Проблеми со хранењето на бебе

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by saska075 » 22 Oct 2014, 16:46

Фала ти Среќна на советите. И денес иста песна е. После ќе одам да купам некоја кашичка да пробаме да видиме како ќе биде, и ќе земам друго АД - Нан малечко пакување да не е до млекото. Сега гледав и на интернет може и од Хипп Baby First Pap и ноќната кашика со јаболко да ги пробаме дали ќе ги јаде. Сите се од 4+ а ние имаме скоро 5 па се надевам не е рано. Ќе ве известам за некој ден како пројдовме

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by Радост » 23 Oct 2014, 11:07

Јас Сашка ја советувам, а излезе и мојата крофна да забушава. Веројатно и нејзе и е некоја фаза со адаптираното, она денското го пие онака околу 120 мл, а со останатите две изведува овие неколку дена. Ако е заспана ги пие без проблем, ако е будна и по 50 мл ќе испие и го бутка шишето. (ner) Па на рати пие млеко. Не ни помислив дека ние некогаш ќе се молиме за млеко :) ама ќе помине и ова.
Со зеленчукот исто мака мачевме три недели, исто на големо изненадување зошто него го јадеше од самиот почеток многу повеќе ама ете од вчера се стабилизира ... да видиме до кога.

Сашка пробај со кашички по поплека, можеби не е бебуш што е по млекото толку многу, па комбинираната исхрана повеќе ќе и годи.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by Радост » 08 Dec 2014, 17:48

И тоа го доживеав. Нема јадено цел ден. Плаче и не отвара уста. Пак веројатно два заба одеднаш ќе и излегуваат и ја боли. Не сум научена да не јаде. За плачење нервоза и малтретирањето ако, само да јаде.

Па да ве прашам за да бидам спремна. Колку дена ќе потрае? Да и давам само млеко и чај за да не е гладна? Дека млекото макар пола го пие.

Вака се старее.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by Sashka » 08 Dec 2014, 19:28

Ах мила Радост, некако истите маки не снаоѓаат, ама теши се барем дека не е постојано нејадењето. Од пред три месеци мака мачиме, таман ќе излезе некое забче ќе почне да јаде и по недела две одново иста песна. Живци искинав и за џабе е и никако да ми дојде паметот да не се нервирам, кога нема мака си јаде, кога има не јаде и тоа е.
Речиси цел месец ми беше на млеко, леб (што не сакам да и го давам ама ако види нема шанси да не и дадам ) и по некое суво овошје за да си џвака и евентуално мело парченце јаболко. Лажиче не сакаше да види. Давај и го млекото да си го пие, кога ќе и порасне забчето пак ќе си пројаде, секако нуди ја цело време да јаде, ама не се нервирај оти нема фајде. Кај нас траеше цел месец тој период, ама и два пати беше со растечено и затнато носе па мислам дека тоа го развлече и периодот на нејадење. И сега се молиме, приметувам дека веќе не ја сака кашестата структура, повеќе сака ранење со рака отколку лажиче, а заљубена е во тестенини, тарана, јувки и сл.
Гушки до мама и тортето и да не се нервираш, нема да и трае долг период ова штом претходно си лапкаше со мерак (a2)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by Радост » 09 Dec 2014, 01:03

Секогаш си ми била утеха! Фала ти што и овој пат ме смири. (big-hug) (big-hug)
Изеде две мандарини вечерва, па така ќе се тешам додека не помине. Ме фати неспремна дека имаше она неколку штрајка до сега ама со помалку јадење или без зеленчук ама не вака цел ден да ми затвара уста. (ner)

Имаш право, тешко е ама мора да престанам да паничам, секакви денови има. :)


Фала ти уште еднаш. Дупла гушка за принцезата! (big-hug)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Проблеми со хранењето на бебе

Post by Tina9 » 12 Dec 2014, 09:31

Значи секоја мајка е иста кога се работи за нејадењето. И мене ме фаќа паника кога не ми јаде и многу се нервирам, ама тоа е. Сигурно од запчињата, набабрени непцата сигурно многу болат. И ние кога сме болни не ни се јаде. Јас последно кога не јадеше „спас“ најдов во лаптопот, што е многу лошо. Очајна бев што не јадеше и и пуштав супер симпл сонгс и гледаше и јадеше, дури и повеќе бараше, викаше да и давам и се радуваше (rolll) . Ама излезе запчето и и го скратив компјутерот. Нема јадење со компјутер. Без разлика колку малку или многу ќе јаде.
Ќе почне пак да јаде. Обично кога ќе пукне непцето им олеснува и се стабилизираат. Тоа е, мора да издржиме. (big-hug) и бакнеж за принцезата од мојата принцеза. Се научи конечно да дава бакнеж (lovet)

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”