http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... 41AF6032E1Miki wrote:После 3,5 милиони години еволуција, фармација со 25 годишно искуство, не може да ме убеди дека има било што подобро од мајчино и само мајчино млеко.
Не мислам дека деца пораснати на адаптирано нема да израснат здрави и прави. И настрана квалитетот, адаптирано е неспоредливо потешко, покомлицирано, помачно и поскапо за користење.
Не ги осудувам мајките кои користат адаптирано, ама ужасно ме нервираат стручните лица кои од незнаење и неинформираност ги доведуваат мајките во ваква ситуација непотребно.
Ако навистина бебето е гладно, постојат мерки и техники да се подобри цицањето кои прво мораат да се пробаат, ама никој од нив не се замара ...само бутни адаптирано за да се задоволат со бројката на вагата (која најчесто исто така не знаат да ја толкуваат).
Исто не се сложувам дека треба да се гледа на саат пред да се нахрани бебето. Цицањето е толку природен процес што си функцонирал и пред ние паметните да измислиме саат или формула...ама тоа е друга тема.
Точно за ова зборев.
"Не постои мајка што нема млеко или која нема квалитетно млеко, неквалитетно млеко е најдено само кај жените што умираат од глад!"
Поразително,23% за разлика од Шведска и Норвешка 60% !!! И како да се објасни ова освен со лоша едукација. Многу се нервирам, секој втор се научил "слабо ти е млекото", "плаче, гладно е", "немаш млеко".
Со секоја почит кон мајките кои решиле самите дека не сакаат да дојат, тоа не е зло. Ама оние што се исфрустрирани што не дојат, а други им даваат вакви погрешни совети треба да го прочитаат текстов.