Адаптирано млеко како дохрана со доење

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 891 пати

Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by ripcence » 08 Jul 2014, 23:10

Ваква тема мислам дека немаме, а имавме и имаме мамички што комбинираат АД млеко со доење.

Мислам дека на А моето млеко му е малку. (sad1)
Веќе 4 дена ми е на секои 15мин. закачен на града, не дека ми е тешко да го дојам, ама детето е нервозно, цел ден кенка, ќе го ставам да цица се смирува. Не е тоа само колку да осети дека сум до него туку баш влече-цица, преку ден и не спие мирно-ќе задреме 15-20мин и се буди да цица. Веќе почнаа и брадавиците да ме болат, а незнам веќе што да направам, цел ден пијам чај за доилки, јадам, се само за повеќе и поквалитетно млеко. Градите ги осеќам меки, неможе да се собере млеко од што често цица.
Килажата како показател до сега беше добра, ама пак пелените кои треба да бидат барем 5 убаво тешки кај него не се.

Сакам да почнам да му давам по 2-3 пати во денот адаптирано, незнам што да правам? (confus)
Очајно ми треба совет, што да правам, какво млеко да купам уште не сум купила никакво (ми го препорачаа Хип комбиотик ) , како да му го давам, на колку време?
Целата сум во прашалници (confus)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Радост » 08 Jul 2014, 23:57

Првиот поголем скок во развој е околу третиот месец и тогаш бебињата имаат многу поголема потреба од млеко зошто интензивно растат. Сестра ми со второто дете беше исти случај, како закачалка и беше на цицка обосен и она некои две недели му даваше по 2 пати адаптирано. Помина тој скок во развој и си се вратија пак само на доење зошто реално и ти имаш доволно млеко, а ова е само фаза што ќе помине. Кај нас тој скок траеше точно 5 дена и мислам дека не полуде од што јас немав начин како да ја смирам зошто не доев, а адптирано повеќе не смеев да и давам од тоа што пиеше. Како преку ноќ се нормализира и не плачеше за повеќе кога и го тргав шишето.

Јас не сум многу репер за конкретен совет ама се надевам дека ти помогнав да почекаш уште 2-3 дена и ако не се нормализира само за ноќе да му даваш АД, мое мислење не повеќе од 120 мл. Ние со Комбиотикот имавме лошо искуство зошто многу повраќање и за изненадување не какаше. Сашка мислам дека има позитивно искуство со него. Впрочем јас ги поминав скоро сите млека и само Аптамил и понасаше. Совет мој ти е во никој случај Нан да не даваш, а искрено се надевам дека нема да имате потреба.

Ти најдобро си го знаеш детето и ако има потреба одлучи за да не биде гладен. Да го гушнеш од нас и уживајте во одморот. (big-hug)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Crnokosaa » 09 Jul 2014, 00:01

Jas iskreno da ti kazam neznam ni sama kako mi pominaa prvite 5 meseci . Znaci G od pocetok celo vreme na sekoi 10 min cicase I placese I kemkase I neznam sho uste,
Znaci trpev trpev , spienje neznev sho e, go doev I placev, gradite meki toj uporno cica pa se trga pa pak isto, mleko mislev ic nema probuvav so pumpica da se molzam nisto nemase, a koga ke stegnev po mqlku prskase, I taka celo vreme zatvorena so nego v soba na sekoi 10 min ...
Krizi neznam kplku I sekogas najmnogu navecer zasto stanuvase na pola saat I si mislev od utre adaptirano I dr den nosto, taka sto pati ednas kupiv mu dadov ne go ni dopre ic ne go sakase I odma go frliv ..
Se trudev se macev, bitno mi bese gledav deka kaka I mocka redovno, znaci po mpckanjeto go gledav I se tesev deka ne e dehidrirano a znaci ni kapka voda I caj do 6 mes mi nemav dadeno.
Mi pomogna doktorkata Julija na facebook od grupata Soba za Doenje . Vidi konsultiraj se taa ke ti dade sovet sho da pravis.


(a2)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Crnokosaa » 09 Jul 2014, 00:08

I Da znaci ne izbrzuvaj mozno e da e period, mozi I skok vo razvoj, izdrzi uste nekoj den da vidis kako ke bidi ....

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 891 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by ripcence » 09 Jul 2014, 00:29

Фала ви девојки (big-hug) за вас и бебчињата

Помислив и јас на скокот во развој, затоа и пишав да не биде тоа редовен оброк туку 2-3 пати колку да си олесниме и двајцата, па потоа можеме и да си се вратиме на постојано цицање-како ќе сака тој.
Ќе видам како ќе се понаша и утре, искрено многу е тешко па ивремево пеколно, цел ден сум само по прслук, се потиме и двајцата еден до друг (ner)

(l2)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Радост » 09 Jul 2014, 02:06

Ако одлучиш да се обидете и ако му даваш по два три пати нека биде по 60мл, како дополнување за да те олабави. Адаптираното се дава со растојание минимум од 3 саати.

(big-hug)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 09 Jul 2014, 10:40

Како прво, градите не треба да бидат цврсти, треба да бидат меки тоа е нормално и не значи дека немаш млеко. Лактацијата се воспоставува во првите 6-12 недели, во тој период градите се цврсти и полни. После тоа се стабилизираат хоржоните и се водпоставува режим според побарувачката. Меки гради не значи дека немаш млеко!!!
Сметам дека адаптирано не се дава на своја рака. Педијатар треба да процени дали има потреба и како и колку ќе дозираш. Со внесување адаптирано го загрозуваш цицањето. И адаптирано не е магично решение за плачливо бебе, тек тука можеш да имаш мака со нетолерантнист и потенцијални алергии и проблеми со варење...

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Crnokosaa » 09 Jul 2014, 11:16

Potpolno se soglasuvam so Miki ! :)

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by anabejbi » 09 Jul 2014, 11:33

Potpolno se soglasuvam i jas so Miki. Kolku pati I jas pomisluvav vo tie teski momento na AD mleko no uspevav nekako, znam kolku ti e macno sega no ke pomine za nekoj den. A za pelenite I na M. Ne mu se polni, se potat sega pa poradi toa. Golema guska za A. I da ne ja nervira mama.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 891 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by ripcence » 11 Jul 2014, 00:32

Благодарам за споделените совети (big-hug)
Бебушов мааалку е подобар (smile) (почнувам да се прашувам зошто и прслуков го носам) (rolll)

Инаку кога пишав меки гради не мислев на меки на допир (smile) , мислев на тоа дека додека го дојам (од што по незнам колку пати веќе цица) го нема она надоаѓање на млеко, кога ќе се стврднат во текот на цицањето и кога слободно си тече млекце. Не барам јас решение за плачливо бебе, барам решение за гладно бебе (барем мене така ми изгледа) бидејќи не плаче од болка, нема грчеви, тој сака да цица.

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”