат дека тоа не е баш така и дека водата која ја пиеме има мало влијание врз хидратацијата на кожата. Имаше на сајтот една статија за дерматолог кој тврди дека за кожата е добра водата која се внесува со јадење на овошје и зеленчук, а не со пиење итн.
Што мислите вие? Сте пробале ли да пиете многу вода?
Ова е толку лесно да се прави, ама за жал за мене е пак во категоријата немукает, всушност мене не ми се пие многу вода. А не само за кожата, водата е потребна за сите функции во органзимот.

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Природна козметика

Post by anja » 22 Sep 2010, 12:23

Еве јас баш викендов почнав да си правам природни маски за чистење на лицето и против стареење, за помлада кожа. (sr) Со квасец и млеко, со грозје... итн.
А за водата имам слушнато дека кај секој различно делува. Некои ги дуе а на некои им годи. Па така сами ќе си проценат кои треба да пијат повеќе а кои помалку.
За помлада кожа лек е само помалку нервози и стрес. (thumbsup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Природна козметика

Post by Debora » 15 Oct 2010, 12:16

Маска за лице од мед

* 1 лажица мед измешајте ја со 2 лажици ситно мелени бадеми и половина лажица сок од лимон. Со оваа смеса исчистете го лицето, тријте нежно, а потоа измијте го со топла вода.

Маска за лице и коса од бадемово масло

Потребни состојки :

* 1 јајце
* 1 лажичка бадемово масло
* неколку капки свежо исцеден лимонов сок

Сите состојки добро се мешаат неколку минути, додека не се добие еднолична маса. Вака приготвената маска се нанесува на лицето и вратот и се остава да стои 15 минути. На крајот маската се отстранува со плакнење со ладна вода. Истата маска може да се користи и за нега на косата. Приготвената маска се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.

Пилинг за лице
Пченкарно брашно се меша со малку вода и се остава на лицето да се исуши. Потоа со кружни движења се трие лицето, па може да се стави некоја природна маска.

Маска за природен лифтинг

* Изматете белка од јајце со некоку капки сок од лимон, нанесете ја на лицето и нека делува 15 минути, а потоа измијте со млака вода и лицете намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни.

Mаска за коса од рицинусово масло

Потребни состојки :

* 1 жолчка од јајце
* 2 супени лажици рицинусово масло
* 1 супена лажица глицерин
* неколку капки свежо исцеден сок од лимон

Состојките добро се мешаат, се додека не се добие хомогена смеса. Добиената смеса се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.

Oреово масло

За нега на косата, маслото се нанесува на косата и кожата на главата, со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.

Гел за коса

Потребни состојки:

* 1 лажичка неароматизиран желатин
* 1 чаша млака вода

Растворете 1/2 до 1 лажичка неароматизиран желатин во 1 чаша млака вода. Чувајте ги во фрижидер и употребајте го како и купениот гел.

Регенератор

Потребни состојки:

* 1 жолчка од јајце
* 1/2 лажиче маслиново масло
* 3/4 шолја млака вода

Изматете ја жолчката, додадете маслиново масло и промешајте добро. Потоа додадете ја водата во мешавината со јајце и промешајте добро. Масирајте на чиста, влажна коса. Исплакнете со многу топла вода по околу 10 минути.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Природна козметика

Post by Debora » 15 Oct 2010, 12:41

Мене многу добра ми беше маската од глина во прав, ама ете не ја ставам веќе. (confus)
Исто така добра е и маска од квасец во прав. Природно средство, многу богато со витамини, а наместо тоа повеќе ставам готови хемикалии. (banging)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Природна козметика

Post by Kjara » 15 Oct 2010, 19:08

За лице сум слушнала убаво е да се измеша мед со сол и да се стави како маска. Иначе јас на косата пред миење ставам бадемово и рицинусово масло да ми стои саат време па после ја мијам. Тоа е мн убаво ја храни косата, коренот на влакното. А за сјај најдобро е со сок од лимон да се исплакне.
Што се однесува до тоа 8 чаши вода да се пијат дневно лекарите препорачуваат Водата да се Јаде а не да се Пие , односно како што кажа Дебора , вода да се внесува преку храната односно овошјето и зеленчукот.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Природна козметика

Post by Debora » 16 Oct 2010, 10:43

Мешаш бадемово и рицинусово масло? Од аптека ли се купува тоа?

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Природна козметика

Post by Kjara » 16 Oct 2010, 12:27

Не Дебора , јас во Веро ги купувам а веројатно ги има и во аптека и во поголемите маркети. Прво од едното ставам па од другото , му доага баш како мешање. Ми стојат саат време па два пати ја мијам косата со шампон и обавезно после тоа ставам маска . Доволно е еднаш неделно или еднаш во две недели, зависи од косата. Маска ставам после секое миење ради сјај.

caci19
Нов член
Нов член
Мислења: 19
Придружен: 08 Jul 2012, 17:32

Re: Природна козметика

Post by caci19 » 14 Jul 2012, 16:38

ako vi treba bilo sto, nekakva maska, piling ili bilo sto drugo za vasata koza, kazete mi, jas ke vi napisam, imam doma nekolku knigi za prirodna kozmetika... pa mozebi bas toa ke vi pomogne (a2)

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Природна козметика

Post by Fiona » 14 Jul 2012, 17:12

caci19 дали има нешто во твоите книгички за убава и долга коса?? (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Природна козметика

Post by Debora » 07 Aug 2013, 15:20

Паста за заби без флуорид, помага за отстранување на дамки од забите: се меша еднаква количина на сода бикарбона (ја има во многу пасти за заби) и кокосово масло, по желба може да се капне масло од мента (ама мора да биде food grade) и кој сака сладок вкус може да додаде стевиа. Се чува во стаклен сад со капак.
Некои викаат да не се користи почесто од 2 пати неделно (заради мехаичкото стругање на забите со кристалите сода), други викаат дека поагресивни се абразивните пасти за заби, а и секако содата е составен дел на многу пасти... важно е да не се пртиска многу кога се мијат забите за да не се оштети глеѓта со стругањето.

Одговори

Return to “Природна нега”